Ти треба извештај или од трансфузиолог, или од спец. гинеколог од јавно здравство со упат од матичен гинеколог. Значи, кај кој сакаш од овие можеш да земеш извештај, само фискалната сметка со сметкопотврда за Фраксипаринот да не биде со датумот порано од извештајот, за да ти покрие Фондот, а покрива 70% од платениот износ. Потоа земаш потврда од матичен гинеколог или општ матичен, или пак од болницата каде што те боцкале дека си ги примила инекциите со датуми кога си се боцкала, хронолошки се пополнува потврдата и оригиналите ги поднесуваш во ФЗОМ.
Сигурно се тие и јас ги ставав по трансфер он не знаеше во која форма т.е име да ги барам и ги најдов како Климара и он ми рече супер да знам да ги препорачувам на други пациентки..
@Acka22 За боцкање можеш да си отвориш историја и во болница, се разбира доколку одиш да се боцкаш таму и со тоа имаш доказ за во Фондот. Ако се боцкаш сама, барај потврда од матичен.
Да ме боцкаат во болница секој ден одам таму,значи историјата ја приложувам,фискална со сметкопотврда и извештајот така ли
Да се надоврзам и јас на ова бидејќи и мене ми треба и да не се повторувам.Бидејќи сама се боцкам ќе си побарам потврда ? Или нешто во што треба да бележам?
Јас кога бев да понесам во фондот,отидов со следнава документација: извештај од ремедика, потврда од матичниот гинеколог,и сметките со сметопотврди за фраксипаринот,и ми рекоа неможе,затоа што извештајот ми е од приватна клиника,мора извештај од трансфузиолог со датум пред да почнам да се боцкам,и датум пред да ги земам. Чисто да си знаете. Така да сега за овој трансфер,со време ќе си спремам со извештај од трансфузија.
Матичниот знае и има таква потврда за апликација на лек, само ги пополнуваат и ставаат потпис и печат, ако сака да ти заврши работа, ќе ти даде сигурно, објасни дека сама се боцкаш заради постапката, за да не се движиш многу и не би требало да има проблем. Инаку, потврдата е за месец, не може повеќе, пред крај на тековниот месец за следниот одиш и пак си земаш извештај и се’ останато исто. Ова ако треба да продолжиш со боцкање, дај Боже да биде успешен обидот, па за во бременост да боцкаш.
Оо многу информации ми дојдоа сега .Мене клексанот ми го пиша Ивановски.Во ремедика трансфузиологот ми ги потврди и си купив 10 комада.Е сега матичнава ме закажа на трансфузиологија на клиника дури на 14.11. До тогаш ќе купувам сама ок но после за тамо со извештај од Ивановски така? И нема да ми направат проблем ќе ми пишат и со тоа после од тој датум земам клексани.И така секој месец треба да си одам .
Ти треба извештај од трансфузиолог, потврда од амбуланта за примени инекции ,сметки и сметкопотврди за купени инекции. За проблем дали ќе ти направат не знам, некогаш се фини, некогаш не а да ќевти треба за на трансфузиологија извештајот од систина. А инекции купи истиот ден.
Мене во фонд на шалтер ми рекоа дека не признаваат со извештај од приватна болница, и дека датумот на извешрајот од трансфузиологија,мора да биде пред купувањето на фраксипаринот.
Тие 10 нема да ти ги признаат од приватна. На 14.11 добиваш извештај од трансфузиолог од државна колку треба да примаш пр.30 дена, одма на тој датум купуваш за фискалната да ти се совпадне со датумот на извештајот (не мора сите, може 10+10+10_ама чуваш фискални).
Девојчиња, фоликулот конечно порасна во петокот, вчера правевме пункција, имаше јајце клетка. За жал немаше оплодување. Продолжувам напред до целта!