1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    201 глас(а)
    11,7%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    36 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    99 глас(а)
    5,7%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,4%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    314 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    280 глас(а)
    16,2%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    57 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Дај кажете каде е тој штркот што носи јк да го фатам за гуша, пак празни фоликули ми донел. :@:@:@
    Добрата вест е што овој пат имам два фоликула наместо еден :clap:
    Следниот пат ќе имам 4 фоликула и 2 јк така да знаете. Фала многу пријатно:bow:
    П.С правев рејувинација на јајници за успешноста ќе ви кажам после месец, два.
     
    На Spiritus, kukla21, stevemila и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.750
    Допаѓања:
    176.019
    Пол:
    Женски
    Каде правеше рејувенација,кога правеше ? Нели се прави рејувенација стрикно ден после завршување на циклусот ? Мене така ми кажаа во Ремедика.
    Раскажи малку како одеше постапката ,колку плати ...
     
  3. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Во Њу Борн ја правев денеска заедно со пункција. Не знам дали е баш стриктно ден по завршувањето ама кај мене горе долу така се поклопи ден два по завршување (вчера ми беше последниот крвав исцедок од циклусот). Цената е околу 25-26000 (мм плаќаше јас не ја видов точната сума). Др. Тања ми ја правеше и рече дека едниот јајник е готово отиден скроз во аут и не примал крв ама десниот од рејувинацијата ми е направен до совршенство.
     
    На stevemila, Martka, bokiroki и 8 други им се допаѓа ова.
  4. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Некој на наши години прават усни и ставаат гради, подмладуваат кожа, ние јајници :rofl::rofl::rofl:
    Морее, само да вроди со плод, што треба, тоа (y):l:
     
    На stevemila, aleksandra99, Momichka и 12 други им се допаѓа ова.
  5. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, одамна не сум пишала ништо. Зборите за рејувенација на јајници, па ајде да го споделам моето искуство. Правев во Ремедика минатата година, мислам ноември беше. Ви земаат крв, ја обработуваат и додека сте под анестезија ја вбризгуваат во јајниците. Се прави веднаш по завршување на циклусот. Се прави пауза од месец или два и се оди со инвитро. Кај мене оваа постапка беше успешна и веќе сум 38 недела. Јас ја правев зашто АМХ ми беше многу низок, мислам 0.01. Како метод не е инвазивен, а досега кај некои пациентки се покажал како успешен. На сите ви посакувам што поскоро да видите двете цртки.
     
    На 5678m, Marelica, Mihaela123456 и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Остави ги нив тие не слушнале дека убавината доаѓа одвнатре :rofl::rofl:
     
    На TeddyGrey, srekice, eta и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Srna 16

    Srna 16 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2016
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Дали е исто ПРП методата и рејувенација на јајници и дали се прави со анестезија. Јас правев ПРП метода ми земаа крв ја обработија и ја вбризуваат во матката ама не ја правев со анестезија и ја правев на 11 ден од циклус и бев веќе почната со стимулации за инвитро кога ја правев и затоа сега не ми е јасно дали е исто со рејувенација на јајници
     
    На tina2018, stevemila и Queen8 им се допаѓа ова.
  8. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    @Srna 16 претпоставувам дека ти си правела метода за ,,подмладување" на матката.
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.715
    Пол:
    Женски
    Tоа е друга метода, за подмладување и освежување на матката, а дали имаше некој ефект кај тебе?
     
    На Aleksandra9999 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Рејувинација и ПРП е исто. Знам дека постои ПРП на ендометриум и на јајници и се прави со анестезија зошто е многу болно а за ПРП на матка онака општо прв пат слушам јас.
     
    Последна измена: 31 октомври 2018
    На Софија 88 и EdnoBiserce им се допаѓа ова.
  11. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека боли и треба со анестезии ве молам да не ширите дезинформации ако немате искуства лични( зборам за прп на ендометриумот) ...Од мое лично искуство ќе кажам, имам пишувано за ПРП на ендометриум али еве ке кажам пак, се прави на следниов начин зимаат крв од вена, ја обработуваат и по пола саат ја вракаат во матката...и воопшто не боли не се осеќа ништо, и нема потреба од никакви анестезии..
     
    Последна измена: 31 октомври 2018
  12. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Како бе вака се дрзнувате ? Сериозно!
    Не читаш претходно што пишав ?
    Докторката моја ќеиф и беше па ми стави анестезија онака за забава а пункција минатиот пат без анестезија ми правеше.
    Почитувам сечие мислење ама да напаѓате од типот "кога немате лично искуство" не ви е ама воопшто на место и навредливо е!
     
    На stevemila и EdnoBiserce им се допаѓа ова.
  13. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Ама како бе?!! Па стварно, тебе ич не ти е јасно изгледа дека овде одредени личности се репер и правило за се и сешто околу тематикава. Така е и никако поинаку!!! Ти и јас можеме само дезинформации да даваме.
    Требаше@Софија 88 да ја прашаш пред да правиш. Уствари, требаше она телефонски да и каже на докторката како да ја направи за да немаш болки..вака стварно само дезинформации шириш. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    И форумов е да добиеш мислење од НЕКОГО, не да дадеш..ццц, ништо не си сконтала!!:x
     
    На Ана на мама му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Точно се дрзнам зошто знам точно што напиша, си пишала рејувенација на јајници си правела со анестезија и малку погоре пишуваш за прп на ендометриум дека со анестезија се прави , а тоа се две различни работи... ете токму од таа причина од лично мое искуство, а не за твоето..да си правела само на ендометриум друга ќе била прикаската, ...затоа нема потреба да се шират дезинформации...

    Мила те молам не се мешај кога она правела една постапка а јас друга и она кажува општо и за двете постапки дека исти се...не трчајте пред да прочитате за што се работи и кој е во право , јас од лично искуство зборам за постапката јас што ја правев, а не таа нејзината на јајници.. ке ти објаснам детално каде она згреши а ти нападна без потреба ко сестра да си и, али во порака тука никој не е должен да чита негативни луге и караници, а најмалку дезинформации!
     
    Последна измена од модератор: 31 октомври 2018
  15. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Членки знам не е темата за овде но морам да пишам бев нападната во лична порака од поновите членки дека сум била дрска, арогантна и сум се карала со вас неколку дена, ве молам да пише која од вас добила таков третман од мене...јас напротив секогаш споделувам искуства, помагам, знаат членки тука и сум помагала со терапија, витамини ... Meckicka и ти си споменета дека со тебе сум се карала кога такво нешто се десило откако сум член овде, те молам пиши и на членката во страшна заблуда е..А и сите стари членки сме нападнати сме се однесувале ко своина да ни бил форумов...се срамам понекогаш кога морам да се објаснувам во оваа тема за вакви работи како малце маки да имаме, срамота! Треба според нив да престанеме искуства да кажуваме инаку паметни за нив сме се правеле... Извинете на постот знам не е за овде ако сакате избришете го но морав да се оградам за направдата!
     
    Последна измена: 31 октомври 2018
  16. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum se karala so tebe a ovie metodi realno jas veke ne gi ni znam oti zivotot me odnese vo druga nasoka veke
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Ако некој може интраутерално да поднесе 10тина боцкања јас му оддавам почит. Јас и др. очигледно сме плачки па се анестезираме, штета не сме знаеле како треба :D

    https://www.prpinjectionmd.com/platelet-rich-plasma-infertility-treatments/amp/

    Тука застанувам, не е нити вкусно нити достоинствено нити женствено да правиме "вашар" од темава.

    Секое добро, многу среќа и со успех во твојата постапка.
     
  18. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Нели и јас и реков не сваќам од каде тоа јас и ти во конфротација, караница или сл.али ајде тоа е сега и разјасни и ти .. така е терај ти сега со бебуш гали си меше ❤
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Neznam stvarno nez od kade toa nesto
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srna 16

    Srna 16 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2016
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Јас правев ПРП и понеколку дена правев пункција од 6 јајце клетки 3 беа веќе пукнати на денот на пункција како се случило тоа да пукнат ни на докторот не му беше јасно ми вика затоа ти дадов одма да примиш цетротиде инекции ( ги примав два дена пред стоп инекцијата) вика ќе си помислев дека не си ја примила и стоп инекцијата , 2 беа празни и 1 беше за оплодување и не се оплоди и немаше трансфер, така да незнам што да ти кажам за ПРП методата доколку беше се во ред и имаше трансфер дали ќе имаше ефект
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.