Да прашам какви се шансите на природен циклус има ли некоја што правела се оплодила ли јајце клетката и само да не е празна Фала мила многу на помошта ми требаше мислење од некој што ја има примено поткожно.Ако закасниш со инекцијата 3минути да ја примиш покасно има ли некаква врска Мене ми дадоа само една инекција еден прашак и една водичка како што си е во паковката може затоа што е на природен циклус и има една јајце клетка,за инф класично примав две инекции
Не е страшно ама гледај да не касниш. Мене често ми била закажана во незгодно време пример 2.30-3ч по полноќ. Стани си навреме, спреми ја инекцијата и чекај го точното време за апликација. Среќно! 2 пати имам правено на природен циклус. Двата пати имав јајце клетка. Првиот пат се оплоди и останав бремена, за жал заврши со спонтан во 12та недела. Вториот пат не се оплоди, тоа беше минатиот месец. Да напоменам дека сме со машки фактор. Иначе јас имам 36год. П.с. и понатаму продолжувам на природен циклус. Тоа е мојата добитна комбинација, ЗНАМ!
И ние сме со мм фактор ... во очекување на ваучер па да видиме дали на природен циклус ќе може да не случајно знаете колку чини макар и приватно ?
Како се прави на природен циклус може секој месец или треба пауза ти примаше нешто терапија кога правиш на природен циклус.Јас минатиот месец правев инвитро на 18.10 правев пункција ама немаше трансфер.Чекав да добијам и да одам на контрола и тогаш го прашав докторот дали може сега на природен циклус и така идпадна и вчера примив само 1фостимон и 1 цетротиде и денеска само 1 цетротиде и вечерва стоп инекцијата друго ништо нр сум примала,јас и за овие незнаев дека ќе ги примам сега малку ми е страв да не штетно зошто тие се јаки инекции пошто не направив пауза одма штом добив на природен циклус пошто минатиот месец со инвитрото примав многу инекции дури си докупував ги надминав дозволените 30 инекции
Ако ти рекле изричито мускулно зошто тука прашуваш ? Сфати ме најдобронамерно, колку и да немаш кој да те однесе организирај се подобро, такси, некој роднина, другарка. Секој случај тука е засебна приказна, не може да се водиме "како први така други". Јас не би да те разочарувам ама јас имам две пункции на скоро природен циклус ( пијам само таблети Летрасан кој се води како полесен стимулант) и засега немам успех. Ако си помлада, ако сте со машки фактор, ако имаш уредни циклуси немаш место за паника дека не би можело да биде.
Две инекции се ништо во споредба со комплетната стимулација за долг протокол, исто како да си примила со стимулациите, уште плус две инекции, не го размислувај тоа, опушти се и размислувај позитивно, секогаш има шанси за успех, па и на природен циклус нормално. Ти посакувам успех! Зависи во која клиника, во Систина околу 49.000 ден., пункција и трансфер, ако ставаат некоја инекција дополнително, може и нешто плус да се доплати, некои 2-3000 ден.
Мислите ли дека ние со инвитрото сме малце позаштитени од генетски абнормалности или аномалии на плодот, во смисол при одбирање на квалитетни ембриони за трансфер? знам, можеби звучи глупаво, сигурно на друг начин се бираат и под квалитетен ембрион може друго да се подразбира ама на мисла сум, почнува ептен да ме мава на психа,можам да замислам каква ќе бидам на првите испитувања
би сакала да споделите мислење од која клиника сте задоволни за инвитро плодност битола и од кој доктор или систина лазаревски?
Дали ке Ви би биде тешко да бидете попрецизни со формулисање на прашањето, некако збунива вака дадено.
нема ништо збунувачко бевме веке на инвитро во ремедика но не сме задоволни сега се двоумеме помеѓу др лазаревски од систина и плодност битола
Аха, сега разбирам, јас лошо сум прочитала и лошо сум го протолкувала, се извинувам. (Професионална деформација - штом на наставничка не и пишеш точна интерпункција одма се губи у простор ). Простете уште еднаш. Не знам што да Ви одговоран бидејки јас сум ви Ре-Медика, но наназад низ темава имаше многу и мислења и полемики токму за тоа прашање.
не сум задоволна воопшто цела година ме врткат од врата на врата идам на преглед па се брзале зборат на телефон и ми пишуват терапија као демек све океј после на крај све најлошо испадна
Ајде релакс малку, одбран добар сперматозоид одбрана добра јк проверени од папочна врвка до пломби за заби, што лошо може да се деси ? Ние уште пред ивф сме испитани и излечени од сите можни проблеми (инфекции, бактерии, крв) ама воопшто немаш место за мислење. Уживај и гали меше таму Јас го добив најдобриот одговор од мојот матичен на тоа прашање. Ми рече "ивф ќе правиш кај доктор што најмногу ќе покаже внимание за тебе". Јас се прошетав по клиникиве како манекенка Таше ме гледаше како банкомат, ми "шиткаше" јк и сперма. Димитров, од сам старт ми кажа "Јас немам што да работам со тебе". Трајковски проба се откажа, полесно му беше да ме прати на донаторски јк. Е сега Гружанова води војна со мене. Инаку јас немав фоликули, а со Гружанова три пати правам пункција се заинтрересира, се заинати ми погоди терапија и сега чекаме резултати
И јас воопшто не сум задоволна од Ремедика. Таму бев на операција на миом, биопсија на цервикс, хистероскопија со скречинг и две неуспешни ин витра. Се чуствував како на фабричка лента, срам да им е, само профитот им е во умот. Добро е штом си нашла доктор кој се заинтересирал за твојот случај и во кој имаш потполна доверба. Тоа е најбитниот чекор кој води до успех. Со срека
Za mene najdobar Dr e toj sto mi pomogna uste malku da drzam dete vo racete Dr trajkovski a I za drugite sto uspeale kaj odreden Dr konkretno za ovie Dr jas ne sum ic zadovolna ama imaat I oni uspesni ivf taka da najarno .odi vidi si koj ke ti ostave najdobar vpecatok ostani kaj toj Dr
Околу 50000ден. Само пункција 10600ден. Ова е во систина Обично после стимулиран циклус се прави пауза од 1 месец. Бидејќи последното ивф не стигнав до трансфер, продолживме веднаш на природен. И искрено помалку стресно ми е со природниот циклус, ептен сум релакс
Мила, релакс само, без потреба се грижиме, ништо не зависи од нас, тоа е исто ко да не врне дожд, а ние носиме чадор. Те гушкам! hug: