Пораката пак ја пуштам, се загуби во честитките. Честитки на сите Ако некој знае нека пише, фала многу.
@Flower123123 Цетротиде и Оргалутран се апсолутно исти по состав . И јас ги барав Оргалутран по Грција ,ги немаше . Бугарија исто ги нема . Ми имаа кажано дека во Косово ги има ,но јас не ги најдов . За да после Ивановски ми каже дека е апсолутно се исто кој од овие ќе ги земеме . Претпоставувам дека Трајковски ти ги има препишано . Зборни и со него , нека ти каже и тој вреди ли да се мачиш да ги бараш . @Желба и мм ми го предложи истото што ти ми го пиша. Имам јас два резултати каде АМХ ми е добро ( едно е 1,4 ,другото е 1,35 ) . И двата резултати се од пред 2-3 месеци . Но одлучив да направам уште едно денес . Ако недај боже излезе пониско тогаш ќе ги пратам претходните два со таква молба . Сега ако може некоја членка да ми каже . Дали ова дополнително испитување може да го пратам од мојот град или мора во Скопје да се носи . И да ми кажете каде точно се наоѓа . Мора ли лично јас во Скопје да го доставам ,или може да пуштам друг ? Честитки до новите трудници Нека продолжи инвазијата
Од твојот град ќе пратиш, на истото место каде што си ги подала и другите документи. Ако сакаш да идеш до Скопје институцијата е на Рекорд, позади Мајка Тереза
Може и од твојот град да го пуштиш. Мене од фондот за здраство во мојот град ми рекоа да си го пратам преку пошта во препорачано писмо.
Devojki znaete li dr Adamova vo centarot za dijabet ili na Endokrinologija koga e, koi denovi? Trebase denes da odam, taka bevme dogovoreni. Da gi zemam rezultatite pa da se vidam so nea ja zamoliv. Ama nemozev da odam. Malata mi e mnogu bolna
На мене во подрачната служба на ФЗО кај нас не сакаа да ми ги примат дополнителните документи кои морав накнадно да ги доставам туку мора самата да ги носам или пак препорачано да ги испратам до ФЗО во Скопје , а на пликото да назначсм дека е до комисија за БПО. Ова е мое искуство, до сега имам така правено 3 пати, претпоставувам дека е така и за другите градови и дека барем малку ти помогнав во твојата дилема.
Девојки бидна денеска и мојата пункција на природен циклус,чекаме до утре и држиме среќа да се оплоди јајце клетката. Правев пункција без анестезија зошто беше една,докторката ме гледаше на ехо и потоа ја вади јајце клетката малку ме плаши тоа што кога ја прашав докторката како е рече дека не е сјајна јајце клетката ама ке видиме што ќе кажат ембриолозите,(незнам по што заклучи дека не е сјајна кога ни ембриологот не можеше ништо да каже зашто е рано што и да се каже)откако помина пункцијата кога дојде ембриологот јас прашав како е ми рече утре ќе знаеме сега е неможе ништо за се каже важно имаме јајце клетка и одличен матрејал на сопругот па да се надеваме и утре ќе ви се јавиме
Најчесто за не е идеална ја кажуваат ради неправилната топчеста форма, ама тоа не значи ништо се додека ембриолозите не ја видат самата клетка без обвивка. Јас имам сега еден таков фоликул ама мојот е ептен нерамномерен круг и др ми рече дека не ја бива. Ти посакувам успех и две цртки
Во петокот кога ме гледаше на ехо и се договаравме за денеска за пункција рече добра е си расте и затоа се зачудив денеска кога така ми рече.Колку треба да биде голема за пункција за да се закаже?
Од 18-21се движи големината. Ама нема правило, не се секирај тоа не е веродостоен показател за квалитет на јк. Убаво ти кажала докторката ембриолозите ќе кажат најточно. Некогаш и најдобрата јк од разни причини нема да се оплоди, а некогаш и наизглед лоша клетка се оплодува и од неа дури може да излезат две ѕверчиња