Убавини!!! Со лесно, мило, и имај си убава бременост, те благословил дедо Бог, но за нас повекето што си се тешиме овде во темава не бил толку дарежлив па да е до опуштањето само. Но, таа тема воопшто не ти треба во мигов, уживкај си и бакни ни ги двете ангелчиња, милички душички.
Девојки во неделата го испив последното апче од микрогинонот а во меѓувреме една недела се боцкам со суперфакт.Сакам да прашам после колку денови добивте,колку ви траеше,што чувствувавте и количински колку добивте мензис.Се осеќам многу плодна ќе ми излезат фоликуливе.Ми тече доле безбоен секрет.Не знам дали е за добивање или...да не се замарам многу со главава.Иначе сум на долг протокол.❤❤❤Фала ви
Душичка јас сум со наредново ивф со терапија интралипидна па ќе ти пишам искуство.Од сите испитувања се испостави дека спонтаните ми биле предизвикани т.е. организмот го препознава плодот како страно тело и го исфрла.Секое добро
@facule @hub честитки на двете, ви посакувам убава и лесна бременост Добив вториот-третиот ден откако го испив последното апче. Ми траеше кратко и немав крвавење некое обилно, само кафеаво. Со лесно постапката да оди и со среќа, успешно да биде!
Честитки мила имај си лесна и школска бременост Честитки ти посакувам лесна и школска бременост За жал не уепеав ни овој пат не се оплоди јајце клетката,овоа ми беше првпат на природен циклус искрено многу се надевав дека викаат после инф поради стимулациите шансите се поголеми,многу останувале и природно бремени.
Сега читам ... Честитикииииии Се израдував ептен, со лесно Честитки, со лесно да ти поминат следните 9 месеци Колку ембриони ти вратија?
ако неделата ти е испиено последното микрогинон 3-5 дена ке добиеш циклус кој ке биде потемна боја и многу количински мал кои фолекули ке ти изпаднат бре хахахах моментално си у мирување со микрогинонот нема ни фоликула ни ништо од коа ке добиеш пак почнува нов месец
Од Микрогинонот се добива од 3 до 5 дена после последното апче. Јас имав нешто помалку количински од вообичаен циклус (иако е индивидуално, зависи од тоа колку ти е "валкана матката", така да и да имаш многу не се плаши се чистиш). Терапијава може ти ја дале од две причини: за да ги одморат јајниците еден месец за следниот да добиеш подобри фоликули или затоа што си имала цисти или превентивно зошто си подложна на цисти и безбојниот секрет може да е некое водно цистиче бидејќи за добивање ти е рано. Душа си, желбата ти е голема ама немаш фоликули овој месец сигурно, затоа што Микрогинонот го спречува нивниот развој. Како и да е, се е во ред и работите си течат во правилна насока немаш потреба од нервози.
Само смирено и верувај, се ќе биде во ред. И да нема никакви причини, во нормални околности ретко која останува бремена во првиот месец од обидување. Ако мислиш дека ти треба малку одмор, паузирај. Ако си спремна продолжи! Те гушкам
Честитки до новите трудници Да си имате лесна бременост Направив ново АМХ. Во Синлаб . Луда работа . Сега ми е 1,5 . Наместо да се намалува кај мене со тек на време оди по нагорна линија
Јас уште не сум добила, а пред една недела ја прекинав терапијата. @Bubce38 праќај им таму сега на тие што те замараа да го правиш. И речи/напиши им: ин јор фејс!
АМХ може да е различно во различни циклуси ..зависи од бројот на антрални во циклусот затоа и на запад не го сметаат за релевантен доказ...со среќа и што поскоро да го добиеш ваучерот
Трансфер имав пред две и пол недели. Бета проверив на 11-ти ден и беше 0,1. Терапијата ја прекинав минатата среда и уште не сум добила.
здраво дали работевте после транеферот на пример миејене тајнири оти некако мие досадно само да лежам