Поздрав и со среќа нека биде. Јас поднесов документи за прво ин витро и за 3 недели добив одговор (ми бараа 2 и 4 д ехо плус) и сега во четврток ќе го носам. Инаку, и јас планирам кај петановски да го правиме па затоа и ти пишам, може да сме на линија овде Поздрав
Здраво на сите. По 2 неуспешни инф во Ремедика кај др. Петановски сега се спремам за трето. Може ли препорака од каде сте задоволни незнам кој пат да го фаќам а времето на ваучерот е при крај.
Јас ќе ти предложам Поповиќ или Ивановски , Митра ќе го посочи Таше , Трајанка ќе те советува кај Трајковски , и ??? Кој пат ќе го фатиш ? Отиди кај 2-3 во различни клиники на консултација ,ќе видиш каде ќе има хемија ,сама ќе си одбереш .
Секоја членка има различно искуство од кај одреден д-р, затоа најдобро е сама да си одлучиш, да не ти биде главен репер форумов, отидете со мт на консултација кај неколку д-ри и ќе си оцените со кој ќе се кликнете.
Дружино тие што сте кај Трајковски може ли да ми кажете како комуницирате со него преку тие на пултот или на негов моб си звоните? Мене не ми дал број ми вика ќе се јавиш на пултот па тие му пренесуваат, а мене тоа ми е како расипан телефон... и уште нешто дали ви се случува да си стане излезе од канцеларијата и да ви дава совети, и терапија додека оди накај пултот... ми се случува мене ова цело време, па не сакам сите што си седат таму да ме слушаат што муабет правам со него, сепак осетлива тема ми е ова... Искуства ве молам.
Јас немам искуство со Владимир, ама во секој случај треба да се има дискреција. Најди начин да му укажеш дека ти пречи тоа.
Да мила му кажав првиот пат кога бев таа на пултот јас седам таа се развика ај името и презимето што го кажа не е страшно, али ми ја кажа дијагнозата и што како се и му го кажав ова на Трајковски и он се фати демек за глава и рече добро што кажа може и претходно да се случувало ова, а да не ни кажале...и одам нареден пат и он уште не завршен разговорот си стана и одејќи накај пултот ми дава терапија, и совети што воопшто не ми се допаѓа начинот...и ова со комуникација преку тие на пултот исто... незнам што да превземам навистина, слична случка со лошо пренесување информација за терапија имав кај претходниот доктор, и знаеш веќе човек кога ќе се изгори внимава на се..
Posle dva spontani sto mi preporacuvate da ispitam i kaj?kolku vreme pravevte pauza od ivf do narednoto i dali za vtoro ivf povtorno ke mi baraat hsg ili samo 4d?
Те сфаќам душо, многу непријатно во секој случај, на почетокот кога се отвори Њуборн, бев на консултација кај Гуржанова, тогаш Владимир не работеше таму, многу малку имаше пациенти и можеби затоа и тие на пултот беа тивки, сега имаат повеќе пациенти, но треба уште повеќе да внимаваат. Мутации на тромбофилија на Трансфузиологија или Имунологија, ако немаш испитано, обавезно да испиташ. Ова е прво и основно и директно поврзано со спонтани и секако ако се утврди дека имаш некоја мутација, ќе треба да примаш метил фолат, метилиран б12 и клексан. Си примала ова?
Еднаш дур ме гледаше на ехо влезе во собата ( со негова дозвола ) пациентка ,си заборавила некој резултат на биро кај него . Уз пат го прашуваше тоа што заборавила . Кај ја слушав и научив многу за нејзините проблеми ,там лежев гола на столот со раширени нозе . Плус вратата од собчетос со ехо малку подотворена . Штом и го видов јас ликот ,сигурно и она ме видела така гола . Инаку и јас имам заприметено дека Трајковски муабетот со пациентите го "довршува " у ходник дур ги испраќа . И обавезно некој од соприжниците го има прегрнато
лелееее што збориш значи не сум единствена, се запрашав дали до мене е проблемот и сум станала многу ранлива веќе па се ме погодува али не е така, многу неубаво чувство, да тоа со ехото мн глупа работа немаат завеса директно накај вратата свртен си...искрено не ми се пишуваше за ова тука долго време се размислував за да не свати некоја погрешно, али морав да видам дали е до мене проблемот ... да не биде дека го кудам него или болницата ќе споделам слична случка и кај Ивановски, ми вика ке ти каже се Сашка искачаме надвор објаснува она се и забележав дека во шемата нема пишано Естрофем, и јас знаејки ја мојата историја до сега дека морам да пијам и реков викам прашај го Ивановски и она дури така дрско чим не ти пишал сигурно не треба...и јас не ја послушав и му пишав одма на Вибер на него и он ми вика дефинитивно мора да пиеш и наредно одење и Сашка уште лута ми вика ми кажа докторот дека си му пишала...абе боже сочувај не само да се нервираме како малце мака да имаме...извинете на постот но мн тешко ми падна се осетив како да ми се повторуваат истите работи, и покрај сменета болница... многу лоша комуникација имаат сите не смеат вака не сме на лента па ајде следен...ох колку само почнав да нејкам доктори сите се исти сите!! Се надевам еден ден ќе успејам во борбава па тогаш и јас да речам како и сите што успеале тој е супер доктор и е вистинскиот за мене, а до тогаш немам веќе доверба во никој само во Бог. Фала ти Бубче што го сподели ова со мене
Бидејќи погоре стана збор за непријатни случки, да споделам и јас. Од вкупно три инсеминации во систина, во собата за инсеминации додека лежев околу 20 минути после вбризгувањето, влегуваат сестри и дрн дрн си муабетат. А јас со раширени нозе, чекам материјалот да си плива внатре. Ај си реков, се случува. Арно ама пракса да им било тоа. Буквално. И втората и третата инсеминација влегуваа во собара сестри кои ми потенцираа: „Не се секирај, ништо не се гледа“! Боже мили... Мене неубаво ми беше, ама ептен, а верувам и на било која што со расчепатени нозе лежи на бокс и чека пливачот да ја фати целта.
Мене лично не ми смета тоа што можеби нема дискреција . Еднаш кога бев кај Петановски си ја викна ќерката која исто е специјализантка на гинекологија , па "на мене ја учеше " . Пола саат ме гледаше на ехо , а 25 мин нејзе и објаснуваше . И тоа не ми смета . И на тв нека излезе ако сака да ми ја раскажува дијагнозата ,само нека ме затрудне Пробај Софи да не се замараш со тие работи . Знам ,некому му смета ,но за жал така е горе-долу во сите клиники ,дискреција никаква