Abe za kogo kako jas nemam iskustvo so drugite sestri a za drugi nez ima ima od sekade zadovolni I ne zadovolni koga veke falis edna klinika pisi ja I taa sto si cekala mnogu vreme mozda ke se najde nekoja sto ke go deli istoto iskustvo so tebe ili obratno
Сите ние што идеме по приватни клиники треба да бидеме свесни и толсранти дека не сме само ние во таа болница.Во тој момент на отстапување од терминот рачунајте дека може на некоја феминка и се слошило,и се искомплицирала ситуацијата,и пукнал водењак,мора да и се направи пункција и ред други работи кои што докторот неможе да ги предвиди кога нас ни го закажува терминот.И јас сум чекала и ради мене чекале.А и згора на се никој не не присилува и обврзува да одиме тамо.Тоа е право на личен избор но не треба ни најмалце да им замеруваме за вакви работи.
За чекањето си во право, јас сум почекувала и во клиника за.која си имам изградено најдобро мислење се може да се случи. И они ме чекале бидеки сум имала закажано во 12, а поради гужва од протести сум стасала во 13 и не ме вратиле. Автоматски тоа значи на некој терминот му го зимаш, но третирање на пациентите каако да се дух во чекалната додека на други уште масажа на стапала да им понудат е неприфатливо. По понижена во животот не сум била.
Затоа си чекала.И јас кога одев тамо никогаш немаше потреба да и се јавувам на Данче бидејќи секогаш беше муабетот дојди ќе те прими никогаш не враќа пациенти ,а косоварите богами со локум и кафе ги пречекуваа незнам зошто кога и јас им ги остсвив истите пари .Но секое лошо за добро . Во систина барем тоа ми е поразлично никогаш повеќе од 15 минути немам чекано .
Здраво женски, дали има некоја моментално што е во процедура кај Лазарески? Сакав да закажам кај него ама бил на боледување. Знаете отприлика до кога? Ми рекоа се очекува да се врати 10-15 декември...ама да не е покасно? Не знам дали да чекам или да барам друг...
Во Ремедика да точно се чека во ходникот но не секогаш, зависи кога има гужва. Затоа најдобро накај 19ч. часот, на раат.
Ако ти кажале пример во Вторник од 14-16 и од 19-20 ти слободно можеш во среда во било кое време да одиш ќе ги земеш. Јас во 10-11 земав резултати (тогаш можев само). Е сега таа на шалтер може ќе те погледне криво ама ти е гајле нема да те врати Цистата може да ти е од Еловата. Ако е водена ништо страшно ќе си пукне сама (а според лигавицата што ја кажуваш најверојатно е водена) ако имаш водечки фоликули можеш да правиш пункција ама за трансфер ќе почекаш да се исчистат цистите, ќе пиеш еден месец Микрогинон и ќе се средиш. Кај мене така беше. Хистолаб е 3500 а Систина мислам дека е 6100.
Овој пост засебно ќе го пишам заради подобра видливост. Денес бев на анестезиолог и прашав за анестезии во краток рок примени една по друга ми рече дека нема потреба да се плашам немало врска што пред месец дена сум била под анестезија. Е ми кажа дека од многу анестезии (не знаеше колку е тоа многу) најлошо што може да се случи е да се створи алергија но и тоа не било страшно затоа што имало достапни замени.
Во ремедика многу се чека. Нервите си ги истенчив за тоа. И тоа чекаш пред врата висиш буквално. Еднаш имавме ситуација со мм таман да влеземе едни не избуткаа тие први да влезеле. Данче дига раменици сами да сме се организирале кој прв дошол?! Во државна не сум чекала толку како во ремедика. По 2 ипол саати сме стоеле. Среќа се добро се заврши па се заборава, инаку time management катастрофа.
Исто! Прв пат отидовме со мм, 2ипол часа чекавме! Он зовре, вика чекам уште 10мин и заминувам. Среќа не повикаа, и бевме задоволни па Петановски го одбравме. И до крај може само еднаш сум влегла на време, се било чекање. Што викаш, се заборава после само да заврши како што треба.
Ајјј, повеќе од 10 мин не сум чекала . Изгледа зависи од докторот. Ама 2 ипол часа чекање е too much!
Хорор ми беше. Еднаш бев со моите, демек да видат беби на ехо и они, па они стари коа почнаа на глас што е ова, нели на закажано бла бла.. више никад не ги однесов еднаш од 6:15 у 9 вечер влегов, ама пораѓај имало... јбг, си чекав. Ама фер биле, по ред идеа кој е на ред, баш по список читале, имало и пред мене дојдени порано ама после мене закажани и мене ме викнале.
2ипол часа е стварно претеризам. И јас сум чекала, мм по 3, 4 цигари знаел да испуши дур чекаме, дури ни на земено бројче пак не влагаш кога ќе ти дојде редот туку секогаш некој пред тебе ќе се шмугне, ај добро трудница ова она ама и други парови. Еднаш знам мафтав со тоа бројчето, сестрата ми вика Еј не работи нешо системот, не ги покажува бројчињата, ќе те викнеме не бери гајле. Знам, нервози се, ама ко што викате чим е за арно, се се заборава, така да... А да, уште ова сакав, јас ни претходно а ни сега од кога сум бремена не сум платила никаков преглед, ни контрола. За разлика од Систина каде и за консултација се наплаќа.Е таму се имам оставено од пари давање, и третман баш како објект за пари само.
Замислете девојки во По еделник ги пратив дополнителните документи и денес во 8 биле испорачани од пошта ми кажаа а во фонд никаде ги нема..јас не знам што се случува ама се донервирав и сега ќе чекам утре од сабајле да пробаат да го најдат пликото..хаосс
Почекај до утре штом денес биле испорачани ќе стигнат. Затоа јас дополнителните документи ги однесов лично, кај куќата на мајка Тереза таму позади, и за 3 дена ми одговорија по нив.