92250 den e vo new born klinik samo IVF taka pisese na cenovnikot na new born klinik, plus terapijata okolu 700 evra e od prilika
Поважно е да е успешно него поефтино. Протоколот го одредува докторот а не цената. Убав ден и само убавина
Не поважно ! Најважно е да е успешно ! Нормално дека докторот го одредува протоколот . Не сум ни напишала поинаку .
Па би рекла на природен циклус може ќе имаш една јајце клетка ама таа ќе биде поквалитетна наместо да се силиш со стимулации и да извадиш 20јајце клетки од кои една или ниедна нема да стаса до трансфер. Колку само примери има тука такви ехее...
Zdravo devojki ajde pomagajte se borime so neplodnos odnosno so namalena rezerva na jajnicite nema jajce kletki se pravat ponekogas po eden folikul ama ili e prazen ili nekvalitetna sto da se pravi pomagajte!!!
Мислам дека треба да пиеш суплементи неколку месеци: вит е,д,ц,цинк,селен,дхеа,магнезиум,ку10,омега и да размислиш за постапка за подмладуваање на јајниците па потоа да го правиш следното инвитро. Ако не е тајна каде ги правеше инвитрата пиеше ли нешто пред и како те стимулираа?
Читај во темата Хистероскопија. Многу прават комбинирано хистеро и лапароскопија. Јас имам правено 2 пати само хистероскопија. Кај мене немаше потреба од лапароскопија. Имам правено во Систина-Јорданчо Иванов и во Чаир-Зоран Илиевски за повеќе читај во таа тема.
Не е ни време ни место за мудрување, тука сме за убави работи.. Зборот " појаснам" беше во блага форма на твојот коментар како се практикува протокол кај оние кои одат приватно. Тоа што го пиша е против сите доктринарни ставови. Се надевам дека сега разбра. Тука јас завршувам со појаснување.
Девојки, што мислите кој период од годината е најповолен за ивф? Дали имаат некакво влијание временските услови? Со оглед на тоа дека доаѓа зима, ладно време и сл., а фоликулите сакаат топло за да растат. Нема правила, ама сепак дали сте размислувале на оваа тема?
Искрено, може нема врска ама јас сум приметила на темава бум од позитивни тестови месеците септември-октомври. Летото се избегнува поради одмори на доктори и преголеми температури (стимулациите и другите лекаарства треба да се чуваат во посебни услови да не се изложувааат на високи температури). Зима би ја одбегнала оти знае да наатрупа снег и отиди во Скопје на нешто битно на нашиве патишта што знаеме дека не се чистат на време. Башка и еуфории и Божиќни празници... Пролет или есен би било идеално спорд мене. Во одредени и посебни случааи како мојот ако се начека добра јајце клетка ќе се прави инвитро па и метеори нека паѓаат ако сака
Пробај со влошките на тианде многу помагале за такви работи.И обв промени начин на исхрана.Благо исфрли колку можеш,а повеке зеленчук и вода.
А да пробаш со друг доктор. Мене ми стои на непогодена терапијаа со стимулации... Амх имаш испитано, колку ти е?
Во приватни лаборатории може и со упат, а може и на приватно. Јас сум проверувала во Авицена и во Синлаб. Во Синлаб може со упат и 100 денари е, а во Авицена може само на приватно, не може со упат.
Се согласувам, остај патиштата, не знам дали има влијание ладното време врз растот на фоликулите... Да, штом ќе начекаш, одма прави, правила нема, многу имаат успеано и во зима. Никогаш не се знае.
Во телото температурата е секогаш иста така да надвор да е -30 или +30 не менува ништо. Освен ако не се изложуваш на премрзнување, па температурата на телото да ти падне толку многу.