Еве ме и мене! Пак бев на природен циклус, една фоликул си порасна како по учебник, вчера пункција, се супер...до денес кога се јави ембриологот. Не настана делба, тоа е! Ма какво откажување, продолжуваме и по 8ми пат ( 4 стимулирани ивф и 3 на природен циклус)! Не знам што човек сум и од кај ми е силата ама нешто ме води напред. Се чудам ама и психата ме држи на високо ниво. Во поглед на темата од погоре за донор, би ја искористиле, имаме разговарано со маж ми, ама кога ќе процениме дека ги исцрпивме сите можности. А во краен случај би посвоиле. Ве гушкам сите Се распишував а треба да одам кај еден батко од 2 год на роденден чаос
Ти се восхитувам на храброста и непоколебливоста силна жено Ти посакувам најголема среќа за следниот пат и бебчиња во твоето меше!!
Еден најголем за се што си напишала. Потполно се согласувам со тебе, и размислувам исто како тебе. Најбитно е здравјето, слогата и лубовта со партнерот, а не начинот на кој сме дошле до дете. И најбитно е детето да го воспитаме правилно и да го изведеме на прав пат. Јас во комшии имам случај каде што млад брачен пар веднаш отидоа на присвојувње, не ни тргнаа по доктори. А ептен млади, дали имаа тресетина година и двајцата. Им доделија девојче ептен брзо, во рок од пет-шест месеци, заради годините. И едно девојче што им се погоди, ангелче, такво тие да го правеа, нема да го направија. Си живеат срекно и весело, дури и на девојчето му кажуваат дека е земено од продавница за бебиња, за да од најрана возраст се навикне на вистината. Им се восхитувам на храброста. Навистина се за почит, не ни тргнаа по доктори, си се сакаат и тоа им е најбитно
Јаас дури и си размислувам прво да си посвојам, многу парови после посвојување си имале свои и тоа природно
Многу убави емоции создаде во мене, браво така и треба...што се вика не дај боже и твое да е па може да забега по неубав пат во животот и да не "ти се погоди" и ќе си речеш на кој е вакво, а може и сосема обратно ете кој тој случај посвоено, а ќе го гледаш како на дланка и тоа ќе ти возврати со убаво, зошто добро воспитаните деца знаат да ценат... и јас познавам таков случај, подршка до сите што се решаваат на овој чекор !
Ќе дојде и тој ден кога ќе се радуваш, само упорно и не откажувај се. Има многу што пробувале многу пати и на крај успеале. Ти посакувам срека.
@Peperugamala фала ти за советите а за овој на крај си тотално во право, подобро е кога не се чита свашта по нет, секој има своја приказна и искуство. Затоа форумов е голема поддршка за сите. Поздрав и се најубаво
Значи и јас сум песимист зошто мислам дека со 0.01 е научна фантастика во еден циклус да извадиш три фоликули со три јајце клетки ? Убаво звучи како бајка ама да се вратиме на реалноста. Нема теорија тоа да не се лажеме и да не си даваме лажни очекувања.
Amh ne e merodaven on go pokazuva momentalno brojot na antralnite folikuli jas veruvam vo taa prikazna kolku ima samo so nizok amh sto ostanale prirodno bremeni ehee jas za tie 13 god borba so neplodnost nikogas ne go ispitav amh
Јајчниците во себе содржат одреден број на примордијални (првобитни) јајни клетки (од 300 000 до 400 000) кои се сместени во сврзното ткиво, во стромата на јајчникот. Од сите примордијални јајни клетки остануваат само околу 10%, така што за време на пубертетот ги има околу 30 000, што е и нивен конечен број. 30.000 х 0.19% = 57 40.000 х 0.19% = 76 Ова е мојот резултат на јајце клетки, не на фоликули.
Антралните фолекули се тие и не може да се зголемат туку само да се намалат или да го подобрат кваалитетот. Што значи ако според твоево амх го означува моменталниот број на антрални фолекули, тие се тие и со магично стапче неможе од еден да станат 3. Ако испадне подобар резултат во друг период спорд мене е подобрен квалитетот, а не квантитетот.
Да ве прашам вие кои примавте/примате стимулации- како ви се движеше естрадиолот? Според референтни граници пишува дека е добар мојот но докторот не беше задоволен од јајниците.многу фоликули а жими еден малку поголем (минимално). Утре сум пак на ехо. По обичај од претходно со кломифен за инсеминациите на 7-8 ден на ехо секогаш ми беа мали фоликулите.а веќе од 10 от ден почнуваат сите да растат или се издвојуваат 3-4 поголеми. Се надевам дека и сега така ќе биде. Не очекував дека ке биде незадоволен-не знам колку би требал да ми е естрадиолот на 7 ми ден. Вие на првото ехо веќе имавте поголем/и фоликул/и?