Може и подоцна да порастат, затоа некогаш се дава плус некоја инекција, за да допорастат, не се секирај за тоа, опушти се и верувај во успех!
Така и ми дадоа.прво 15 фостимони.сега плус уште 6 па повторно ехо и хормони. Стварно не сакам да се оптеретувам. Правам се што ми кажуваат и до минута сум точна за инекциите и многу дисциплинирана но како што требало да биде- ќе биде Бутовите многу ме болат од инекциите,од утре ќе ставам облози.уствари овие ми се први инекции во животот воопшто-па може затоа и ме боли местото каде се ставени
Ќе помине душичке, ќе отрпне местото, ќе се навикнеш, а кога ќе успееме, ќе ги заборавиме маките и ќе сфатиме дека секоја боцка вредела.
Ќе ти го кажам моето искуство по кое ќе видиш дека и за ова нема правила, пред година ипол кога имав стимулирации естрадиолот ми беше отприлика околу 250, 300 а на ехо се гледаа 4, или 5 фоликули толку и Ивановски ми рече повеќе од една нема да извадиме дојде пункција и јас не сакав без анестезија и он ме убедуваше што ќе ти е имаме само една кратко ќе е, јас си настојував и моја среќа се будам доаѓа ембриологот и ми вика имаме 6 ј.к и јас останав во шок како викам толку по естрадиолот докторот ми рече една ќе имам али ете...и дојде Ивановски да ме види и ми рече супер што бараше анестезија сепак имавме повеќе за боцкање.
Софи на таа шемата видов 1 фоликул десно ми запиша.дури не ми беше верно дека само 1 е.но нема правило-така е. Можно е нагло да пораснат кај мене.со полицистични сум и затоа и внимателно одиме да не претераме. Алишан- и се е можно Вака читајќи ве ми текна дека никој досега АМХ не ми испитал ниту побарал. Да не требаше и јас да испитам или млада сум за тоа јас?
На еден фоликул мене естрадиолот ми беше првин 149 со 15мм па 210 со 20мм. А штом си со полицистични јајници дури и да испиташ АМХ ќе ти биде висок. АМХ се мери ако си со повеќе години или ако си со високо FSH или и двете.
И мене никој ништо не ми бараше се од тука што читав и кога ќе ги однесов резултатите Ивановски ми ги фрлаше и викаше јас не сум побарал така да можеш, сама да си ги направиш не чекај на нив, годините не ти се битни да знаеш...пуштам среќа да порасне уште некоја
@Ана на мама кај мене 231 беше Е2 по 5 дена инекции и само 1 фоликулче не ми кажа димензии.а уште 10 тина други помали фоликули
Можеби покасно ќе изреагираш на терапијата со оглед на тоа дека си со полицистични, не знам зошто бил незадоволен кога оди полека за да не направи циститис (веројатно те изумил дека си со полицистични). Ако последниот месец си пиела Микрогинон најверојатно ќе се појават уште неколку водечки фоликули. Ако јас се прашувам подобро да останеш на овој еден и да биде квалитетен отколку како што беше кај мене (покасно ми се појавија два ама излезе дека јк не се убаво созреани за да се одвојат од обвивката). Инаку на 7ми ден 231 укажува на раст и ќе имаш уште. Што ти кажа на крај докторот ? Кога следен преглед ?
Ако се нема пиено микрогинон не значи дека е краток протокол . Краток протокол е тогаш ако со стимулации се има почнато од 2-3 ден на циклус . Долг протокол е ако од 17-20 ден од циклус се почне со Супрефакт или Триптофен . Овие инекции се боцкаат цело време дур не дојде следен циклус . И кога ќе дојде следниот циклус пак се боцкаат овие , а плус од 2 ден се убацуваат и стимулациите . И во двата проотола може да се дава микрогинон еден циклус да се пие . Амх кај полицистични е обично "висок " . Велат дека кај овие случаеви амх не е воопшто меродавен за да се знае состојбата на резервите . Алишан ,рано е уште 7-ми ден . И те како има време да пораснат уште неколку . Таше денес ќе ти каже уште на колку може да се надевате . За тоа нема утки кај него . Само прашај го директно . Ако не прашуваш мислам нема да ти каже
Со краток протокол си и поради годините и поради полицистичните јајници. Гледаш Таше има подруг пристап. На пример мене после цистите Трајковски ми даде Микрогинон еден месец за да ми ги рестартира и одмори јајниците. Немаш место за паника мислам дека си на добар пат. Знаеш и сама, естрадиолот не е добро нагло да скокне во високи вредности ама кога постепено се качува тоа значи дека има процес на зреење на јк и матката. Ајде баш сакам денес да видам колку фоликули ќе имаш. Прашај го Таше обавезно за димензиите (ако пример водечкиот ти е 15-17мм најверојатно ќе биде само тој ќе нема време за да се пратат димензионално другите фоликули). Ако беше во петокот на фоликулометрија значи тогаш ти бил околу 15-17мм, а ако ти бил помал значи дека имаш големи шанси за уште.
Еве од март годинава Кај мене многу брзо растеше Е2. Имав и јас еден само водечки . Ама ми убација и Цетротиде ( да не пукне водечкиот ) и чекавме и другите да пораснат . Тогаш извадивме 6 фоликули . Имаше уште 2 ,ама дека без анестезија работевме ,не можев да издржам уште тие 2 да ги пунктираат. Тогаш добивме 4 јк
Кај полицистичните јајници е сосем поинаква сликата за Е2. Јас со 85 после прва стимулација прекинавме. Препорачливо е да се оди пополека и естрадиолот да расте постепено, ако се дуплира од една до друга стимулација ќе направи цисти. Мене дури и на два пати ми даваше Трајковски стимулации за да не се направат. Првин ми даде една доза стимулации па ми ја прекина на неколку дена па пак продолжив со стимулации. И на крај завршив со 230 Е2 и еден фоликул.
На 9 ден по 3дневен ембрион и 7 по 5дневен може да се направи тест, така има пишано во некои водичи. Со лесно
Ние во четвртокот бевме кај Петановски. Многу убаво не пречека човекот и ми остави убав впечаток. Ми рече: „Земи го ваучерот и правец кај мене да го сработиме инвитрото“. Ќе одиме со интралипиди рече. Мене ме бендиса. Би рекла дека има хемија. Не сакам да брзам со заклучоци но, сепак првиот впечаток е најважен нели? Како и да е, се олабавив да ви кажам. Дополнителните докумети ги однесовме директно во Фондот, 2д од матичната и 4д од него. Матката супер рече. После колку време да очекувам ваучер (по доставувањето на дополнителната документација)? Инаку, ми ја прегледа цела медицинка документација што ја имам, задоволен е од ситуацијата. Му кажав и за тоа дека првите две инсеминации резултираа со бихемиски бремености. Тоа било добар знак. Значи воопшто да не размислуваме на неуспех вели... Ќе видиме како ќе биде, мене ми е важно што јас внатрешно се ослободив некако по средбата со него. Сепак, крајот го краси делото, па останува да видиме
Е2- 694,6 на 9 ти ден од стимулации. 2 фоликули по 14-15 мм и други помали од 12мм.ендометриум 8мм. Плус 6 фостимони ми даде за навечер и плус 3 цетротиде за наутро.до среда.па пак хормони и ехо.јас сум задоволна и позитивна.тој не е баш.очекуваше изгледа мн фоликули кај мене