Јас Трајковски не би ти го препорачала, јас бeв кај него. Во слична ситуација сум како тебе. Ти треба доктор кој нема да ти го губи времето. Фоликул и јас имав касно развиено, само дискутабилно е со кој квалитет ќе биде. 12000 е пункција. 33.000 е трансфер во New Born.
А правење на инсеминација со амх 0.01 не е губење време? Во врска со фолекулот јаас тие 9000би ги дала за пунција и да се види дали ќе.се оплоди ј.клетката, наместо да си ги дадам за инсеминација.
Па гледам има доста задоволни од Трајковски. Таше не ми го препорачувате, Лазаревски е на боледување инаку кај него почнав и јас веќе не знам кај да одам . Сите ми викаат само ајде младоста е на твоја страна.
Не треба од мислења да менувааш твој впечаток. Јас сум задоволна, друг не е... И за Таше и за било кој треба ти да си донесеш заклучок според тоа како се чуствуваш после разговорот. Ако на едно мислење се предомислуваш нема да останат доктори кај да одиш, за секој некој нешто ќе каже негативно
Не кај Таше, Лазаревски, еве и Поповиќ го видов и Трајковски. Истото сите ми го кажале за донирани јајце клетки освен Поповиќ.
Јас имам повеќе обиди на природен циклус. Во систина пункција на природен е 10600ден ( ако е 1 фоликул е без анестезија) и ако се стигни до трансфер се плаќа 37500ден. Среќно
Здраво девојки да се пријавам и јас во Декември ке правам инвитро чекам да добијам и да почнам со инекции
Здраво девојки, некоја со искуство на миом во бременост на задна страна на матката,во шеста недела се појави, 2см?
Многу слична приказна ко мојата. И мене ме пречека така. Сите документ, резултати детално ми ги прегледа. Одма на ехо 4д матката ми ја гледаше. И ми рече ти сигурно ќе бидеш бремена ќе видиш.
Поповиќ на тие ( твоите ) год никад нема да предложи донирани . Мене во твојот случај не ми е чудно што ти предлагаат иуи . Само малку ми боде очи што немаш хсг . Инаку тоа што си со слаби резерви не е пречка да се прави иуи .
Јас мислам дека воопшто не е страшно, посебно дека е на заден ѕид, не пречи на плодот, бидејќи не е внатре во матката, плус тоа не е голем. И да расте под влијание на растот на новото на хормоните, пак ќе се врати во нормала после пораѓајот. Да не се грижиш.
За иуи не ни сакам да размислувам. И јас би одела на пункција на тој еден фоликул. @Hannah$$$ мила, ако разлисташ низ форумов во последно време ќе видиш дека кај Трајковски има промена во однесувањето кон пациентите. Јас кај Гружанова се префрлив од кај Трајковски.
Од растот на нивото на Естроген во организмот, кој во бременоста е нормално да расте, но кај некои жени доаѓа до некој дисбаланс и се појавува миом, што не е исклучено и надвор од бременост. Има многу случаи со миоми, си раѓаат деца нормално. Медицината има општ став дека ако е надворешен, не треба да се чепка.
3 dosega na priroden ciklus, ke odam i po 4ti pat dekemvri. Inaku imam praveno i 4 klasicni ivf. Samo na priroden ciklus ostanav bremena ama za zal zavrsi so spontan. Inaku sme so maski faktor. Imam 36god i dosega fala mu na Boga site pati na priroden ciklus imav jajna kletka