Јас секогаш давам совет да се побрза, не да се чека. И на себеси тоа го применувам, што побрзо подобро. Не ја гледам поентата во чекање. 6 месеци, тоа е предлог период. Секако доколку има повеќе неуспешни инвитра треба да се направат сите испитувања и да се преземе се што е неопходно. Ама и тие брзо се прават, за 2 месеци се собираат сите резултати. Што повеќе се пролонгира, нови проблем излагаат. Така да не оставајте на времето.
За два месеци се собираат резултати, ама доколку нешто не е во ред треба време за да се среди. И мене Петановски ме брзеше со недолечена бактерија streptococcus agalactiae да правам ин витро, као ради годините немам време за чеканје, а и не била страшна бактерија. И што направи биохемијска бременост и плус со постапката од цервиксот ми ја внесе во матката, па требаше време за да се открие тоа. И што направив со брзењето, ем сум пак без бебе, ем уште илјада други испитувања и две години тупкам во место. Мене на пример најмногу паника ме фака кога ке ми кажат НЕМАШ ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ. И што ако немам, треба да брзам и од неуспех во неуспех да влегувам ???
Секако дека не треба да се прави инвитро со било каква состојба за која е потребен третман, лекување. Зборев за ситуации 'чекај не брзај дај си време '
Мислам дека лошо си се изразила па тешка си за сфаќање ама мислам дека ти ја имам поентата. И јас сум за брзање ама не во смисла дај побрзо побрзо да направиме ивф по секоја цена, него, треба операција ајде дај да ја правиме, треба нов хормонален ајде давајте упат. Да не се влечка и чека од типот овој месец не ај другиот.
Да не се разбереме погрешнo. Добро ви ја свакјам поентата и на двете. Го напишав и моето искуство во случај на брзење. Малку треба да внимаваме што советот ке дадеме. Можеби членката е нова, и нема многу искуство, и се што ке и се рече си става на срце. Јас сум подолго во оваа борба, и више сум свикната на се. Но, на почетокот, и јас, се си ставав на срце. Можеби и се слаби резервите на девојката, но зошто да брза, кога има и други работи кои треба да се средат. Тие резерви се трошеле со години, сигурно ке бидат истите и после три-четири месеци кога на пример ке се средат тироидната и другите работи и кога девојката малку ке се смири и порелаксирано ке го започне процесот. Тоа сакав да го кажам.
Твоето не е брзање мила, твоето е лекарска негрижа. И јас стојам на тоа дека треба да брза ама не во смисла ајде одма ивф по секоја цена, него брзо да си го средува организмот. Ќе се смири и ќе се релаксира во наредните 9 месеци кога ќе биде трудна.
@Hannah$$$ и може да го прашаш гинекологот што мисли дали да испиташ и инхибин б (во синлаб) и тој ја покажува резервата на јајце клетките
Девојки здраво. Да ве прашам нешто. Минатиот вторник правев трансфер на замрзнати ембриони бластоцисти,и се боцкам со клексане. Е сега, bHCG, треба да правам нареден вторник на 05.12., а до тогаш треба да си ја терам цела терапија меѓукои и клексането. Прашањето ми е кога да поднесам во фондот за рефундирање? Кога ќе помине месецов,пресек да направам и да поднесам,или од кога ќе завршам скрос со боцкање кога и да ќе биде тоа???? Ви благодарам,поздрав и со лесно на сите
Во фонд по завршување на ампулите клексан. Со рецепт,со фискална од купените ампули, со подписи од сестрите кои ти ги ставале. Иако е после една недела.одкога ке завршеш со боцкање тогаш се носат
http://www.hdgo.hr/Pages/Print.aspx?sifraStranica=223&kultura=hr на линков има повеќе информации, но колку што знам јас тој покажува каков одговор на јајниците може да се очекува од стимулациите во процесот на ИВФ. Мислам дека кажува за квалитетот и за резервата на јајце клетките. За во фонд ти треба да однесеш: 1. извештај од специјалист трансфузиолог (со датум од денот од кога си почнала да ги примаш) 2. Фискални сметки со сметкопотврда (датумот на купување да се поклопува со извештајот и бројот на примени инекции) 3. Потврда од амбулантата каде што си ги примала (они ја издаваат таа - пак да се внимава на датумот и бројот на инекции) 4. Трансакциска сметка (јас од банка си вадам лист со број на сметка и име и презиме) 5. Барање за рефундација (таму ќе го поплниш)
По ново извештај од трасфузиолог не требало. Секако за таму нема ни термини за да му отидеш нема шанси во следните две недели, а не па истата ден кога ќе треба да.се почнат. И убаво направиле
Девојки, со среќа на сите во процедура и исчекување Само смирено. Јас сум со стимулација оваа недела, здравје за некое време пункција, следиме секој ден фоликули и естрадиол. Се надевам на добри резултати, оплодени ј.к., само стравот од анестезија неможам да го надминам. Имав хистеро/лапароскопија правено, но еве пак ме мачи како одминуваат деновите. Совет од тие што поминале, како ви е пред анестезија во сала, сте имале ли страв?
По плашливка од мене не постои но полесно нешто од анестезија за пункција нема. Тоа треба да си го сфатиш ко убав ден и да се радуваш. Јас да можев ке побегнев трчајки од страв, така низ болница да ме бркаат и да се чудат . Затоа биди смирена спокојна, целата процедура не трае повеќе од 5-10мин и е безболна. Само со лесно и пиши како ќе поминеш
јас не го испитав, ќе требаше ако не ми се фатеше овој последен смрзулец од ембрион ама мислам дека ми рекоа 3 ден, и во истиот циклус сите хормони што се испитуваат на 3 ден - така мислам дека беше, затоа и пишав во консултација со гинеколог. А мене и АМХ ми рекоа на 3 ден, па гледам дека други било кој ден го испитуваат... не знам што е правилно.