Јас имамв огрмен страв, пулсот 130 ми беше во сала, се тресев, не можев да се смирам.... Ама едно убаво заспивање што имав.... ауууу не можам да ти опишам... тоа потонувањето во сон е толку прекрасно... што за следните пункции воопшто не ми беше страв Со лесно Ете различно кажуваат различни доктори...
Само јас не се сеќавам кога заспивам? Озбилно јас на последнопример што се сеќавам е отворени очи и си блеам. Следи дупка во меморија па се будам Може одма заспивам затварам очи и толку е
Е не знаев дека не треба од трансфузиолог, јас таков извештај имам... немам од гинеколог (државен) јас утре или задутре ќе поднесувам документи за поврат, па можам и да прашам
И јас испитував пред да добијам. Докторот ме прати во Хемолаб и ми рече дека може било кој ден. Но кога истраживав на интернет пишува дека најточни вредности има на трет ден од циклус. Потоа вредностите му опагјат.
Јас за анестезија немам гајле подобро ми е тоа отколку нешто да ме боли и им викам сакам да си поспијам малку ќе ми речат сонувај нешто убаво јас ќе си се насмејам, почнува се да ми се врти и ме снемува ...од цела процедура имам страв само од мускулните инекции уплав фаќам секогаш од нив у покрај толку мн примени во животот никако не се навикнав
Листа од матичен се зема со потпис и печат дека се примени, порано се бараше и извештај од трансфузиолог или гинеколог од јавно здравство. Сега не знам како е, ако смениле нешто меѓувреме.
Мене последно на трансфузиологија таа нејќеше да ми пише извештај демек они пишувале само кога трудницата имала венска тромбоза само а друго се пишувале на гинекологија специалисти "ако сум нашла врски" ми кажа затоа си земав фраксипарин барем е дупло пефтин ако не сакаат да ми рефундираат.
Досадна е процедурата за рефундација, наместо да ја намалат цената на Клексанот, се акаме за извештаи без веза, ко на некој да му е дојдено бизнис да прави со Клексан, а не од мака што го примаме, па треба да докажуваме дека стварно го примаме, ко кој знае што да е... Мислам дека треба доволно да им биде потврдата од матичен дека се примени.
Па нормално.Незнам зашто како во србија не одат на рецеп одиш и ги земаш и си плаќаш партиципација.Сигурно нема да ги лажеме и од ќеиф да се боцкаме ама зашто да е едноставно кога може да е комплицирано.
Јас исто плашливка што да ти кажувам, ама кога отидов таму со девојките околу мене додека чекавме секоја да и дојде редот, они па сите без анестезија беа, муабетењето со нив ме опушти ептен, го немаше оној нагли премин во сала туку претходно лабаво лежакање па може и саат време ако не е и више..и така, после кога веќе отидов(јас последна бев) легнав па имаше некои зафрканции со сестрите дур дојде докторот, а кога он дојде знам само дека светло ми изгасија и толку ми требаше. Ама кога се разбудив бев како препородена, освежена па и зборлеста уста не затворив. Немој да се плашиш, нема воопшто потреба!!
I mm e sega takov kako ke sum bila vo cetvrtok koga ke me poragaat so carski rez kako ke sum bila pod anestezija a mene ic ne mi e strav nema da mi e prva tuku 7 ili 8anestezija
Е па не се буниме како што треба...затоа е така... Повеќето се боцкааме дома, а бараме потврди за боцкање од матичните, ова исправно е? Во аптека никој не ми побарал рецепт за леков слободно можам да си го купам, ова исправно е? Ако фондот има договор со приватна клиника за вршење на ИВФ, зошто како и другите лекови кои се коирстат при ИВФ, не ги признава и клексаните, а не ги признава ниту извештатите од приватните установи со кои има договор? Немаат логика многу нешта... Јас првите инекции ги примив во приватна болница која има договор со фондот за ИВФ, и добив извештај за тоа, ама не го признаваат тој извештај во ФЗО за поврат на средства за клексаните. На сите страни само сопки прават, еден куп нелогичности исто така еден куп... А ќе беше многу едноставно ако го стават лекот на позитивна листа, па нема да мора да се малтретираме со вакви работи. Мене искрено ми е крајно непријатно што мојот матичен ми издава лажна потврда дека таму ги примам инекциите, етоа го признаваат во фондот! Да се чуди човек само како ги смислиле овие работи.... А лекарите на трансфузиологије се како ќе ги дувне ветерот! еднаш даваат потврда, еднаш да ги молиш... мислиш они ќе ги плаќаат клексаните... А не се свесни дека они од нас (тие што работат во приватен сектор, и на кои секој месец сакале или не ни се земаат околу 40% од плата) земаат плата. Е тоа е тука кај нас... Јас пишувам понекогаш маилови до фондот, и ми одговараат, ама никогаш не ми дале логичен одговр. Исто и за испитување на АМХ - пишува дека сите испитувањза добивање на ваучер може да се направат во државна установа, а АМХ никаде не се прави на државно...А сепак сите го правиме и си ќутиме... Еднаш им пишав и за 4Д ехо - кога не работеше апаратот на ГАК - каде да го направам на државно, и прашав дали ако го правам на приватно ќе ми рефундираат - ми рекоа - никаде нема државно апарат, и нема да ми рефундираат средства, таков бил законот. Ама јас сум една - што понекогаш се буни, не знам за вас ....се буните ли? пишувате ли маилови, писма, телефонски.... Ако сите пишеме барем по еден маил за истиов проблем - можеби и ќе се смени нешто... Извинете за долгиов пост, ама се изнервирав заради неправдите и малтретирањето
Оф бре душичке, ајде готово дојде до финишот ти, уште црешката на шлагот сега во четврток и после уживанција! Те чекаме во четврток за честитања
Те разбирам потполно на гневот. И во право си тотално. Јас минатиот месец,после неуспешен трансфер,отидов до фондот да поднесам за рефундација за клексането, а ИВФ правев во приватна клиника, со извештајот од приватната клиника,до потврдата од матичната и со сметките и сметкопотврдите и ми рекоа на шалтер а девојче без извештај од трансфузиолог од државна,нема рефундација,џабе ќе поднесуваш,не го признаваме извештајот од приватна клиника,и покрај тоа што беше со ваучер. Направив обид да добијам потврда од трансфузија,но неуспешно,и се откажав. Овој пат си се опремив со ср на време. Една членка погоре,баш на моето прашање,напиша дека повеќе не барале извештај од трансфузија,дај боже да е така,затоа што стварно малтретираат.
Здраво девојки Дали некоја од вас има правено хистероскопија на клиника? Препорачано ми е да правам, но ни самата не знам каде. На приватно е огин скапо, во Чаир немаат готови сали , ми останува само клиника. Вашите искуства од клиника, дали чекавте многу и кај кој лекар. Не знам дали упатот треба да гласи на одреден лекар . Поздрав до сите