Јас правев годинава на клиника кај др. Саша Јовчевски. Бев со препорака од др. Трајковски и не чекав повеќе од една недела, се ова со отварање на историја и потребните испитувања (крвна група, д-димери со хемостаза и анестезиолог). Зафатат помина во најдобар ред и мн сум задоволна од услуга, сестри и доктор. Поминав само една ноќ и тоа пред зафатот а после тоа за 4-5 часа ме пуштија. Се што ти треба прашај ме и со лесно
Здраво, дали може некој да ми ја објасни постапката за започнување со инвитро, од кој ден од циклусот треба да се започне? Нас ни одобрија ваучер и се јавив да закажам во систина и ми рекоа да почнам да пијам некои таблети од втор ден на циклус и тогаш да отидеме таму со упатот од матичниот гинеколог и имало некоја шема што требало докторот да ми ја направи, па затоа сакав да се информирам како тече постапката
Јас правев пред 2 месеци на клиника кај Миле Тантуровски. Чекав да добијам циклус,на 7ден од циклус ја направив. Супер поминав. Имаш тема хистероскопија разгледај и таму мислења. Со лесно
Кога ке отидеш на закажаниот термин ке те прегледаат, ке ги носиш резултатите од хормони, согласно тоа ке ти кажат на кој протокол ке бидеш. Шемата што ја спомна е лист со дадена терапија по денови и состојба на фоликили. Со лесно
За жал нема крај на мојата голгота. Денес полна со ентузијазам отидов кај д-рот да ми направи шема но излезе друга работа. На десниот јајник имам полип и ќе мора да се отсрани што побрзо. Во дилема бевме со сопругот дали да почекаме еден месец и да го вадиме во Државна или во Систина. Како што може да прочитам по форумов, полипот не е ништо невообичаено и во други околности можеби би го лечела со чаеви, на природен начин но за жал мене времето ме гази и неможе да одоговлечувам. Ништо, останува да продолжиме со сопругот да се бориме и на крај се надевам дека ние ќе бидеме победници.
Трпение мила! За жал тежок пат одиме. Можеби со бавни чекори, ама сигурно кон целта! Само храбро, заедно сме сите во битката
Девојки изгледа пункцијата ќе ми е во петок,па прашањето ми е Вие коишто сте на долг протокол и кај Др.Митко Ивановски трансферот ви е на 3 ти или на 5 ти ден,или индивидуално.Пункцијата би ми била во вторник или среда или.....Фала ви
Тоа не зависи од докторот него од ембриологот. Тој, ке ве побара да ви соопшти за ембрионите, и ке ви каже кој ден ќе биде трансферот. Со лесно
од многу работи зависи, ти го пратат денот од циклусот, ендометриумот, развојот на ембрионот, па според тоа одлучуваат, кога и каков ембрион ќе вратат...со лесно па да ни се пофалиш
Ти посакувам успех мила и ти стигна до пункција. Секој ден ќе ти се јавуваат да ти кажат како напредуваат ембрионите и ембриологот решава кога е време да има трансфер. Чекаме да се радуваме за тебе
Оди си во државна, не е ништо страшно. Закажи си одма преглед и на првиот преглед прашај дали треба да почнеш со микрогинон од втор ден на циклус. Јас првиот пат бев неинформирана па од еден до друг преглед добив па пропуштив ради микрогинонот и чекав еден месец плус. Сега знам дека секој зафат почнува со пиење на Микрогинон и со време почнувам за да не губам месец два плус. Инаку деновиве ќе правам миомектомија и пак процесот почнува со Микрогинон. Без коса и без нерви останав од него, не знам дали само мене волку лошо ми делуваат тие апчиња.
И јас правев кај Саша Јовчески на клиника минатата недела,земи си упат од матичен за кај него ако сакаш вторник и четврток е во амбуланта 35 ,многу добар доктор. Отидов на 6 ти на преглед кај него на 20 ти ми направија хистроскопија значи не се чека многу...со лесно