Ми олесна душичке,ама битно е ти кога ќе си спремна и ти посакувам успех.❤❤❤Фала на поддршката,и јас поминав супер,ми помина пункцијата имав 9 и сега се мислам колку ќе ми се оплодат сакам да замрзнам па ќе видам. И така сега малку сум на рилекс па после ќе видиме.
Мене ова ми го кажа сестрата кога и се јавив да и кажам дека ни одобриле ваучер, а знаеш ли дали секогаш мора вака пред започнување со инвитро или зависи од случај во случај.
Јас не пиев микрогинон.директно од втор ден на циклус почнав со стимулациите.секој е различен случај. Како ќе одлучи докторот- така ќе ви даде соодветна терапија
Да ти кажам право,мислам дека зависи од случај до случај,ама гледам дека на повеќе членки овде им даваат микрогинон. Кај мене беше вака: Затоа што јас сум со полицистични јајнци, и кај мене и од други причини неможеше да се прави трансфер на природен циклус, минатиот месец од прв ден од циклус почнав со микрогинон. Ем да ми го намести циклусот докторот за трансфер,ем да ми ги одмори јајниците. Мој совет ти е да го прашаш докторот или сестрата конкретно за тебе,како ќе оди постапката,и да се придржуваш до тоа. Со лесно нека ти е,и со успех.
Фала душичка.Денеска сабајле ми беше пункцијата,правев во систина кај Др.Митко.Поминав супер и ми извадија 9 е сега срце ми се стега колку ќе ми се оплодат оти сакам барем да замрзнам заради годинките одам накај 40.Но задоволна сум и Господ напомош.Поздрав и секое добро и да се фалиме за нова година со мешковци.
девојки каков ви беше циклусо полсе не успешно инвитро јас 3 дена имав јаки болки анемав силна минустрација
После сите три трансфери си имав циклус како никогаш пред тоа....веројатно како и за се што сум изрод така и за ова, јас се обратна сум хахаха..Митко ми викаше очекувај болки прилично јаки со парчиња да ти е, јас ни едно ни друго, баш ми се среди циклусот по трансферите и да чукнам во дрво никакви болки, а пред тоа имав јаки ...барем тоа ми беше нешто позитивно што се смени од сите разочарувања ...организми различни се во прашање и они незнаат, мн пати по теорија се водат, а не пракса
Емче фала то од ❤❤❤ мила.За моиве години 9 е солидна бројка,но сега чекам да видам колку ќе ми се оплодат,сакам и да замрзнам,па ќе видиме.Леле срце во петици
Де бе па ти со тие години, ти кажав дека имам 38, затоа опушти се, не ти треба замрзнување, сега ќе биднат две оддеднаш Пиши ми порака ако сакаш, искуство ете од некој врсник што минал низ тоа и успеал фала му на Бога
Знам дека годините се бројка,ама се мислам да не ме фати некоја менопауза ,а сакаме бебуш и затоа ги нагласувам,ама изгледа секој индивидуално и ќе им пркосам на нив.Поздрав Емче ❤❤❤и се најубаво.
Знам, и јас сум испаничена од годините, еве сега сум во тој период кога треба да правам генетски испитувања и мислам ќе скренам од паника и параноја. А и незнам каде да ги правам
Вади срцето од петици и враќај го на место. Ќе ти треба за да ги исчекаш оние 12 дена за бета. Ти посакувам сите 9 да се супер убави бастоцити
Женски знам не е местото овде ама веќе незнам кај да се обратам работава Кај да правам генетски испитувања на близначка бременост, се јавив во една ми викаат не опфаќало се од хромозоми како за единечна, ќе скренам, ми се качи притисокот, неможам да се смирам. А уште ни на прв скрининг не сум била, ама пусти страв сакам да закажам од сеа и преку крв.
А да се релаксираш малку ? Во Авицена прават мислам. Ама дај малку уживкај бе девојченце, се ќе биде во ред. Што може да тргне наопаку со одбрана јк и одбран сперматозоид ?
Леле дај ми малку од таа сила твоја те молааааам. Неможам да уживам мила, ми треба мирна глава. Мислам цело време, ради годиниве ми е највеќе. Знам дека сум досадна, извинете. @Martka Мартке не туку ме лајкај, ќе стигнеш и ти на моето, ќе видиш како е Се смеам ама не ми е до смеење баш, дур не ми прочешлаат се, не сум раат. Само грижи, ваљда затоа е највредното и најпосакуваното нешто на свет, зашто низ што све не си прошол дур ти дојде. Раат само кога ќе ги имам во раце.
Прво за годините јас треба да се нервирам повеќе него ти, ама баш и не ми се размислува за години нешо денес Не биди плачка зошто ваква ќе бидеш и у оној форумон "се породив" и во "бебе форум" па ќе треба да те трпам и таму Оди листај таму колички за близнаци не се замарај многу многу
Здраво, дали има некоја хомозигот за мутација на mthfr c677? Што ви рекле докторите за то? Мене ми вика докторов....ааа ќе ме потсетиш за ова кога ќе го правиме инвитрото да примаш фраксипарин. Не можам да најдам која е поврзаноста на оваа мутација со антикоагулант... најдов само дека наместо фолна треба да се прима метилирана фолна...некоја искуство? Најдов низ форумов ама за хетерозигот...