Колку се нормални болките после пункција? Вчера ме болеше,малку внатре сум прокрварила при пункцијата заради тромбоцитопенија но ме виде др на ехо и се беше во ред. Спазмекс пиев и имаше болки цел ден.си викам ај нормално е.синоќа пак имав болки и денес исто имам.како долу ниско да ме притиска нешто и кафеав исцедок имам по одење во вц. Колку да трпам болка и дали некој два дена имал болка? на скала од 1-10 мене 8 ме боли
Мене ми се случи еднаш после пункција да имам болки и јас тогаш прокрвавњв за време на пункцијата. Мене тогаш др кетонал ми рече да се напијам за болки пробај со нешто појако против болка или јави се да си прашаш да си бидеш мирна.
^кетонал не ми помага.само спазмексот ми ја намалува болката 7-8 часа.помала е тогаш.и потоа престанува дејството и пак ме грчи.му пишав и на докторот. Сварив чај сега.се надевам ќе ми поминат. Незнам утре како би работела на работа кога подвиткана одам низ дома?!?
Јас имав болки, едвај седев. Одмарав по пункција и пиев мнооогу течности. Јади полесна храна за на пример да не се создаваат гасови и да притискаат и уште повеќе да прават непријатно чувство. Ќе помине, одмарај секој момент кога можеш.
Мене при втората пункција ми имаа погодено капилар и имав внатрешно крварење и ми се направи 10 цм ако не и поголем хематом,толку болеше што наредниот ден им се вратив во ремедика и ме задржаа во болница.Болките беа ужасни неможев ни да лежам,јас би отишла да сум на твое место да ме видат пошто штом кажуваш не е мала болката .
Олигоастенозооспермија Олигоастенозооспермија е кај нас. Дна фрагментација не прават во ремедика, ќе го правиме систина. Маж ми има варикоцела на лев тестис, ма десен не. Најчесто е на лев во 90% од случаите бидејќи е поврзано со вена од бубрегот кој го ствара овој проблем. По 3 месеци има резултати. Меѓутоа се однесува на подобрување на морфологија а не многу драстично на број. Не може да се очекува природно зачнување, индикацијата е пак ивф. И уште еден фактор од кој зависи подобрувањето на количината е колку време ја има варикоцелата и колку штета е направена. Го известив мојот ивф д-р Ивановски, нема да правам природен циклус нареден месец, рече ќе чекаме да помине зафатот. Мицковски сака "да не навлече" кај нив, димитров да ми прави ивф, ама тоа нема да се случи. Останувам кај Ивановски, ама не со ивф класично, туку максимум природен модифициран циклус. Доста ивф направив, а и фала му на Господ имам редовно секој месец ј.к. Евентуално размислувам да направам уште дијагностичка хистероскопија. Па со Господ напред, чекор по чекор
Цетротиде ги набавивме од Косово, Приштина ги има, турски се и Урошевац, по 35 евра беа, гледавме цена која им е набавна на аптеките тука од веледрогериите и тие ја набавуваат поскапо од 35евра и плус маржа, поскапо излегува.
Значи разликата е голема таѓу 35 евра а тука речиси 50 евра, дали ги има во сите аптеки таму или во некоја посебна аптека
Скоро кај сите поснабдени ги има, мене ми ги донесоа од Приштина од аптека Duro Pharm, можеби и поефтини се, незнам, во Урошевац пишуваа порано дека и за 33 евра ги набавувале, мене контактот ми беше во Приштина и за еден ден ми ги донесе. Бидејќи одма ми ги донесе инекциите,можеби си качил цена затоа велам можеби се и поефтини. Отприлика ќе ви требаат околу 6 инекции, но секогаш треба да имате плус една до две од тоа што е на шемата,така и мене ми препорачаа докторите.
Не пиј ништо, единствено ако не мислеше на виски под " нешто јако " Пред траснсфер секако ќе те боцнат дијазепам. Опушти се и со лесно
Јас пред трансфер си отидов на масажа, целосна. Не знаев дека боцкале дијазепам, јас не добив такво нешто
Уживанција. Браво за таа пракса што ја воспоставиле. Единствено што може да се појави нус ефект е да има болка во мискулите, обично утредента.
Edna inekcija 10mg diazepam I te kako ke te opustit I dva dena ke te drzi A drustvo da si prasam 5ti den od transver imam cuvstvo kako na rastegnuvanje vo stomakot, kako poduvanos. Dali e normal no? Sto cuvstvuvavte vie prvata nedela?
Кога јас бев на пункција вчера.цимерката моја беше за трансфер.не прими диазепам.ништо не прими.5 мин се задржа и потоа ја оставија да лежи 2 часа.ова за во Плодност ви зборувам. Јас планирам да се напијам диазепамче од 2 мг утрото кога ќе одам.толку ми е доволно за да бидам опуштена