Се што ќе осекаш ( освен мн јаки болки и крварење ) е нормално истото и јас го прашував. Уште малку па за висока бета да пишеш
Јас во Њуборн и кај Органџиски добив Дијазепам . И Систина ми кажа Поповиќ дека давале пред трансфер @Martka немој на своја рака да се напиеш Дијазепам или нешто слично . Најверојатно таму ќе те боцнат,заедно со прогестеронската терапија
Ни јас не примив, а мислам дека ни тие што беа со мене. Дијазепам во живот не сум се напила, којзнае како ќе реагирав, може ќе заспиев
Девојки ве што ќе правам јас без вас мили мои.Вие одма ме опуштивте.Се замислив да не се стегнам и да направам беља,ама чим даваат нешто за опуштање ме смири малку.Малку ми е незгоден спекулумот,знам пластичен е ама ми е језиво малку,ама нема друг начин ќе издржам храбро.Ви благодарам на сите за советите и поддршката❤❤❤
Пластичен бил? Аиии ова не сум го знаела, мислев железен класика Или и ова е различно од болницата Мартка, само така бејби, затоа сме тука, да си се подржуваме. Пиши и директно од таму ако не те земат одма. И јас заборавив на ова, ееех да не се навраќам на агонијата
Да да минатиот пат го ѕирнав беше зелен пластичен помал малку од класичниот железен,малку фаќаат не како за пап ама ќе успеам и храбро ќе издржам па макар и хебла ми ставале.Не се предавамЌе ме огрее и мене.Емче ќе гледам да пишам ако не се шекнам од диазепамот првпат ќе примам.❤❤❤
Kolku vreme posle transfer otkako ke ve odnesat vo soba,mokrite vo krevet,jas izdrzuvav 10 do 20 min tolku,neli dobro e dase mokri go pokrenuva embrionot?
Прашај си прво, дали ќе ти дадат седатив, за да знаеш дали да си се напиеш од дома. Ова не го имам забележано, искрено и на мене тоа ми е језиво. Со лесно и успех, да ни се пофалиш со позитивен тест и висока бета! А, те памтам со мокрењето мила, кутрата колку беше загрижена, ти кажавме дека ќе испадне за убаво! Не се стресирај душо, сигурно треба да се посвети повеќе внимание на машкиот фактор, кога веќе се’ имаш испитано и е ок. Кариотип испитавте?
@Queen8 така викам и никогаш не би се напила.знам. И вчера ќе пиев ама само еден Магнезан со Б6 се напив и немав потреба од друго. Стигнавме до овде сега нема назад.одвај чекам трансфер. Конечно почна да ми намалува болката во јајниците.дури сега.и се движам по дома и не мирувам строго.
Драга,јас сум денес 12 ти ден после трансфер,и не осеќам ништо. Од време на време,како некоја тапа болка лабава,и толку. Моја препорака ти е да не мислиш и да не се замараш и да не бараш симптоми,него колку што можеш да се опуштиш,барем јас овој пат така одлучив да терам,па здравје боже ќе видиме во вторник кога ќе правам бета. Со лесно нека ти е,и ти посакувам 2 цртки.
Магнезиумот многу помага против грчеви, посебно во комбинација со б6, издржи мила, речиси и ја заврши постапката, уште трансфер и виисока бета, те чекаме овде со прикачен фајл и две цртки, да славиме! Само опуштено и позитивно, мноогу сакам да успееш!
Јас првиот пат,едвај издржав 15 мин и мочав во лопата,а сега вториот пат,пошо отидов не со толку полна бешика,после 2 сааѕи кога станав да си одам. И не се замарај со тоа,неможе да им се случи ништо на ембрионите
Малку не врзано прашање ама ти ги гледав ноктите сега (топ btw) се надевам си ги избришала, јер трансфер Јас да си кажам, да не те мислам! Уствари за пункција беше тоа Се извинувам на "бисеров"
Што да им правам на ноктите? Намерно ги правам со проѕирен лак за да се гледа пркрвареност на нокт.а и ниту еден досега не ми спомнал.мислиш за гелот дека смета или?!?