Од душичка рано ми е на почеток сум,ќе веслам уште 2 неполни недели.Малку ме штрафат јајниците,те еден,те друг,малку стомак и така ,ама ќе издржам.
Срцка ти ја посакувам целата среќа на овој свет.. дај боже висока бета да слушнеме и од тебе! После тебе сум и јас добивме позитивен одговор од фондот сега треба да одлучиме кој месец да правиме ин витро ... Гушкииии!
@Martka @Alishan30 стискам палци за вас и дај боже да се радувате со две цртки. Гушки и бацки за вас ❤❤❤❤
Девојки, идни мајки , би сакала да се консултирам со вас околу следново: Имам висок ФСХ, а многу низок АМХ. Денес на преглед видоа неколку антрални фоликули (не ми е 2 ден од циклус) и ми дадоа цикло-прогинова 3 месеци, па совет е да се извлечат фоликули на природен циклус. Ова некако не ми штима, зар не треба стимулации за да се извлечат што повеќе? Кои се вашите искуства со прогиновата?
Циклопрогиновата е за воспоставување на редовен циклус. Мој совет после првата доза да одиш на преглед да провериш состојба зошто знае да направи цисти. За поквалитетни јк со високо FSH и ниско АМХ се препорачува природен циклус или некоја лесна стимулација или во одредени ситуации стимулации со краток протокол. Според мене од се она што го имам читано и со доктори што сум се консултирала најдобри резултати се со природен процес за такви случаи.
Јас сум тој случај . Одма започнав со стимулации со поголеми дози за извлекување на максимум од јајните резерви. Природен циклус не им беше во план. И ете терам
Јас сум многу мирна, многу ми беше битно се да направам како што треба, боцкање, терапија, ехо и тн. После пункцијата се смирив зашто моето заврши. Се понатаму е нивно и на организмот како ќе прифати. Додатно се мачев за пункција,т.е. за анестезијата,.така да овој период ќе си одмарам, работам и живеам нормално и ѓалку поспоро колку можам. Не барам симптоми, имам пецкање, гасови, болки, болки во градите од сам старт да не зборам, тоа е се од процесот. Едвај чекам да се вратам дома да си изгледам сезона Modern family и не мислам, само ќе се мачам. Само да не се пререкнам
Па да, @Ана на мама, веројатно и за тоа ми ја препишаа, циклусот ми станува нередовен, а ендометиумот е потенок од вообичаено. Обично ми бил 9mm, сега едвај 3-4. Причина за тоа е нискиот естрадиол. Работам на ФСХ-то, смокви во маслиново, матичен млеч и најново, џус од млада пченица (wheat grass juice) оти пред две недели, ме фатија топли бранови.. Не се издржуваше . Ајде прогиновата ќе ја почнам, па да видиме. Фала ти во секој случај. Закажавме и консулатација во друг центар за плодност, па ќе видиме што ќе кажат. @Peperugamala ќе може ли да ми посочиш со што точно ти беше направена стимулацијата? Да знам што точно да барам евентуално, оти овде многу, многу не се замараат, ме ставаат во 5% успешни бремености. За тоа ќе видиме! Не знам дали практикувате одредена исхрана, ама она што го исчитав и од искуство на една авторка, Јулиа Индичова во Inconceivable... за намалување на ФСХ, зголемување на квалитет на јајни клетки и забременување, почнав и да го применувам. Вегетаријанска исхрана во главно, шеќер, кафе и теста исфрлив, а додадов многу зеленило и мака во прав. И вода, многу вода!
Да те прашам ова џус од млада пченица го купуваш како таков или ти го правиш? Извини може глупаво ќе ти биде прсшањево но и јас сум со висок фсх а многу низок амин се откажав јас еден период ама срцево не дава да кренам раце вели продолжи со борбата. Инаку и јас почнав да ги земам смоквите со маслиново масло,сакам да пробам и со пченицава и мака пак да земам. Гледав виде на јутуб за облоги со рицинусово масло и тоа помагало за неплидност и тоа планирам да пробам но да ми заврши циклусов. Инаку и мене ми се измести не ми е баш редовен. Ухх ама не се даваме никако!!! Гушки до сите
@didi1982 јас бев со инекции Мерионал и Пурегон и не изреагирав воопшто а со Летразол (таблети) реагирам супер. Кога ќе одиш на преглед прашај за Dhea кај мене исто дава резултат. Имам редовен и добар циклус. @Milobebence колку ти беше АМХ што почнуваш да се откажуваш ?
0,22 ми беше пред 3 год сега не знам колку е ама ќе пробам пак на природен циклус па ќе видиме како ќе се одвиваат работите ова ми е во план.
@Milobebence, воопшто не е глупаво прашањето, не сме запознаени со сите алтернативи, но затоа сме тука, да споделиме искуства. Најдов видеа на youtube, за растење и со земја и без. Јас ја растам без земја, немам услови за поинаку. По можност, пченицата да биде органска. Еве неколку: Мислам дека може да се купи и во прав, ама не знам дали е достапна во МКД и квалитетот каков е. За облогите, заборавив да пишам, ги практикувам исто. Навечер се мачкам и масирам, па ставам термофор преку ноќ. И јога за плодност исто од youtube, на сабајле: https://www.youtube.com/watch?v=YFvJ9eoruLU Ќе не биде, мора да не биде . @Ана на мама, фала ти. Сакав да те прашам за рејувенацијата, има резултати? Се мислам дали да пробам, едниот јајник беше без фоликули.
Сеуште не знам, сега деновиве правам операција па после ќе почнам со стимилации и пункција. Вака првично на преглед ми кажуваат дека имам уредни овариуми (а претходно беа намалени, деформирани...). Обавезно ќе ти пишам после прва пункција, ако имам среќа до крај на годинава ќе направам една.
За рецепт за млада пченица да ви кажам. Органска од плитвички езера рачно берена наоѓав во вита клубот на Цвета Динева негде околу 1000е, во прав. Во чаша вода (јас ја користам таа црната чаша за матење наа апаратче за нес), ставаш лажица ленено масло, цедиш еден лимон и едно лажиче млада пченица. Јас за убаво да се измати го матев на апаратчето за нескафе. Не е некој убав вкус ама лимонот го краси Исто за женското интимно здравје да си земете мака во прав. Најдобро дејство има кога се пие со какао. Едно лажиче во зготвеното какао и убаво промешуваш. За благо, а да е здраво да си направите домашна нутела. Пола тегло мед другата полобина со какао. Убаво мешате.
Nema shto da mu pisuvas na Lazarevski ,taa im e procedurata za dolg protokol,prvo mikroginon pa posle drigo shto ke odredi doktorot. Ne mu se sekiraj ke bide se vo red. Vi posakuvam uspeh, pozdrav.
Мила Кларитромицинот е антибиотик.се дава за инфекција или ако ти е даден по пункција за да се спречи инфекција. Јас сумамед примав.тие два се лекови од иста група
Софија 88, до кај си ти мила? Баш те помислив, те чекам со убави вести... hug: И ти да не’ израдуваш, да се слави овде!
Имав и јас слаб ендометриум и матичната ми рече ти немаш многу шанси, но почнав еден месец секој ден смокви во маслиново и јас и мм, од сабајле и навечер, после продолжив со сок од цвекло, сок од соковник интензивно со ленено семе, алое вера што си пиев од претходно, магнезиум,витамини др. И ендометриумот беше супер после тоа цело време Да додадам и чај од аронија пиев. Сето тоа ми беше начин на живот и исхрана, ништо не ми беше проблем, едноставно сфатиш дека мораш и нема ама Се надевам дека помогнав на некого
^^ пченицава јас сум ја растела поради лоша крвна слика, едно време само од неа ми се оправи. Просто е, ставај земја во тепсија/плех, нешто ниско, сееш пченицата, чуваш на топло, полеваш секој ден и за некои 10тина дена веќе ќе има за берење, кога ќе изникне некои 4-5см мислам беше сечеш и оставаш 1см. Можеш уште еднаш да растеш, но по трет пат не, не знам оти ама така ми останало дека два пати е ОК. Јас ја мрзнев во коцки мраз и ја додавав во смудињата, количина отприлика, секое утро ја пиев, по еден месец знам да имав големо подобрување. Е сега како помага кај хормоните не знам, но добро е познато дека кога е здрав, цврст организмот, се се регулира, па јас би пробала што да не, барем к.с ќе ја ојачате