Баш сега кога треба да го добиеме ваучерот и да почнеме со ин витро жена ми има проблеми со циклусот, веќе му каснат 6 дена а тестот за бременост е негативен, денеска бевме и на гинеколог и му направи ехо и се е во ред нема ни бременост ни ништо, ни рече до другата недела ако не добие пак да одиме, не знам што е работа, цела глава мие е изпомешана и на мене и на жена ми
Каде планирате да го правите ин витрото? Ние пред некој ден го добивме ваучерот.. прв пат олку и доцни на сопругата циклусот?
Ииии ќе заборавев. Младата пченица не треба да се допира со метал односно со метална лажичка, само со пластична или дрвена. Истото правило како медот.
Сме помеѓу њу борн и сиситина, веке 3 години немача проблеми со циклус, освен понекогаш 3-5 дена плус минус
Ајде се ќе истрпиме . Ќе ни се исплати маката ќе видиш. Точно нова сум и не сум упатена во сите работи. Не сакам да ги брзам работите, но не сакам да ме влечат подолг период,( инсеминација со тироида 6 и без хсг на пример ) пошто кај мене секоја менструација може да биде и последна. Честиткиии
Девојки дали некоја може да ми каже, со прекинување на фраксипарин дали треба да се прекине и со Аспирин?
Душичка во консултација на гиниколог,според мене,не прекинувај и додавај сама на своја рака ништо.Секое добро. Девојки неколку дена по трансфер,дали можам да се избањам цела.Некако шубе ми е од топлата вода и што ќе морам да стојам.Ваљда можам едно 10 минутки.Вие како практикувате.Фала ви ❤❤❤
Да можеш ама да не биде водата ептен топла и не смееш купка да правиш да полниш када а за бањање стоејќи и како што кажав со не многу топла вода можеш. Мене така во њуборн ми рекоја така правев.
Јас мила правев трансфер во вторник, а се избањав во недела. Чекав да ми поминат критичните денови. И ќе се бањаш со млака вода,никако купка и да лежиш во када. На стоење,со млака вода ќе си се избањаш. Поздрав
Јас истиот ден од трансфер се истуширав со млака вода. Не можам да функционирам и да се поднесам ако не сум истуширана.
дали вие што сте на терапија со достинекс поради висок пролактин, после ембриотрансферот продолживте со достинекс (читам различни искуства)....и што значи прогестерон депо на 4 дена?!
Јас сум со висок пролактин и терапијата никако не ја прекинав, намерно и прашав дали треба уште да го пијам после трансфер и ми рекоа да продолжам. Иначе една четвртинка неделно пијам
Можеш, само како што ти одговорија и др. само со млака вода, јас сеуште со млака се бањам. Како свикнав незнам, обично со врела се попарувам. Иначе, сега баш ми се уврте во глава, претходно за инсеминациите никој ми немаше кажано дека врела вода не смее, и јас ко по обичај си терав, и на секое излегување од туш дур се дотркалав до соба, што да ви кажувам,грч ненормален, и едвај се облекував, така лежев во бањарка и си офкав, многу ме болеше стомакот.Така да, има нешто во тоа. Сега жал ми паѓа, си викам може имало нешто ама јас сум напраила беља.
фала ти на одговорот, ова од причини што во моето минато ми го прекинуваа достинексот после трансфер, а имам читано дека кај некои го продолжуваат без прекин. а на странски сајтови читам дека го даваат после ембриотрансфер, иако немаш висок пролактин,....во случај на хиперстимулација.
Јас сум на бромергон по 1/2 таблета навечер и спреј Вит.Д Заради пролактинот и нискиот Вит Д. Намерно ендокринологот ми го даде бромергонот зошто смее да се употребува и за време на инвитро и бременост.(за пролактин или Достинекс или Бромергон даваат) Прогерстерон е за задршка на бременост. Депо е поголема количина во еднократна доза. Јас сум после трансфер и не ми дадоа прогестерон.примам:пролутекс ампула во стомак,циклопрогинова 3х1,имприл 1х1,кринон гел навечер плус 1/2 тбл.Бромергон и 2 пафа Вит.Д спреј навечер
Од трудничкиве може некоја да ми одговори аспирин до кога ви рекле да пиете и Кринон гел аплицирање?? Матичната незнаеше да ми каже, ми рече Димитров да сум си го прашала ама незнам кога ќе се видам со него па викам да ве прашам...Thanks
Ема многу сме слични и јас уживам да се кувам под туш....Ама сега ќе ќе потрудам со млака вода и побрзо искачање а иначе уживам да се парам со врела вода мммм убавини па една миризлива купка ммм....Иначе што се однесува до инсеминациите не си имај терет на душичката,јас правев пред некоја година и се бањав со врела вода и си правев све што ми душа сака и тестот беше позитивен,но си имав мака со имунолошкиот мој систем.Иначе велат ако треба ќе биде па јас и на глава седела цело време.❤❤❤
Мене ми рече ивановски аспирин до крај а кринонот да го прекинам веќе,доволно било до 12та недела.Јсс имам уште три па ќе ги дотрошам и толку.
Едно смешно прашање. Зошто јас немам ниту грутки од кринонот ниту некаков темен исцедок?само како воден исцедок имам наутро.синоќа ми беше трето аплицирање.целосно е истиснат внатре.проверувам на крај празна е пипетата. Дали некаде грешам или не е правило да истекува нешто?
Фала мила, малце ми олесна. А ти глеј набрзинка тушни се и бегај. Искрено се надевам дека ќе биде работа Таман е, јас целооо време сум со воден исцедок. А зошо немаш грутки појма неам, обично останува нареден ден грутка. Чим си ставаш немај гајле.