сите по кратка постапка научивме многу работи од форуов,...го претркавме времето и докторите. се дополнително што сум испитала е благодарение на овдешните муабети. одамна сум во процесов за ивф и за прв пат кога отидов кај асален специјалист за стерилитет, остана без зборови,....му се бапнав со цела папка завршени испитувања. со лесно.
@L*G како е, правеше ли тест? @Alishan30 , @Martka , @Flower123123 all good??? Како си поминувате деновиве?
Јас гледам да се релаксирам-малку феминка,малку добра приказна,малку муабетче со моите,малку тв и поминал денот.Од се по малку.Што се однесува на симптомите малку штрецање па ќе помине,малку бодежи во градиве па ќе помине, зголемен апетит мноогуу ми се јаде само нешто јадам и пак дупка од стомаков како да не сум видела храна.Се радувам на новите бебуши и ви посакувам на сите полни рачиња.Фала што ме мислите Емче
И ј И јас веќе не се жалам на болки. Немам никакви симптоми. И градите не ме болат како по пункцијата тие денови. Веќе од вчера се движам по дома. Многу јадам,изгледа од хормоните.нонстоп нешто во уста да имам Грутки од кринонот сеуште немам По цели денови божиќни филмови гледам,фајн ливинг и ТЛЦ. Сега за сега ок е се. Фала ви на помислата. На сите кои чекате ви посакувам две II
@Alishan30 @Martka И да уживатр двете,и така месецов е прекрасен,барем јас си го сакам,ради празничното расположение,а особено филмовите божиќни во изобилие. Инаку јас сум да речеме добра,повторив bHCG денес поради тоа што крварам,и се е ок 32 000 е, докторот не ме виде ми рече дека е премногу рано, ќе се боцкам со прогестерон наместо еднаш неделно на 4 дена, и да одам нареден понеделник да ме види. Сега ќе си чекам до понеделник, и ќе гледам божиќни филмчиња.
Браво Нане баш ми е мило што се е во ред со вас. Гали меше и уживај.само позитивно.на филмовизија имаш милион филмчиња божиќни.јас сите по ред си ги пуштам и се смешкам.
Да замешам и јас прстиња Што значи спермограмот е слаб ? Која е дијагнозата ? Слаб спермограм може и да се успее со инсеминација, не дигајте одма раце ако е ивф не значи дека мора да е успешно. Ако спермограмот е со некоја полесна дијагноза со селектирање ќе добиете добри сперматозоиди и ќе имате шанси за успех (нормално ако е се во ред со тебе). ИВФ е мачен процес поготово за жената не се измачувајте ако немате стрикно потреба од него. Што е ваше ќе си дојде, трпение само и ќе успеете
Во право си, не е исклучена можноста за успех со иуи, ако има барем еден милион преработен(пречистен) материјал, а понекогаш се прави обид и со нешто пониска бројка и од таа. Меѓувреме, со суплементи препорачани од д-р, избалансирана храна и добри навики, може да се постигне одредено подобрување на спермограмот, како и состојбата кај жената.
I da gi platis vrenenski pak treba da ti pominat meseci isto ko da si gi pravela zatoa najdobro ili napravi si gi ili probaj so 2 podah dokumenti pa ako baraat vo meguvreme ke napravis uste w
Дааааа...ајдете стварно со душа ве чекам, тие таму се веќе пред пороѓај,ми иде да им пишам Ајде веќе пораѓајте се,да настапиме ние тазе трудничките,да си фатиме со ред се од муабети
Хахаха абе Емче стварно значи си верна на дружинава. Мора да побрзаме инаку ќе те пораѓаме во оваа тема
Така де Вие сте ми мене друшки, овде ми е најкомотно ама дека сте вие тука иначе таму ни е местенцето кај што припаѓаме. Ајде 2019 осеќам овде ќе почне прашина да фаќа, во Труднички ќе се журките! Од срце ви посакувам 2019 (скоро)цела во меше да ви помине!
Фала ви девојки на одговор, сеуште сум на мисла. Инаку читав дека со акупунктура се стимулираат одредени точки, се оди неколку пати пред пункција, ден пред трансфер и после тоа пак. Јас како што разбрав не е само онака за релаксација, има позитивни резултати, ама како и да е кај нас изгледа нема баш тоа што го барам. Освен кинезот не слушнав за друго место, а незнам колку е специјализиран за оваа област. Ех, што нема да ни текне, ама све за бебенце. Ви благодарам уште еднаш, ако нешто дознаам обавезно јавувам инфо.
повелиии 023099560 со лесно да биде, дај боже да биде се како по книга. мм оперираше варикоцела, во 8-ми септември, исто како кај вас др му кажа дека нема гаранција за подобрување на спермограмот. но секако јас сум за тоа да се проба и елиминира секоја можна пречка.
Здраво на сите, ве читам веќе една година, тогаш го правев првото ивф кое за жал беше неуспешно, инаку сме машки фактор... денес ми е 11ти ден од трансфер со вратени 2 8клеточни на 3ден.... ме фаќа фуфка а сакам утре поручек да направам бета.... да не е рано се плашам