И јас ве читам некое време но сега се регистрирав. Пункцијата ми беше на 28 Ноември извадени 12 јајце клетки, 5 оплодени, а трансфер на 30 Ноември вратени 2 ембриона. Кај др. Лазаревски сме, но тој е на боледување па инвитрото го правеше др. Поповиќ. Денеска е 11ти ден од трансфер, а утре планираме да правиме Бета ХЦГ преку крв. Симптоми скоро никави,освен тоа што од денот на трансферот до сега чувствувам благи болки нешто како ПМС. Инаку прво инвитро ни е .. Се надеваме на висока Бета утре
@mimi257 @Bubi31 одвај чекам утре да ни пишете убави вести и позитивни резултати Мене денес 8 ми ден од трансфер. Некако страв ми е тест да правам а се ближат деновите. п.с. почнаа грутките од кринонотси мислев којзнае колкави грутки ќе излеваат, оно, малетки се. Ништо страшно На кој ден вас ви ги вратија ембрионите? Има ли врска на 3 ти или 5 ти ден за тестот? Зошто вие на 12 ти ден проверувате бета?
На мене матичната ми рече дека и со упат бета ја наплаќаат секаде приватно. Прашав во Куманово во лабораторија "Карпош" чини 600 денари. Таа цена од прилика би требало да бидне и во Скопје.
На мене на 28 Ноември ми беше пункцијата, а трансфер на 30ти. Би требало да покаже и на 12ти ден, па ако е ок, ке ја повторам на 14ти
Јас некаде читав дека ако се бластоцисти 8клеточни и се развиваат 3 дена покажувало бхсг уште на 12 ден,но јас решив да чекам до 15 ден. до наредната недела.Ви посакувам убавини...❤❤
паааа симптоми.... зголемени гради и ме болат, болки во стомакот како благи менструални, два пати до сега ноќе ме имаат разбудено грчеви во матка кои траеа по 2-3 мин, а претходното ивф ништо од ова.....сега попозитивна и се надевам
Фала ти Martka Исти симптоми и кај менее Заборавив да пишам дека и јас неколку пати имав кратки грчеви во матката, и зголемени гради кои ме болат на допир .. А уште од првиот ден од трансфер па до сега чувствувам благи менструални болки. Со лесно и со убаво нека е, па да не израдуваш со висока бета
на 12 ден ќе проверам попладне кога ќе се врати сопругот од работа, затоа што на 14тиот ден треба да се појавам на комисија за продолжување на боледување @Bubi31 утре е наш ден
како иде тоа со комисија, последниот ден од боловањето се оди и одма ти продолжуваат боледување, не сум била не знам.