да тоа од матичен, и после 15 за на комисија кога идеш ми е прашањето, како иде постапката? (пример после позз тест)
Ниту јас немам појма како,иде ова со комисија ама сопругот денес кога бил до кај матичната за упат му рекла ако пишува 15 дена боледување тоа е сабота значи да однесеме документи во петок а јас денес цел ден вртам на некојси бр и никој не ми крева или е зафатено да прашам како иде тоа со буквите и дали ти определуваат точно време или само да знаеш прва втора смена
И јас сум на тој пат на мажми спермограмот е лош Тератозооспермија дијагноза .. Така да и јас сум на тој пат во петок одам во Ремедика за втор спермограм па ке ни каже докторот што понатаму па се мислам дали во ремедика или систина за инв.
Размисли си добро, јас би те советувала во Систина да си одиш, или кај др. Лазаревски или кај Ивановски. Само за прво одење кај нив многу се чека. Посебно кај Лазаревски, можно е и 2-3 месеци да чекаш за термин. Можам да ти го дадам бројот од сестрата што работи кај Лазаревски, кај неа се закажуваат термини. Фалааа Касно е за домашен тест, тој најточно покажува со прва утринска урина, а секако сабајле одам на тест преку крв Како ке заспијам вечерва незнам ...
Па ако можеш да ни дадеш број би било супер да си се консултирам јас па би размислила. Фалати на советот на овие осетливи теми добредојдени се најмногу....
Опаааа колку многу бети ќе имаме у Декември, браво !!!! И ајде трудни ајде побрзајте со високите бети зошто јас како последна сакам да заклучам вратата
Девојки да Ве прашам, после позитивна бета, и она прво боледување од 15дена ако е се во ред , дали и зошто продолжувате боледување?
Одлично прашање, јас сум токму во таа ситуација. Продолжувам затоа што законски ми следи 3 месеци за инвитро. Продолжувам затоа што е сезона на вируси и настински а матичната доволно ме испоисплаши. Продолжувам за да се одмарам, за да не трпам стресови и разно разни ситуации на работа, ние сме во океан систем многу луѓе,гунгула што би се рекло. Воглавном ради тоа. Слушам совети дека од одмор посебно во првите месеци, подобро нема.
и мм оперираше варикоцела пред година ипол но нема никакви подобрувања, тогаш Мицковски во систина исто нудеше 50% ако оперира од двете страни одеднаш, но Ставридис рече НИКАКО, мора една страна па друга да се види како ке реагира телото пошто нема назад @mac82
Воглавном дома преку ден, маж ми на работа, но знам и да свртам некое кругче низ маало и до продавница за да се раздвижам ама само со претходна консултација на апликацијата Мој воздух Другарки избегавам, исклучиво вибер и телефонски комуницирам секојдневно со нив, не ми се љутат воопшто. Барем уште некое време ќе избегавам. А со маж ми знаеме да седнеме негде на ручек, барем еднаш неделно,за викенд претежно, во маало имам ресторанчиња. Шетам и со него ама саат време максимум,после дома и испружена на кревет. Свикнав
Четврток ќе правиме, којзнај што ќе биде. Кога го видов резултатот денес од дна фрагментација, притисок ми се крена, 41%! Ќе направиме се што ни се нуди. На крајот на краиштата немаме друга опција. А и не се откажуваме од друга страна. Горе високо- долу длабоко е работата!
За на комисија, обавезно ден два пред да ви истече боледувањето од 15 дена од матичната да одите,да ви го продолжат барем уште 2 недели. Ви треба предлог од матичната за комисиско боледување,извештајот од трансферот,и резултатот од бетата. Со сите овие документи одите на комисија. А за тоа која смена која буква е,не би знаела да ви помогнам, и мислам дека не се закажува. И обавезно да оди вашиот сопруг на комисија,никако вие лично,и да знаете дека може да си почека. Поздрав и со лесно на сите, чекаме високи бети .