Лелеее мила.те молам одмарај и не се замарај за ништо. За боледувањето јас исто како тебе би постапила. Ризик ми е со луѓе да се мешам во време на сипаници и настинки. Затоа дома е најубаво.и оправдано е секако боледувањето. После позитивен резултат од инвитро.не следува законски 3 месеци боледување. Некој ако е спремен баш сега во декември-март да работи. Нека оди. Јас не би.работам некогаш и по 16 саати.обично прекувремено. Затоа седи си домче и внимавај на себе. Со лесно денес и не се плаши. Се ќе биде добро
Фала ти душо, еве пробувам некако да се смирам. Срцево незнаете како ми чукаше сабајле ,после пецкања ме фатија, ужасно чувство. Ме смири малку Димитров, му викам Докторе тука ли се? ..Е кај ќе одат, на пат ли? И му пуштив солзи, ми вика Леле, абе будалче си еј. Ај се тешам малце
Чим те виде Димитров не се сеќирај само молимте одмарај...Покриена си со терапија галкај мешко,збории им,милувај ги бебушките и најважно е лежиси одмарај си... Јас мислам дека до 12та недела си го лежев денот не дека ми беше кажано туку преку ден си одмарав сопругот на работа,навечер ќе си прошетав пополека кратки прошетки или со кола,избегнував собиранки ради вирус,сипаници.Не работев ми беше побитна бременоста.Еве сега имам синче 1 годинка по 5то ивф. Јас си реков се умерено ќе правам и ќе го доносам живо здраво...Страв ќе постои до породување но мораме ние сами во тие моменти да си направиме самоконтрола и да мислиме на убаво и да галкаме меше.Зошто тие се осеќаат..јас знаев и да си потплачнувам и секогаш бебе икаше и мрдаше ко да го бркаат полицајци возмемиреност осеќаше... Ајде се ќе биде добро со убава позитивна мисла како до сега и на скрининг ќе помине се добро. Со лесно на ситеее стискам палчиња за позитивни тестови и висока бета
Ема одмарај и мисли на убаво.И јас сум плачка и паничарка и си се тешам после самата,а и мм е многу присебен и секогаш ме одвраќа од патот по кој ќе скршнам со мисливе.Али све е тоа нормално.Ќе помине и ќе си ги гушкаме најмилите.Те
Еве сега го земав резултатот Бета 2.0 .Се јавив на сестрата во Систина да и го кажам резултатот, ама кога и реков дека на 12 ден сум правела бхцг, вика неее не ја прекинувај терапијата освен ако не добиеш циклус, а за 2-3 дена повтори го тестот. Тоа е што е ..
Емма,фала што ме мислиш, правев тест 14ти ден од трансфер и беше негативен, бидејќи немав менструација сеуште докторот рече да го повторам за два дена,така да и вчера правев тест и повторно таа најболна една цртка. Вчера вечер почна да ми пробива и денес уште имам само кафеаво,сеуште не можам да рачунам дека имам нормална менструација. Моето прво инвитро на полуприроден циклус,добиена само една јајце клетка и вратен 8 клеточен ембрион е неуспешно. Еден циклус ќе одмарам,ќе собирам документи за да поднесам преку фонд, овој пат за класично инвитро за да добијам повеќе ембриони и поголема шанса за успех. Избришав солзи и кренав глава, нема разочарувања. Многу е тежок и напорен патов борба за бебе, но јака ни душа,мора да се издржи до крај Секое добро ви посакувам најмили
Душа мила те Тежок е патот,но ќе го изодиме до крај,а крајот ќе биде најубав. Те мила,ќе помине овој период и ќе видиш следниот пат ќе биде успешно и сите ние овде ќе скокаме од радост.Еден ден ќе успееме....
знам мартка , после дождот иде сонце, секој неуспех прави да сме по јаки ! Држете се сите силни и полни со желба за успех без откажувања
мерење на базална температура ! мерам чат-пат, кога не сум во процедура за ивф, па да се најдам во работа и ДА, точно е според базалната кога имам овулација и кога очекувам нов циклус т.е. кога ќе се покачи б.т. над 37 имам овулација, а кога ќе ми падне б. т. под 36.6 си добивам циклус. си размислувам и прашање ми е, дали базалната температура е поврзана некако со периодот по ембриотрансфер, на пример?!
Не се разочарувај душо, борбата мора да продолжи. Само напред со крената глава. Мора да ни се исполни сонот!
Мила ќе ти кажам и на тебе и на сите случка која се десила кај Ивановски он ми ја раскажа...направила девојката тест некаде околу 12 ден, страшно се разочарала, се убила вика од плачење, во депресија паднала, се откажала и оп вика и доцни и пак правела тест, тестот позитивен дури на 18 ден ако добро се сеќавам...и настанала мн касно имплантација...он ми рече тогаш имам два вакви случаи во цела кариера, но ете знае понекогаш и чудо да се деси...можеби овојпат и кај тебе ова ќе се случи...ние вика затоа кажуваме никако порано тест, џабе стресови си правиме...пуштам огромна среќа, да се смени за брзо резултатот ...нека до Нова Година има бар мин. десетина нови трудници, ајде да рушиме рекорди
Фала за поддршката мила, не сум разочарана воопшто, една изгубена битка не значи и изгубена војна Ако нешто сакаш, мораш да се бориш до крај .. Фала ти на поддршката, да се надевам и јас дека сум една во милион случаи
врз основа на имунолошки/генетски испитувања ти утврдија дека емб. ти го отфрла телото? не разбрав. кој др ти го утврди ова.