Е Многу,многу се израдував за новитетиве овде денес, сега ве читам,денов хаотичен ама фала му на Господ се добро се заврши. 3 гинеколози ме видоа, па да здивнам малку. И со мм се поткарав зашо сум била паничар тежок и почнал да се загрижува тек па каква ќе сум била како мајка. Нејсе (шо би рекле), убавиве вести овде ми ја надополнија радоста и уште повеќе сум окезена. Ќе се спие убаво! Ви честитам од се срце на вас нови труднички, не ја напуштајте оваа дружина овде, чест е да се биде меѓу овие храбри и борбени жени со најтопло срце на свет. Ќе си пишуваме и во труднички, но додека не ги собереме сите од овде таму, нема напуштање. Со лесно нека ви е, и без паники како мене.Господ да не пази и да биде се во најдобар ред со нашите бебушчиња. Ве поздравувам и гушкам сите! Имајте убава вечер Ќумрам со тебе значи, се смеам на глас Сакам да ви се заблагодарам на сите за денешната поддршка, многу ми значеше секој ваш збор. Ве гушкам сите, незнам што ќе правам без вас, стварно!
И пак прокрварев, не е многу ама го има. Чекам да дојдат инекција да ми шибнат. Па добро бе има ли смисла, аман со шоковиве. @Ана на мама срцко се смеам да знаеш и покрај се Прогестерон депо на 4 дена.... Поздрав женски и добра ноќ!
Ти реков 21ви век. Да не си се поместила од кревет ќе се караме Плус заедно ќе си лежиме и ќе уживаме сега некој период
Не се секирај,се ќе биде во ред,само ќе бидеш умна и нема да мрдаш од кревет. И јас се боцкам со прогестерон депо на 4 дена,и плус утроогестан од 200мг,3×1. Опушти мозок,и гледај божиќни филмови.
Кај го правевме моабетот за боледување . Биди мирна колку што можеш до тоалет полека и без притисоци. Пиј повеќе течности ради запек. Се ќе биде како што треба мисли ја количката, како ке бидат свртени едно кон друго или едно позади друго
Драга Емма2, јас примав прогестрон депо од почеток до 34 недела од исти причини како и ти. Еве го второ одд.е сега. Само мирување и позитивни мисли. Ти праќам позитивна енергија
Хехе сега како што се поставени си вртат грбчиња, да не сакаат и тогаш да не се гледаат баш Едно позади друго! Фала на поддршка, те гушкааааам Ќе побарам за боледување насоки,иако решив кратко и јасно, 2 чекори до кујна и вц нема да ме исплашат!
Од фзо ни се јавија ни барат 2д и 4д. Ехо, како дополнителни документи, е сега кажете ми во скопје кај се доставуват на исто место каде што првите документи ги однесов, бидејќи директно таму ќе одам пак
Мила фала ти, ти незнаеш колку ме смируваат овие искуства, да ти е живо и здраво и Господ да ве чува сите
Не ми е местото овде, зашто останав бремена по природен пат, ама не поминува ден да Ви го посетам подфорумов и да се потсетам колку сте Вие храбри жени и дека жениве не заслужуваат да се нарекуваат понежниот пол секоја чест за Вашата храброст издржливост и желба... Ви посакувам на сите близнаци кои ќе се мнооогу темпераментнипа да се изморите од трчкање по нив @mimi257 & @Prstence со лесно нека Ви е на двете *здрави и живи да се родат
Мили мои херојки... Честитки на сите кои добивте позитивните резултати и ви посакувам на сите што сте во исчекување да ги видите двете цртки. Мене овој месец ми се деси чудо! Јас не можам да си поверувам се уште. Вака 2 ипол години обиди по болници 4 неуспешни инсеминации после 4 тата не повикуваат на разговор да ни соопштат дека спермата со секоја нова инсеминација била се послаба предлагаат да се видиме со уролог, закажавме ехо на тестиси супер резултат вена попопуштена нема забрането луто, цигари и алхохол дадено апчиња за подобрување на спермата и дополнително витамин Е остануваат 3 апчиња со привршување на третата доза, мојот циклус како швајцарски часовник ретко да задоцни еден ден скоро никогаш два... Спремни и испратени докумети до фондот за ваучер после 20денови добиен ваучер! Чекаме да ја доврши терапијата сопругот и да одлучиме кој месец ке се прави ивф. Месецов на мене циклусот ми доцни 4 дена никогаш тоа не се случило до сега вчера купив тест ноќеска се будам 03:30 за до вц успат го зедов тестот што ќе видам две цртки! Јас уште не можам да верувам сеуште!сабајлево во 09:00 спремна и да испитам преку крв дадов крв и резултати после 18:00 часот не можам да дочекам.. ве гушкам сите издржите мили и 2019 сите со полни мешиња и раце! Ке ве известам за резултатот!
Честиткиии значи браво.И мене ми се деси исто чудо и дај Боже сите да се израдувате вака . Уште еднаш честитки и имај лесна школска бременост мила