Фала мила , никад не би помислела дека ова може да ми се деси. Сега едвај го чекам резултатот од крвот кога ќе се потврди тогаш ќе бидам мирна. Кога треба да одам кај матичната за на ехо?
Благодарам душо на сите да се случуваат вакви чуда дај боже се молам за сите кои сакаат да ги видат двете цртки. Не можам да верувам дека ова јас го пишувам. Господ е голем најголем сите молете се на него не на доктори. ❤️
Честитки до сите нови мешиња. Јас крварев 3 неденели константно. Еднаш дури имав излив на крв и помислив готово. Зошто мислев дека е готово не ни отидов на приватно. Си реков за лоши вести и без пари може да одам да ми кажат. Кога, на ехо срцева акција. После тоа крварев уште десетина дена константно по малку. Веќе после трети месец се беше стабилно. Почнав и на работа да си одам, а дома сега си имам ѕверче од 16 месеци. Само слушај си совет од доктори и одмарај.
Да мила , ти ја предавам мајата и ти кај и да е ќе испитас бета така?! Нека истата биде висока тоа од се срце ти посакувам те гушкам
Честито @Baby^ лелеле деновиве се само позитивни бети .... Се изначитав и изнаплакав од среќа... Добро малку сум трудна па емоцииве на нос си ги носам
Благодарам срцка. Кажи ми кога треба да одам за на ехо? Да не треба да пијам некој витамини? Инаку настината сум пијам само чаеви ништо друго , се надевам дека че помине нема да одам на полошо..
Јас во среда на ден каснење имав позитивен тест ,направив бета ми беше 900 и нешто и петокот правец гинеколог и веќе се гледаше сакусче .Така да провери бета и одма на гинеколог
Леле што се сум пропуштила, браво значи браво лавици !! За да не пропуштам некоја ќе речам честитки на сите нови труднички.. јас и посакав да има мн позитивни тестови пред Нова Година... Ајде не има уште на листата на чекање, пуштајте среќа на сите нас... нека продолжи само вака и никако поинаку ! Се прерадував како за себе мене еуфорија ме фати, ух интересно станува ..
денеска бев кај матичниот за да направиме 2д и 4д ехо, бидејки ни го барат во фонд, ама матичниот ни рече дека не парвел ин 4д , не знам што понатаму, молам за помош од тие со вакво искуство, кај да направиме 4д
На клиника можете за некои 200 ден . Ама не знам како е со закажување. Инаку и во Систина и Ремедика исто можеш. Ама цената е повисока . Нека кажат членките колку е точно. Јас мислам околу 3500 дека е . Честитки до сите нови мешиња. Темава стана лудило од позитива
2д и 4д ехо може да направите кај др. Љупчо во Куманово, ова ви е тел. бр. 031412300 може да се јавите и да си закажете. Ама обавезно му напомените да напише писмен опис за kavum uteri.
На клиника може и со приоритетен упат (ќе почекате ама ќе завршите работа) , ако сте во можност во петок одете докторката (Др. Спасова) што е тогаш во одринација е многу коректна кажете и дека ви е за ивф ваучер и ќе ви пише се што треба и одма ќе ви го даде мислењето и од клиника право во Фондот. Јас на клиника правев и 2D и 4D на еден извештај.
И мене така ми бараа дополнителни 2д и 4д истиот ден си отидов кај матичниот гинеколог и ми закажа на клиника за 3 дена ми беше терминот одма ми ги дадоа снимките и ги однесов истиот ден кај мајка тереза
Се јавував кај доктор лупчо сестрата знаеше се што треба и ми рече дека коштало 1200 денари ( ова нека биде информација за пациентите од куманово, ке му требат на некој), Буби фала многу земо