Нема на што мила, пуштам огромна среќа да стигнеш до прав избор на доктор кој ќе те донесе до бебе... за Трајковски да ти кажам да не те излаже првиот впечаток, ти го викам ова затоа што јас поради тој дел пред две ипол години, реков нема шанси ...но еве сега се вратив кај него како попче не ни бев сигурна дали правам прав чекор, но му дадов шанса и до сега дефинитивно не се покаав, туку напротив сватив дека во животот не е битен секогаш првиот впечаток кој знае мн да не излаже... Сега од оваа дистанца сваќам дека сакам мн.внимание, достапност на докторот, заинтересираност, да не ме паѓа психички, и да не ме гледа само ко бројка, и тоа го добив од Трајковски и од Њу борн...нека не те излаже тоа што не збори мн.но да знаеш човекот си ја брка 100% работата и дава се од себе, ... Не ти го викам ова зошто сега сум кај него па те убедувам нешто, еве и јас уште незнам што како ќе биде , но сакам моја некоја си слика само да ти доловам од моето досегашно "искуство" од одење врата на врата кај разни доктори и на што да обрнеш внимание. Секако размисли си добро отиди и кај други доколку не си сигурна, сепак најбитно е ти да се осеќаш мирна и спокојна.
Здраво девојки, ќе сака некоја да ми каже за процедурата за во фонд за рефундација на средства за Фраксипарин? Извештај од трансфузиолог ми треба од почеток на терапија или на крај?
Извештајот од трансфузилогот мора да го имаш пред да ги купиш инаку нема да ти ги признаат, фискални со сметко потврди и потврда од гинеколог дека си се боцкала тоа е се што ќе ти треба за рефундација.
сопругот денес зема упат за на трансфузиологија приоритетен и што да правам само да барам извештај или треба нешто да проверам?
Па мила јас првиот пат кога бев ми испитаа неколку работи и според нив ми препиша терапија и ми даде извештај на кој пишуваше колку клексани треба да примам и од кога и тој извештај ќе го чуваш за рефундација ќе ти е...само извештај на неиспитано незнам искрено дали даваат, мене ми давале понекогаш но после веќе кога се било испитано..
да се потврдам дали добро разбрав....може сега пример да се земе извештај од трансф. во кој општо ќе стои за следно ивф...дека треба да се прима антикоагулант?
пошто јас имам само извештај од Ремедика на кој пошува да примам клексан од 5ден од трансферот до бета а сага само усно ми ја продолжи терапијата усте две недели до ехо, башка што примам и пролутекс а и тие ич не се ефтинки
Да мене на сите извештаи ми пишува дека за наредно ин витро треба да примам клексани уште на почеток на процедурата исто и аспирин ми пишува...овој извештај може да ти е постар ќе го уважат не мора да ти се поклопува пример месецот пред ин витрото...мене ми го примале и кога е стар 3 месеци, не ми правеле проблем.
Така на "слепо" нема да ти дадат извештај, мора да ти земат крв и да ти одредат точно дијагноза/мутација.
Извештајот за да ти го признаат во Фондот за рефундација мора да ти е од некоја државна клиника, од приватните како што знам не ги примаат.
фалааа. да тоа секако дека ќе ми испитаат параметри. јас секако имам индиции од претходно, според генетските испитувања. одамна имам идено кај јани-тогаш ми се допадна, многу смирен и темелен, сега гледам ја фалат Елена П., ваше мислење? @ана на мама не примаат од приватно, проверено ! п.с. абе како тагирате некоја членка, во црвено
Елена Петковиќ е супер јас кај неа одам две години и презадоволна сум, жената е прекрасна и мн услужлива, што ретко може да го кажам за доктор од државна клиника. пишуваш споено значи без празни места ...@па името на членката точно како што е она напишана
Па не мислам дека е потребно да "бркате" доктори за ова, знам за Елена дека е супер ама има да чекаш со месеци. Јас кај Сузана бев (во понеделник е во ординација) и супер прием имав и ми објасни и си испрашав се што ме интересираше. @brm_brm јас никаде не реков од приватно зборуваме за Трансфузиона . За тагирање кога ќе ставиш @ не оставај простор меѓу зборовите.
@Ана на мама извештај од приватна клиника НЕ. @Софија 88 јеееее @Ана на мама погоре те разбрав дека имаш извештај од ремедика за клексан/фраксипарин. затоа така и ти пишав. одмна и јас имав од систина извештај но не го примија.
Нема да чека ако ја замоли, јас ни ја познавам ни ништо без никаква врска влегов со приоритетен без чекање на шалтер и ја замолив, кога слушна за што се работи рече влези и ме услужи како никој друг ...буквално жената е срце знае колку тежок патот и се труди да успееме...само нека биде упорна членката да влезе кај неа гарантирам ќе ја прими..
прашав за трансфузиолог, бидејќи сите имаат различен пристап. не сакам да се потсетам, на 'почетокот на мојата кариера за бебе' налетав на петановски, и ме упати кај кочо во хемолаб. тоооон пари се изнададов дури да сфатам дека се можам да испитам на клиника. и тогаш беше сууупер расположен за муабетење. после одреден период отидов кај него на клиника. имав плус некои испитувања. тотална разлика. се правеше дека не знае и сосема различен пристап, а да не речам и дијагоза.
Оффф никаде не сум рекла такво нешто. Лошо си видела Јас бев наутро и бидејќи правев и комплетна крвна слика бев гладна. Не мислам дека за мутации треба да си гладна ама за секој случај биди. Јас правев сите можни анализи поврзани со ИВФ и бременост ме чинеше 1250 денари. Сакав да бидам мирна.
,@Ана на мама се извинувам, не беше твојот пост за извештај од приватна клиника, туку на @mimi257 . ,значи @mimi257 ,не признаваат извешјтај во фонд од приватна клиника. @mimi257 што направи со комисијата за боледување?!