денес ми го продолжиле до 21.12 па да сум направела нова бета, пак ќе.треба извештај од болница и матична незнам зашто не ми дале две недели додека одам на ехо
Не даваат месец на комисија, на мене лично,со предлогот од матичната,извештајот и bHCGто, ми го продолжија од 5ти декември до 26декември, а јас барав 2 недели барем до прва контрола,ама ете мм беше и ми дадоа три недели боледување. Што се однесува на рефундација на средствата зс клексане/фраксипарин,и мене првиот пат со извештај од приватна клиника не ми прифатија. Затоа овој пат,уште пред да почнам, си бев на трансфузиологија,кај др. Јани,испитав Д-димери и хомеостаза, и ми даде извештај,и затоа што ми пишуваше консултација после позитивна бета, ми даде нов извештај за да си бидам покриена. Поздрав до сите
Јас кај нив термин неможам никако да најдам . Мене Емилија ме извиси,нели ви кажував нејќеше да ми пише па ми рече ај ке ти пишам.И денес отидов во фонд да ги однесам документите и таа тамо ми вика ова не е извештај девојче нема пишано ништо ми вика само предлози од гинекологот и приватен трансфузиолог.Ништо со ова .Ме напна триста не мораше да ме лаже како од нивен џеб да даваат пари .Страшно
Ајдеее, луди се скрос у фонд жими се,уште не сум била да поднесам за рефундација, миселев кога ќе ми се соберат два месеци,да одам,па да видам што ќе ме просфетлат.
Не е крива таа во фонд .Оваа од трансфузиологија е крива госпоѓата што ми кажа ќе ми пише ама нели прво те боцкаат и после идеш по резултат и тамо треба да стои извештај.Е кај мене нема.А она изгледа по димери се водеше пошто да се разбираше барем малце во генските мутации ке знаеше зашто мора да ги примам.
И јас исто влегов. Дечкото од шалтерот ми вика мора ли кај неа? Јас му објаснив дека имам спонтани абортуси и неуспешни ин витра и дека желба ми е кај неа. Отиде и кажа на докторката што е работата, и веднаш ме прими. е навистина.
Здраво девојки, убави вести се изначитав, се изнарадував како за себе, најискрено, честитки до најновите мамички. Сакав да прашам каде купувате Прегнил инекции, никаде ги нема, Трајковски ми рече во помалите градови да барам, сака да пробаме нешто на природен циклус, пред следново Ивф. Или да ги барам Бугарија, Грција. Благодарам девојки, среќно на сите, новава година да почне со убаво. :
pregnilot remedika bolnicki ti gi davaat vo newborn ne li ti dadoa onaka po apteki tesko ne veruvam deka negde ke najdes
Хаха, браво така треба и тебе ти успеало, баш ми е мило...знам затоа и пишав на членката прееска што ме праша за Елена Петковиќ, прекрасна е мн и излегува во пресрет, кога и реков за што е, се соживеа одма со мене... за неа и ендокринолог Катерина Адамова имам само пофални зборови. И кај двете не ме примаа со приоритетен, но чим бев упорна да влезам кај нив и да им објаснам со цело срце ме примија да ми помогнат, двете овие докторки едноставно, ме воодушевуват би им дала орден, тешко дека други би не примиле на начин кој на нас ни е повеќе од потребен...вакви речиси и да нема на клиника, само упорност и добар збор, до нив да стигнеш треба првично, после без проблем ќе те примаат.
Фала девојки, знаев дека може да сметам на вас. @dagmar Трајковски ми рече сами да побараме, стварно незнам зашто, дали да не не троши Искрено се мислам дали да пробаме така, како и да е ивф треба да правиме во март. Ова природно да си пробаме дома, 5 дена летрозол (фемара), па да ме зирне на ехо, па прегнил и домче. Инаку за второ ивф се спремаме, а ова во меѓувреме
@Talesia прегнил нема, единствено овитрел замена ама цената изгор, 2030 ден. Нема во аптека во систина. Нема ни во еурофарм низ цела мк. Јас најверојатно од лерин ќе ги нарачам, ни треба поголема количина за терапија за маж ми. Ако добијам инфо во меѓувреме ќе пишам. Сеуште не ми е сигурна информација ама во софија има и цената е топ 3 еур. Се што ќе разберам ќе бидеме во контакт
@Talesia порано прегнил го имаше секаде, но еве штом членките викаат дека сега го нема, за твоја сигурност јави се во неколку аптеки, да стапат во контакт со веледрогерија ако може да нарачаат.прашај во аптеката во систина, ако и таму немаат значи не се увезува. замена, како што некој спомена овидрел, субкутана инекција, но незнам колку е исплатливо, за онака да се боцнеш, 2032,00 е. @mac82 фала на информација, значи не ми се верува дека во бг е само 3 евра. значи која катастрофа сме си цени и лекови, за жалење. @mac82 а прегнилот во какви случаи го препорачуваат за мажи и кој?
@brm_brm @mac82 Дефинитивно нема во мк, така на неколку места ми кажаа, меѓу кои и Систина. За бг ќе провериме, па здравје ако ги најдам, ако не, многу ми е комплицирано за чисто онака да се проба
обично овие тригер инекции се даваат за иуи и ивф, сега не знам која е целта и замислата на докторот. ептен ако немате никаква дијагноза со сопругот, па докторот да проба, но како да имаше напишано дека се спремате за ивф мислам!