Се што си напишала е точно, јас не знам овие наши доктори или се самоуки или лопови и мрзливци, никакви информации не дават, дури кога ние бараме нешто да испитаме ке се налутат, не се чудете ако слушнете дека во куманово исвршен камиказ напад над некоја здравствена институција, веке преку глава мие,, после се бунат кога јадат ќотек од пациенти, епа заслужуват
да се надоврзам за метилиран б12. ова ги најдов во бг на сајт...некако евтино ми се виде... сте ги користеле?
Општиот матичен доктор ти дава упат и за двете испитувања. Се прават истовремено и за тебе и сопругот. Едниот е за амбуланта имунологија, па тамо одиш кај доктор и тој ти кажува кои испитувања треба да се направат, а за кариотип се прави на гинекологија.
Преку кариотип се откри дека имам ретка генетска болест, мозаик на Танеров или Турниров синдром. Докторите во шок, зашто немале таков случај, а замисли како ми е мене. Во среда имам закажано кај специјалист генетичар, па ќе видам што ќе каже тој
zdr samo da te prasam za kleksanot za potvrdata od medicinska seztra sto ti ja dava treba da e od kaj maticen ginekolog ili od kaj opst maticen lekar
Не се паничи мила, консултации обавезно со генетичар, можеби не е толку страшно ко што ти испрезентирале, да не се депримираш пред време, и докторите некогаш се филмаџии. Ок е што си открила, ама можеби има терапија за пред и за време на бременост, за да си тераш нормално. Иначе, сум приметила дека докторите за прво ивф воопшто не се замараат, за се’ треба сами да се едуцираме, ама штом има едно неуспешно, значи дека веќе треба да се посветат повеќе. Сепак е добро што постои форумов, си разменуваме искуства и информации, за да знаеме што да преземеме за наше добро. Ти посакувам успех, што и да правиш! По потреба, побарај и второ, и трето мислење.
Луни душо мани го Димитров јас очи ќе му ископам ако пак го видам. 3% нормални не е за иуи се оди директно на ивф. Не си го губете времето и парите бадијала. Собери документи и поднеси во фондот со 3% спермограм ќе ти дадат одма ваучер ни инсеминации ни ништо. Направи ги прегледите што ги бараат во фондот и плус направи си проверка за мутации на трансфузиона (ова е важно, не знам зошто не го бараат пред секое ивф, јас правев ивф а имав мутации и тоа го открив сама на своја рака благодарение на форумов). Што се однесува до годините не се секирај ние сме тука многу и +35 +40.
Не ми е познат овој, јас друг користам, околу 26 лв, овој колку е? Дефинитивно, во Бугарија се многу поефтини, гледам дека речиси сите купуваме од таму, кај нас само во аптеката во Систина ги има, не знам за друга аптека, и тоа околу 1.000,00 ден. се. Сега некои од доктороте го препорачуваат Имприлот, ама скап е.
Многу е ефтин. Би требало да е ок, само од друг производител е и затоа и цената е таа. @dagmar, може и од кај општ матичен, затоа што може и таму си се боцкала, на пример... Ако сака, може да ти даде 100%.
За ова упат од матичниот гинеколог или? Ништо никој неспомна кај мене па нз дали да си испитам на своја рака или да прашам кога ќе одам кај др. бидејки на консулатациите не рече ниш за да допровериме.. и дали само јас или и сопругот?
Како ги правите на имунологија испитувањата? Од кај матичниот земате упат за имунологија, таму доктор ве прегледува и ви кажува што да се испита? Матичниот преку мој термин закажува? Мене само на трансфузиологија ме пратиле и тогаш Лазарески имаше конкретно напишано што да се испита. Не ни отидов кај доктор таму...
Резултатите од хормоните стигнаа... Доктор кажа дека се било супер. На 22 ден испитав уште еднаш Прогестерон бидејќи беше 0,39 зошто ми е низок толку многу?? Во понеделник ќе одам да видам што ќе каже тој резултат ..
И мене не ми кажа никој да испитам а правев ивф и ако беше успешно ќе завршеше со спонтан (зошто имам мутација). Јас на своја рака испитав од тоа што видов тука на форумов една членка ми рече да испитам. Земав упат од матичниот лекар (не гинеколог) и кога отидов на трансфузиона и објаснив на докторката дека сум за ивф и таа ми ги пиша сите проверки во врска со ивф и бременост. Платив 1250 денари.
Да побарам упат за на трансфузиологија или имунологија...за генски мутации да го нагласи или? во понеделник прво што ќе направам да земам упат... и важно на гладно се иде или ? Пс.ти благодарам мн