Деновиве ја отварам посебно оваа тема Лавици жени ми го разубабевте денот @ocicka2014 @Martka @Alishan30 со лесно да ви е бременоста,школска и уживајте ова е ваш преубав дел од животот по 9м да си бидете горди мајкички @Bubce38 е следна за висока бета е тек тогаш ќе викнам трубачи и ќе играм и ќе се радувам Се радувам за секоја од вас ко за своја душа,го знам патот 5 години го одев тежок е многу но еден ден сите ќе не благослови Бог со рожба. Со лесно на сите во постапка секогаш сите ја имате целосно мојата поддршка
женчиња, честитам на сите за позитивните тестови овие денови, да не ве бројам, на некои им пишав а на остатокот вака у групњак. скокам од тема на тема...Дијагностичка хистероскопија.... кој правел, како се прави, кој ден од циклус и што се добива и цена нормално....пример Систина, ако некоја има искуство, и истото и за ...Скречинг... тенк ју. п.с. имам правено обична хистеро пред 1,5 години на ГАК(отстранет полип и септум)...дали може да се појават повторно?
Јас правев дијагностичка хистеро, на гак, мислам 8ми ден ми правеа. Исто како што ти правеле претходно така и сега, само што ќе биде дијагностичка, но ако има нешто ќе работат, може плус и лапаро, мене ми направија, циста вадеа, ако не ќе добиеш извештај што виделе и тоа е тоа. Приватно кога прашував ако не се лажам некоја цена 40.000 како да спомнуваа, Систина, најдобро прашај, можеш и на телефон, на информации, уствари пред месец дена имаа пак покачување на цени.. Скречинг Борн правев ама ич не знам што цена сум платила. Ништо посебно и тоа, 5мин работа, два дена имав исцедок и тоа е тоа..
И јас скречинг правев, мислам дека 6000 платив. Многу кратко трае, ништо страшно. Немав ни исцедок ни болки. Мене ми правеа на 23 ден и наредниот циклус правев трансфер.
Јас правев лани дијагностичка и скречинг заедно во Ремедика, платив 18000. Не се сеќавам точно кој ден правев, ама мислам дека беше одма после циклус
Дијагностичка лапаро/хистеро немам правено,двете ми беа интервенции,едната ендометриоза,другата ендометриоза и миоми на матка. Колку што знам,за интервенции лапаро/хистеро се прават најкасно 10 ден од циклус, се со цел да не влезеш во плодни денови,препоставувам дека и за дијагностичка е исто. Ќе видиш ќе ти каже докторот најубаво. За цените,во државна платив некои 3000 ден,за првата, а за втората во ремедика околу 46 илјади мислам дека беше пред една година. А за тоа дали се повторуваат,не знам мила што да ти кажам. За миомите мои знам дека се повторуваат, таква ми е структурата на матката. Со лесно и со успех кај и да правиш.
@Nane26 уште тоа немам направено. па си викам да се распрашам шо како. првите 2 ивф ги правев пред хистеро, па се испостави дека сум имала и полип и септум.
Ооо боже,како не видел никој дека имаш полип и септум. Не е дека не се гледаат. Немам зборови. А ХСГ правеше? Мислам дека на него би се видело дали имаш септум? Мила нема откажување, се што треба ќе направиш и ќе издржиш,ќе видиш дека се ќе биде во ред,и дека ќе вроди со плод. Јас што не поминав овие три години, па еве сега трудно сум,и тоа вчера на прво ехо,дознав дека имам 2 душичиња во мене. Нема откажување никако. Те
Ако сте со машки фактир под 4% не треба да правиш лапараскопија, доволно е 3д на матка. Така пишува во правилникот. На нас ,,по грешка'' исто ни бараа, а сме со под милион по обработка и кога пишавме приговор си ја поправија грешката.
Честитки за новите трудници, @Martka, @Alishan30 и @ocicka2014 , имајте школска бременост и со лесно до крај, да се израдувате со убави бебенца! * Темава е раздвижена многу, така и нека продолжи!
Тука сум мила, извесно време апстинирав од форумов, за да одморам малку , но не се откажувам, сепак сум овде и ве следам, можеби имам пропуштено некои дешавки, ама ќе надокнадам. Фала ти што ме помисли и што ти фалев. Добра сум и се’ е исто, нема уште ништо ново! Како си ми, ти? Колку се сеќавам, јас и ти во исто време ја почнавме борбата, редно е да се преселиме од темава во труднички! Нема откажување мили мои, само напред!
Нема откажување! Може да одмориме, да паузираме, но продолжуваме додека не успееме Добро сум, чекам да дојде моментот да си го земам последното мразулче, со надеж дека новата година ќе ми биде посреќна И на сите дека ќе ни се оствари најубавата желба
Од срце ти посакувам да успееш мила, многу ќе ме израдуваш! Едвај чекам да видам од тебе прикачен фајл со две убави црвени цртки, заслужуваш да бидеш среќна, како и сите ние тука, ама ќе успееме! Мислам и @Софија 88 е на ред да не’ израдува! @Meckicja, да ти е жива и здрава ќеркичката. Многу се радувам што успеа и ти конечно, беше упорна, браво и за тебе!
Falaa mila te cekam I jas tebe da se pofales so visoka beta vo najskoro vreme I da si drzes dve bebcinja odednas vo racete deneska bevme na pedijatar I bebceto e super kaza dr
Дај Боже мила, Господ да ги услиши овие твои зборови! Ќе ти се придружам во труднички, очекувај ме, сакам и журка таму да има!
Инфо за прегнил, има само во аптеката во ремедика ( само за пациенти на болницата, со извештај од нивни доктор), а во слободна продажба нема. Проверив во софија и во лерин, нема.
Фалааа што се сети на мене мила, нека ни даде Господ да се израдуваме и ние, навистина е време...2019 ќе се родат мн бебиња, ептен плодна година ќе биде, па ајде да ни се посреќи и на нас, доста беа маки мислам време е за бебе ...јас читајќи ги сите членки што имаа позитивен тест добив мотивација и надеж, па си гледам колички, креветчиња и си избрав веќе, хаха !!
opaaaa so sreka so lesno da si imas skolska bremenost i se najubavo ti posakuvam poznanicke (sto neznam koja si hihihi)