Во право си Алишан ,истото мислење го делам со тебе. жал ми е што ти се случило, идеме понатаму, како ти така и јас и сите други со изгубени битки ,до нови победи
Ах Алишче ме расплака истово го минав два пати со таа биохемиска бременост но по тие два пати третиот останав бремена сега имам синче 13месеци...зборот ми е дека чим настапува бременост за секој следен чекор си поблиску до следно забременување.Ова Петановски ми го кажуваше. Многу убава идеа имаш и да се придржуваш по пишаново ќе успееш следниот обид.Главата горе...и јас ко тебе последниов пат многу работи сменив и многу позитивно размислував и покрај тоа што ми беше последен ваучер и што немав замрзнати ембриончиња.Те најсилно главата горе 2019г.ќе е твоја година исто важи и за @Недопирлива5 @Софија 88 @0ли @Bubce38 и на сите останати на темава побрзо во труднички да се преселите па во мајчински Господ е голем сите ќе не дарува со рожба
Одлични ти се предлозите @Alishan30, сакам и јога, и медитација, и книги и фотографија. Поздрав и поддршка до тебе, ми даде многу идеи, и јас немам каде да одам да се релаксирам, а и планината ја сакам, па ќе смислам нешто. Се најдобро
Милаа, Дај Боже, Господ е Голем, ќе не’ награди сите до една, само упорноста и вербата не смееме да ја изгубиме! Позитивната мисла создава позитивна дела! Животот ти е таков, какви ти се мислите! Фала ти што ме помисли и за поддршката! Баш ко што кажа, 2019 ќе биде наша година!
Кога рече последен пат јас сватив дека да останеш бремена па да не ти треба за следен пат.Како обид за прво бебе.Ама ти на што си мислела. Да ти кажам јас интезивно се борев 10год со ивф и сега сум 37 се откажав но се вратив во битката за бебе пак. Жолти минути сите имаме и потреба за одмор но не смееме да се откажеме чуда се случуваат медицината напредува има надеж и за нас те . И ти посакувам висока бета.
@Alishan30 мила, ме расплака со пишаново. Не знаеш колку ми е жал за првото неуспешно ин витро, сочувствувам со тебе, најискрено Но од овој пост се гледа дека си силна и храбра жена, не дозволуваш еден неуспех да те скрши, баш напротив, како феникс се издигнуваш и стануваш посилна. Човечки е да се исплачеш, претежок е овој пат кој сме го започнале, преполн со неизвесности, но она што не држи да останеме на патот и да не се откажеме е крајната цел, и нема откажување додека не го добиеме она што го сакаме. Само убава позитивна мисла и верба во Бога, на крај ќе се радуваш и ти и сите ние кои сме тука. Од срце ти посакувам следното ивф да ти е последно (уште поубаво ако се случи чудо во меѓувреме), дотогаш прави го се она што те исполнува и те прави среќна, посвети се на себе, здрава исхрана здрави навики и верувај дека наскоро ќе се израдуваш со она што најсилно го посакуваш
Убаво кажано. Самите мораме да си помогнеме и да одиме напред. И само ЉУБОВТА И ЖЕЛБАТА ( како највозвишени емоции) што ја имаме ќе не доведи до целта кон која тргнавме П.с. мене многу ми помогна ана бучевич ја следам на јутјуб
Душичке, пишуваш во форум каде се води битка со години околу забременување. "Не чекајте до 41" ми звучи како тиха језа. Сакаш да кажеш дека за мене е "буквално касно" ? Многу ти благодарам на поддршката.
Јас сум нова на форумов , со истиот проблем се мачиме и ние, мојот сопруг има азооспермија , се надевам само дека упорноста ќе ни помогне, имаѓе закажано на биопсија на тестиси па ве молам ако имате некои искуства да споделете.
Ние правевме минатата недела биопсија (микротесе) и лапароскопија на варикоцела кај александар мицковски во ремедика. Се што те интересира пиши ми во порака. Годините се само бројка мила, ништо не ни можат, одиме до целта
@Alishan30 Само да ти кажам дека следната година ке ја поминеш со трудничко меше,и ке бидеш многу добра и храбра мајка. Ова е само една сопка,знам дека за кратко ке ја поминеш целта @Flower123123 честитки,со лесно и со убаво да ти помине бременоста
Не, за мене беше, а тоа им го кажав и на сите мои другарки, па сега се со бебиња сите. И страшно е, тоа е мојата трагедија, не значи дека кај сите е така, само јас не бев свесна. Секое добро @Ана на мама
За мене на пример, и на 36 е касно, според дијагнозата, рана менопауза. И лекарска негрижа е! Моја одговорност е делумно што, не сретнав соодветен човек порано, ама на тоа никој не може да влијае. Зборот ми е, секоја од нас има некаква приказна, поради која не би биле на темава ако беше поинаква. Затоа малку повеќе солидарност и сочувство не е на одмет. Генерално зборувам. @Alishan30 прегратка и поддршка, главата горе! Еден ден, сите ќе не биде! Тежок и малку неблагороден е патот, но финалиот исход е она што сите ќе не оплемени. Во еден претходен пост, ја препорачав книгата на Јулиа Индичова, сега сакам една друга, It starts with the egg- Rebecca Fett. Одлична лектира за тоа како да го заштитиме своето здравје од сите токсини кои интерферираат со квалитетот на јајце клетките, исфрлање на контаминанти (дезодоранси, парфеми, пластика, продукти со фталати....), начин на исхрана, потребни суплементи итн итн. Има и група на facebook со името на книгата, водена од авторката. Топло препорачувам, за сите дилеми и прашања .
Девојки бев во плодност кај Д-р Таше и со едно испитуванје на 4д и докажа дека поголем проблем има кај мене одколку кај мажми кој е со 3% нормални сперматозоиди , јас сум имала многу мали јајници и лачеле многу мал број на ј.к а со тоа се намалувалаи плодноста и со лабораториски анализи се воспостави истото дири би можело и во скоро време да ме остави менз... Зар е можно а толку сум млада..., и ми кажа под хитно инвитро значи не само тој и јас сум имала проблем го уште малку ми останаа документи за ваучер и со господ напред
Ах колку не му верувам на тој Таше, изгледа тоа со "мали јајници" му е стандардизирана дијагноза (и мене исто ми кажа). Како стоиш со хормоналниот статус, колку ти е ФСХ ?
женчиња, кај мене на пример никогаш ендометриумот не ми кажувале колку мм е на трансфер. никогаш не сум добила позз тест, па се прашувам дали е до тоа! веќе сама си барам причини за неуспешните ивф. кај вас ви кажувале? и ваш совет за подобрување на ендометриум и поголема рецептивност на матката,...многу ќе ми значи
Ни мене не ми кажаа на денот на трансфер. На последното ехо 2 дена пред трансфер ми кажаа 11 мм. Секогаш досега имав 5-6 мм ендометриум.во било која фаза. Јадев многу јаткасти плодови.бразилски ореви.ананас и многу цвекло од тегла. Ама многу. 1 тегла за 2 дена ја јадев. Тоа мене ми помогна.плус и алое вера пијам.веќе 5 то тубенце од жолтото.и тоа помагало. И примам спреј Вит.Д по 2 пафа дневно.заради низок вит.Д а тој доста го има во ендометриумот
@brm_brm ти кажа Алишан веќе ама и јас знам дека конкретно бразилските ореви многу помагаат на здебелување на ендометриумот и рецептивност на матката благодарение на големото количество на селен,цинк и Е вит.Само внимавај,по две-три дневно се доволно. Исто цвекло,и ананас,средишниот тврд дел.
со овие анализи ми го утврди тоа а не ми е јасно никогаш не ми доцни редовно ми иди и ми трае 3 дена...