Во Ремедика ги правев сите 5 инвитра и таму имав замрзнато на второто ивф...Правев два ЕТ со замрзнати и се надевав на трет но ете се деси...еве и последното ивф се надевав дека ќе имам замрзнати еве за второ дете здравје но искрени беа дека не се со идеален квалитет а беа бластоцисти џабе ќе ги замрзнувам да не давам пари дека одмрзнувањето нема да го преживеат...а имав 3 ембриони кои ми останаа бластоцисти...но си реков ова ивф ќе е успешно нема да ми требаат...да синче имам сега...но реално многу е полесен начин за да се направи ЕТ со крио ЕТ бар нема инекции,нема шок на организмот,нема пункции...но така требало да биде.. Со лесничко на ситееее Господ е голем ќе бидеме ситеее мајки..Трпението е тешко но верувајте ми сега секоја инекција се исплати и секој следен чекор и секоја битка за да стасам до ова денес... Имав тогаш и денови реков абе ако треба и во уста и образи ќе ставам инекции само мајка да биднам...зошто и цела бременост Клексани...но се за дечиња ќе направиме нели лавицииииии????
ке правиме во плодност биопсија ни бараат од фондот па се надевам дека ке биде во ред. Хормонски статус проверувавме во септември беше во ред. Па се надевам дека ке излезе добро резултати дали даваат одма?
Vo plodnost biopsija na testis? Koj ke vi go pravi? Dali imate provereno dna fragmentacija? I kaj maz mi hormonskiot status e ok, ama dna fragmentacija visok procent.
Да во плодност незнам кој доктор како се вика ама имаме во среда заказано ние имаме посебен проблем сопругот има параплегија и проблем со ејакулација па со господ напред ке видиме.
@Bubce38и јас планирам да поднесам за втор ваучер, кажи ми каков е тој извештај за неуспешно инвитро. Јас имам само извештај од трансфер, а од бетата немам. Од документи имам вака: Хив и хепатит, крвна слика, хормони и пап, 4д ехо, два спермограми. Треба ли уште нешто?
Па тоа де . Извештајот од трансфер . Некои викаат дека и тест од бета барале ,ама ми нема логика . Им доставувсш ново 4Д ,се гледа таму дека нема бременост . Тоа се документите , тие што си ги пишала . Хепатит б и ц пак и за двајцата
И уште ова... Меѓу првиот и вториот ваучер правев хистеро и дијагностичка лапаро. Дали да се поднесе тоа за втор ваучер или нема потреба?
Иако не ми ни барале да правам ниту имав на извештајот од ХСГ индикација за тоа? Првиот ваучер ми го одобрија без хистеро/лапаро. По добиениот ваучер ги правев.
И мене не ми побараа ,ама јас пратив . Затоа што на една познаничка овде и имаа барано ,така од "чиста мира ". Па губеше нови три недели. Немаш зијан ако ги пратиш
Девојки конечно дојде и мојот ден, бетата на 14 ден ми е 3863,0 ... Доктор Трајковски е мојот херој сега имам огромна причина да го пофалам после 3 неуспешни кај друг доктор, ова е прв успех мој кај него....!!! Ви ја пуштам сета среќа да успеете и вие да ја дочекате оваа радост, јас сега се префрлам во трудничките па се читаме таму...п.с никогаш нема да заборавам низ што се поминав, затоа слободно да ми пишете за совет тука сум во секое време, за сите вас....морам да заблагодарам на @Queen8 @A&Z @emkaemka што се цело време тука за мене и уште еден куп ве нема да не ми замерите
Честиткиииииии Браво Софија, се наежив. Многу ми е мило девојче. Со леснооооо! Ај каква радост утринска. Б Р А В О !! Се полни во Труднички, јухууууу