За Имунологија општ матичен ми даде, а за трансфузиологија гинекологот. Рано си направила, навистина е рано, а особено за домашен тест. Почекај уште некој ден и провери си бета. Ајде, знам дека е тешко чекањето, но рано си направила. Пуштам среќа за успех!
Мила немој толку рано, ембрионот уште не е имплантиран тогаш нема сигурно да ти покаже, зошто да се нервираш беспотребно толку брзо, можеби ке биде позитивен, а ти да си се стресла за џабе...некогаш кај некои знае да покаже 8,9,10 ден но не се препорачува, поради касна имплантација...јас искрено би почекала, го чекаме долго тој момент па за уште некој ден не е страшно ...пуштам среќа за позитивен тест
Имам пишано неколку пати . Секој доктор може да ти даде упут. Мене конкретно невролог ми дава за секаде упути . Ми има давано и оптш матичен конкретно за трансфузиологија Ако сакаат може да дадат Ама очигледно некои сакаат да си ја префрлаат топката
Да, не сакаат да даваат. Мојата општа вели требало да сум имала удар за таа да ми даде за трансфузиологија. И мене не ми се расправа, па затоа одам кај гинеколог за упат за Трансфузиологија.
Немам трпение, а симптоми имав до вчера као некое боцкање на левата страна, веќе и тоа исчезна. Фала ви на сите
@Софија 88 Честитки мила. Гали меше и уживај во периодот кој следи. Ме израдува премногу,и многу ми е мило.
Рано ти е за тест, повтори го за 2-3 дена. И да има имплантација, потребно е уште 2-3 дена за да почне да расте бетата во крв и да достигне вредност која домашен тест може да ја детектира, а башка тоа ако се работи за многу подоцна имплантација. Затоа не се разочарувај пред време, рано е.
Нормално е тоа чуство барем јас така мислам..еве јас утре одам на преглед 21 ден откако сум на Микрогинон и најверојатно ќе ми ги продолжат заради празниците...цело време сум некако чудно вознемирена а уште не сум ни почнала со стимулациите. Имам чуство на гадење стегање во градниот кош тахикардија ама тоа е од шо мислам што како ќе биде дали ќе изреагирам на терапијата ..но мораме да бидеме позитивни и силни за да на крај завршиме како сите жени борци кои се тука..а знам дека еден ден сите ќе успееме...нека продолжат високите бети и во новата година ❤
Може и временските услови да имаат влијание, деновиве со магла, како нема да те стега, не се оптеретувај, мисли си само на позитивен исход.
За на имунологија ми даде општ матичен со дијагноза стерилитет а и за торч од кај него земав за на микробиологија во Скопје и ги имаат сите реагенси, платив 700ден.Исто и за сопругот земав од општ матичен. Се можат ако сакаат.
Така и правам...се трудам да сум позитивна и да не се замарам со ништо дури на работа сум им чудна бидејќи обично сум брза темпераментна а сега некако се така лежерно си правам хаххах...си го смирувам телото и мислите...се надавам дека се ќе си биде ок...благодарам за подршката
Многу ти е рано .Тоа уште може си бара местенце каде да си се смести да му биде убаво Симптоми не барај исти се со пмс.Ке си направиш тест на 15ти ден од трансфер. И опушти
Mora da se borime, mene ova mi se otkako zavrsiv so terapiite ne deka bev nesto poarna koga gi primav ama sega site me primetuvaat