Хихи, фала ти миличка...Чулте Господ, само со лесно да е ... На Трајковски му посакав да усреќи многу парови, и да има многу успеси и баш беше многу радосен па ајде сега и вие што имате по едно на втора тура бебиња, во новата година ...знам тука негде бевте ти @kukla21 и @pile30 ве гушкам ситее
ми падна огромна тежина. Успешно извршена биопсија на тестис. ТESE извадени 4 одлични сламки Сега се надевам дека ваучерот ке биде одобрен.
Одлично!! Секако ќе биде одобрен штом е ова упешно значи има материјал за оплодување. Ви посакувам среќа и висока бета
Со лесно душо. А каква ви беше дијагнозата за да ви бараат биопсија на тестиси од фонд и каде правевте?
Јас од денес почнувам со суперфакт ..резервите се намалиле уште толку и ќе биде тешко ама морам позитивно да продолжам понатаму..нека ни е со среќа на сите кои ќе започнаме новата година во постапка..
Треба да испратам дополнителни документи за ваучер,може ли некој да ми каже точна адреса или треба да назначам само фонд за здравство скопје.позз
Девојки мои, во пресрет на Новата 2019 година, имам желба да ве поздравам, заедно да ја испратиме старата година, па и доста и’ е веќе... Уште 5 дена и ќе почне новиот календар на нови убави денови, моменти, случувања и радости... За девојките што добија позитивни резултати годинава, честитки и со лесничко до пораѓање, а за нас останатите, Господ да не’ благослови со позитивни резултати, висока бета и бебувчиња во раце! Ве гушкам!
Ти благодарам. Мојот сопруг има параплегија при повреда нема осет нс долните екстремитети има блокада и неможе спермата да излезе. Имавме наод од Плодност хормонски статус и дека треба да се прави тесе. Тоа не ми го признаа ме вратија... побараа спермограм што е невозможен се јавив ја објаснив состојбата... Побараа доказ за неговата состојба. Пратив отпусни листи не помина и со тоа ја побараа биосијата. Еве ја направивме и се надевам ке биде последно.
Со лесничко и успех мила, Новата 2019 година, ќе биде наша година дефинитивно! Те чекаме со убави вести!
Ммм... шо убаво кажано! Убавини и радости да дочекаме сите во Новата 2019 година, слатки бебенца и насмеани обравчиња! Осеќам дека ќе биде весело! Темава ќе врие од прикачени фајлови со две цртки, а и големи цифри за висока бета, една по една ќе одиме во труднички, ама нема да се заборавиме, дружбата продолжува!
.. наскоро ќе ти се придружам јас моментално циклопрогинова пијам... во новата година дајбоже сите со високи бети да добиеме ...