Успешно завршена пункција, извадени 5 фолекули. Докторот рече го добивме максимумот од терапијата Утре чекам да ми се јави биологот, да ми соопшти колку јајце клетки се оформени. Се молам на Бог да ме израдува. Можно е враќањето да биде недела или понеделник, празнично
Колку убави празници ќе си имаш. Ајде со лесно Да ни бидеш една од првите кои во новата година ќе ни се пофалат со две цртки
Епа уште селен и цинк не е лошо да земеш . Овунормот содржи ку10 ама во многу мали дози . Јас би си зела уште малку коензим ку10 одделно . Јас многу убави рез добив со пиење суплементи
Јас сум ти идеален пример за случај со низок АМХ (0,24). Ниту една фолекула на повидок. Почнав со терапијата пред две недели, 6 мерионали во една инекција 5 дена паралелно со Супрефакт. На ехото ми покажа само две фолекули од 10мм, продолживме уште 4 дена со истата терапија. На следното ехо пораснаа двете 14мм и плус две нови, повторно терапија 3 дена и пораснати 6 фолекули. На последното ехо (понеделников) уште 6 мерионали. Вкупно: 78 Мерионали. Сите знаеме дека е тежок патот ама само успорност и трпение треба ( и многууу пари) Мила @Лаура82 можно е, јас сум ти жив пример
Премногу ама како што сакавме да прекинеме после првите 30 мерионали, среќа докторот ми сугерираше да продолжиме. Ако прекиневме ќе се каев за цел живот. На крај знаеме дека се' се заборава
И јас ќе бидам нешто како тебе..кај мене се гледаат по неколку фоликули иако амх ми е 0.07...затоа и др ми препорача и кломифен за да бар нешто намалиме од мерионалите ако има резултат...а од кај ги купуваше мерионалите?
Чепкав по интернет дали од Врање или Солун ама на крај сите ги земав од Дона Фарм - аптеката во Систина
Не најдов за Солун, Врање беше разлика 150ден од 1 Мерионал ама зезнато е што незнаеш колку ќе ти ги продолжат а неможеш голема залиха да земаш многу пари се.