Или вака да прашам: дали има некој со замрзнати ј. к. што сака да ги подари? Би биле бескрајно благодарни. Секое добро
Аи вака кога ќе прочитам, многу се растажувам. Зошто бараш јк да се донираат, кај тебе исцрпени се сите можности? Консултирај повеќе доктори. Многу форумки што мислеле како тебе на крај се усреќиле со свои. Искрено ти посакувам да се израдуваш што побрзо со бебенце.
Пиеш нешто ? И јас сум со високо ФСХ и низок АМХ. Кај кој доктор си ако не е тајна ? Ти има предложено ПРП ? Видов прашуваш за тест на 3ти ден. Ќе сакаш да ни кажеш што точно се случува ? Некако збунка сум од твоиве постови. П.С. Рано ти е за тест.
Тест на 11 ден негативен од крв, ин витро во Ремедика кај Димитров. Две год со Цикло, Овунорм, смокви, витамини и сл. Еднаш бев на следење во Систина, хормоните се високи па не стигнав до ин витро на природен. Никој не се нафаќа на толку низок амх, а Димитров го прашав за рејувенација, ме праша дали имам редовен циклус, а немам зашто сум 2 год на некои хормони и апчиња. Бев и во државна, не знаев како да излезам, докторка помлада од мене рече не знае што да ми каже зашто нема деца она. Тоа би било накратко, фала ти
Ние помисливме дека со твои имаш одено. Што поточно те интересира јас порано многу се распрашував за овој метод скоро и бев спремна да одам со донор. Инаку и квалитетот на ј.клетките на таа жена што ти ги дава е многу битен и треба да ги има сите испитувања посебно генетските направено. Не знам што друго те интересира пиши ако знам ќе ти кажам.
Фала мила, со лесно да си ја износиш бременоста и ти.Дај Боже сите кои се во процедура и сите кои допрва ќе бидат да се израдуваат
Па ги нарачав преку болница, не беа од Мк, сигурно испитале све што треба, ама дур стигнат овде и болницата не знам какви можности има за чување зашто каснеа. А за тој метод можам пак да го прашам др, мада изгледаше незаинтересиран, а изгледа ќе треба и да одморам малку од апчиња па да ги направам сите испитувања пак? Фала на одговорот, и фала на сите, бар имав со кого да поприкажам
И јас бев со високо фсх и низок амх повеќе пати имам пишано. Но ако те интересира нешто повеќе слободно пиши
Ако не ти е проблем можеш ли да ми кажеш колку ве чинеше целиот протокол со се вкупно.И колку јајце клетки доби за се тоа? Може и во л.порака сакам да споредам нешто.