Штом се преку болница испитани се и треба да се квалитетни. Можеби проблемот е во рецептивноста или пак грешката е во терапијата. Дали примаше клексани, кринон, депо. Башка тоа треба да се доволно квалитетни клетки до 5ти ден да се развијат без проблем ме чуди оти викаш на 3ден бил трансферот испаѓа дека не биле сигурни дека ќе се доразвие и не ја оставиле до крај. Колку клетки имаше и колку се оплодија? Моја препорака следен пат пред трансфер да направиш хистеро и скречинг.
Од 3 јк првата не реагираше, втората се развиваше до 3 ден и после не, третата да на 3 ден, ама не ми кажаа зашто не на 5. Докторот ја виде матката и рече дека е супер, друго ништо не предложи.
Следно да ти биде хистеро и скречинг (мислам дека 2во 1 се прави) и смени доктор. Упорно ако не менуваш ништо, а очекуваш друг резултат е лудост. Со среќа
Баш ми е жал за твојата ситуација. Прочитав подолу дека и сега си со донор. Само гласно размислувам, да ти донира некој близок од твоја фамилија ? Сестра, братучетка? Не дај боже ако сега не ти е успешно ивф да направиш една хистероскопија да ја провериш матката и ендометриумот ? Кога веќе си со донаторски дали таму каде што правеше ивф ти препорачаа ПРП на ендометриум ? Зошто ако си во менопауза тогаш следствено на тоа и ендометриумот ти е слаб па шансите за имплантација не се баш најидеални. Многу би сакала да ти помогнам искрено кога и јас би имала јк би ти помогнала, ама за жал и јас војувам за една јк. Слободно ти стојам на располагање за било што, па макар и само да си ја олесниш душата.
Фала ти многу, немам сестра, братучетки исто не ми се блиски, иако тоа прво ми го кажаа во Систина, а сега брзо прочитав дека е подобро да не го знаеш донорот зашто ќе гледаш дали личи и таа исто, нели има и психолошки момент овде, иако јас би била во контакт со неа ради детето. Срце си, се најдобро
Devojki bev kaj Trajkovski primav cikloprogonova nemase folikuli. Potoa klomifen samo eden folikul od 10mm. Primav i 3 dena inekcii bemfola nemase nikakakvo podobruvanje. Trajkovski mi rece da ne si gubam vreme i da odam so donorski jajce kletki. Mi rece jas ne bi rizikuval kaj tebe nejkam da gubis vreme. I sega ne znam sto e pametno dali da odam uste kaj nekoj...
Бидете упорни и трпеливи, ќе дојди успехот. Секоја една од нас оди тежок пат, секој со својата мака. Ќе биде, мора да биде!
Кај тебе ако добро паметам АМХ ти беше скоро на нула. Со Трајковски нема преговори штом така рекол тоа е негов став дека не би продолжил со тебе. Секако си во Њу Борн, оди за мислење кај Тања, прашај конкретно за ПРП на јајниците да видиш што ќе ти каже. Коректни се, нема да ти наплатат за консултација а Тања е многу реален тип на човек па ќе добиеш и убаво објаснување од неа. П.С. пиеш Дхеа? Од се срце ти посакувам да успееш
Малку сум кавгаџиски настроена и ќе ми извиниш што "копам" по болна тема. Како бе тоа не се развиваа ? Како едната не ни почнала другата само до 3 ден а третата ти ја вратиле на трети ден. Какви јк тебе ти продадоа уствари? Некој сноси одоговорност за квалитетот на јк ? Или ај не ти било речено па терај ние ти ги земавме парите. Да си побараш извештај зошто не се развиле "проверено здравите високо вкалитетни јк од донори со проверено медицинско досие". На крајот на краиштата за што даде 3500 евра?!?! Извини те молам извини ама многу сум лута. Да му се вратиш на тој Димитров таму и со полно право да бараш нови 2 јк !!! @Hannah$$$ Да и јас бев кај Трајковски и истото и мене ми го кажа една фоликула 10мм и толку. Си појдов кај Тања и убаво и објаснив, "сакам дете со мои јк ајде да направиме чудо". Пијам ДХЕА и за брзо време имав "одговор" ми се појавија фоликули и растеа за чудо. Направив и ПРП, Тања ми рече дека почнува да му дава големо значење на ПРП зошто често и се покажува како успешно. Со Тања извадивме 4 фоликули пред ПРП за жал со лош квалитет ама затоа сега очекуваме подобрување после ПРП.
Знам, и јас така мислам, ама не даваат гаранција. Ќе ја прашам сестрата во пон. Можда немаат каде да ги чуваат, каснеа со испораката од странство, па јас продолжив со Циклото. Рекоа дека првата не реагирала на спермата на маж ми, а втората зашто не се доразвила не ми кажаа. Во секој случај нема гаранција дека ќе се спојат или ќе измислат нешто. Не сакам да обвинувам, ама не знам дали во другите болници даваат гаранција, Систина мислам исто не дава, а бара 5000.
Јас да не грешам душа ама мене ова со донирани јајце клетки ми е многу сумљиво.Да не прават дубари некои Глупо ми е што помислувам но некако не ми е логично само 3 или 5 да купиш.Сепак за донори се земаат здрави жени кои имаат ј клетки во изобилие.Истите се подложни на безброј испитувања и смеат да бидат донор мислам 2 до 3 пати не повеќе.И таква здрава донорка да извади само 3 јајце клетки е не верувам.Најмалце 7,8 треба да добиеш.Кој знае што прават стварно Ова е мое мислење не ме свакајте грешно.
Не, жените вадат повеќе, ама за 2150 ти добиваш 3, за кои не се знае како ќе се развиваат понатака нели жива клетка.
Навистина жално е што со нашава мака некој бизнис си прави..ама затоа па јас мислам дека Бог ќе не дарува кога тогаш сите до една...