Драги женчиња, ми треба неизмерна помош и совети од вас. Во Неделата правев трансфер а од вчера (5тиден од трансфер) имам симтоми на менструација. Точно, по редовност треба баш овој период да ми дојде. Како за беља вчера малку а еве и сабајлево гледам розево крвче (користам Кринон гел). Може ли некој да ми каже со слично искуство, прво инвитро ми е, збунета сум и незнам зошто мислев дека не треба да ми дојде воопшто месецов, и дека ќе си направам тест на15ти ден од трансферот. Цела вечер не сум спиена од размислување. Многу ми е страв дека е тоа што мислам
И јас имав така ко розевко. Излезе позитивно. Побарај го докторот. Мене ми кажа депо да примам дента.
Малку се регулира и последниов час е ок. Ќе почекам некое време па ако се појави пак ќе го барам. Депо треба во Недела да примам но ако каже денес летам да ме боцнат. Малку и јас се потсмирив, се избезумив савајлево и неспиена плус. А кажи ми има ли реални шанси да е менструација или јас сум во заблуда дека кога си во процес инвитро ако е неуспешно тогаш се одложува за еден месец? Читам по темава и никој не пишал дека му дошло менструација на 5-6 ден од трансфер.
Не е циклус, смири се, нема потреба од паника, и Кринон-гелот знае да предизвика такви реакции, тоа е оскудно во капки, не е циклус и најчесто во ивф-постапка се случува да има такво мало крварење. Башка покриена си со прогестеронска терапија. Стискаме палци за позитивен исход. Уживај си во празниците и мисли си на убави нешта...
Ti kakva metilrana piesh mila? Jas metilirana ja pijam posle glaven obrok zaedno so d3 i k2 vitamini. Ne mi dadoa nekoi posebni nasoki.
Ова ти е обична фолна. На метилирана пишува со ракописни букви мета. @alekce83 најчесто не се добива, ама има случаи и кога добиваат. Нема правила. Јас на 7ми ден имав така и испаничив. Одма на докторот пишав и одма се боцнав депо.