Девојки тие што почнале со микрогинон од кој ден од циклус почнавте да ги пиете и колку дена ги пиевте. Сестрата на Лазаревски ми рече од втор или трет а може и четврт ден, јас планирам од утре да почнам 3 ден ми е. И уште нешто во кој случај се пие микрогинон 2 месеци пред инвитро?
Моите дополнителни исто се пратени по пошта на 27 декември. Се јавив ми рекоа дури после 14 мислам одприлика на крај на месец како имаат комисија зависи.
Јас го пиев микрогинонот со почеток на 2 ден,ги испив сите 21 апче,па добив и продолжив со стимулација.Јас ги пиев за да не ми предизвика стимулацијата хиперстимулација за да ми ги смири малку јајниците.Поздрав и слушај доктор и ти посакувам успех.
Најпрво да ви го честитам празников на сите и да ни се исполнат желбите за бебенце. На сите со позитивна бета им честитам од срце. Имам едно прашање во врска со документите кои се поднесуваат во фондот за ваучер. Имаме проблем со машки стерилитет дијагноза ОЛИГОАСТЕНОТЕРАТОЗООСПЕРМИЈА со нормални сперматозоиди 5%. Скам да ве прашам дали некоја од вас имала слично искуство и дали може со оваа дијагноза да ги поднесам документите без направени инсеминации? Однапред ви благодарам Фала ти најмногу.
Ти благодарам премногу Еве другиве феминки ми дадоа бројче па ќе се јавам утре како ќе кажат така ќе правиме тоа е. Сепак фала многу за информацијата.
Сте имале среќа, ние исто така требаше да направиме инсеминација и ни испаднаа 300.000 нормални спер по свифт ип обработка. Ни пиша Лазарески дека нема доволно материјал, го дадовме во Фондот и ни побараа: ХСГ и уште една инсеминација!!! Замислете! Па приговор, па сега променија уште еден спермограм сакаат. Нема правила, и таму има различни комисии. Многу бевме разочарани и изнервирани.
Jas ne gi prekinav Kardiopirin koga prokrvariv na svoja raka prodolziv da gi pijam iako Dr mi rece da gi prekinam ne gi prekinav oti imam trombofilija I ne se pokajav
Девојки тие што имате испитувано на имунологија за генетски мутации и ХЛА типизација колку време чекавте за резултати? Нас ни рекоа за еден месец до месец ипол резултати.
Девојки, излезе дека неам полип, ама ќе правам хистероскопија со скречинг.. Би ве замолила за искуства Среќен Божиќ на сите
Јас на 10 октомври правев, па секој месец по еден резултат беше готов. Највеќе чекав за ХЛА него го земав последен на 28 декември