Bravooo Cestitkiii poubavi praznici nema Lesna bremenost... i povleci noga vo novava site so pozitivni testovi
Еве денес ги однесов документите па што ќе биде нека биде. А на домашна адреса ќе ме известат дали треба дополнување на документи или ќе ми вртат на моб? А ако ми бараат инсеминации ќе ми стигне дома дека сум одбиена за ваучер и се од ново ќе треба да им носам плус инсеминациите? Фала за инфо
Пред неколку минути напишав мислење во Добар Гинеколог мислам беше, но ќе го копирам и поставам и тука заради тоа што можеби може ќе помогне на некој, а и оваа тема некако е посоодветна за тоа Братучетка ми и мажот и се мачеа да забремени таа околу 5-6 години, еден куп пари испофрлаа, каде се не отидоа и никаде не успеа. А немаа никаков проблем ниту таа ниту тој, а и двајцата имаат по 29-30 години што значи млади се не се во постари години. Таа душичка имаше дури 11 спонтани... се додека не им препорачаа некој доктор во Штип не знам како се вика точно (ако сакате ке ја прашам па ќе ви пишам) и им се фати од прв пат забремени. Еве ја сеа Господ да ги чува бремена е со близначиња веќе 7ми месец Но 6 месеци нема станато од кревет, само до WC и назад, цело време лежи, но што да прави мајчинска љубов е посилна од се
Ако не ти е тешко прашај ја кај кој доктор имаат одено.И ние со сопругот се мачеме скоро 10год. а секаде кај сме оделе ни кажува дека кај двајцата е се во ред а не сме стари 28 и 29 години сме
Јас правев во Ремедика. Дијагностичка хистероскопија и скречинг. После тоа имав успешно инвитро, така да препорачувам.
Да,ќе те информираат по пошта, ама за еден месец ако нема, ѕвони им. Документите ќе ти важат, брисеви - 6 месеци, пап- 1 година... е во случај да застарат, ќе мора да им однесеш тоа што застарело. Прочитај си го и правилникот, и да знаеш со машки фактор под 4% доволно ти е 4Д на матка, не смеат да ти бараат ХСГ. Со среќа нека ви е!
Пентоксифилин не е замена за аспирин.И јас го пиев ми го даваше Ивановски као пред третман дур не забременам .
Претставува лек за подобрување на циркулацијата на крвта низ периферните крвни садови, а со тоа и во рацете и нозете.
Фала многу на информација премногу ми помагате во овие хаотични денови. Хсг направив веќе така да тоа го имам, но хормоните ќе ми застарат за 20дена . Бидејќи деновиве треба да добијам најпаметно ќе биде за секој случај на 3ти ден да си направам пак хормони така?
Ако ти побараат дополнителни документи ќе поднесеш само тоа што ти бараат. Староста се гледа на денот на поднесувањето па нема да мораш да носиш нови. Ама води сметка дека брисевите и хив/сифа за тебе и сопругот и папот ќе ти ги бараат со важечки датум и на ивф. Инаку, не чекај да те побараат барај ги ти, поштата е ужас. Со лесно и со успех да завршиш Ако е Органџиски мислењата се многу поделени. Јас знам многу незадоволни од кај него.
Папот и брисевите ги направивме на 26.12.2018год баш поради таа причина. Во секој случај фала на советот ви посакувам успех на сите до една и што поскоро да се фалиме со II цртички.