Дали имала зафат некој жена ти ? Операција, киретажа, интервенција или било што, што би направило коагулација на крвта ? Дали имате испитувано тромбофилија ? Покачени се ама не е нешто ептен страшно. Ако не сте испитале мутација, на Трасфузиона медицина закажете термин и со време испитајте, ако нема повреди најверојатно се работи за тромбофилија. Ќе си пие Аспиринче, во бременост ќе се боцка со Клексан и нема проблеми.
Здраво девојки, прв пат пишувам на форумов а долго време ве следам како гостин.Веке три години во брак без дечиња.Скоро бев на прва консултација кај спец.Милка Трајанова во државна,дијагноза примарна аменореа,мала матка,мали јајници...единствен спас таа гледа во стимулации со гонадотропини и постојано мирување доколку останам бремена.....сакам да прсшам ако некоја одвас е поупатена да ми појасни,а и за др Милка не е лошо да чујам искуства.
Стимулација како дел од процедура за ивф? Ако е така не знам зошто би мирувала до пункција, ако е за друга процедура не сум упатена. За др јас немам воопшто слушнато може некој од екипава знае. Што и да решиш со лесно и си позитивни резултати
Зависи каква хистероскопија е правено. Ако е дијагностичка не верувам дека покачува д димери а ако е интервенција (полипи септуми) може ама не би требало бидејќи се мали зафати. Д димерите уствари се производ од разградени тромбоцити (најчесто ги има кај раните, нели исеченица па концентрација на крвта со цел да го оздрави болното место) ова лаички го презентирам зошто не сум стручно лице ама во суштина е тоа тоа.
Може, тоа е инвазивна процедура во мала карлица иако ретко но може да даде покачени д- димери и препорака е клексан, сепак тоа докторот кој ве води најдобро знае.
Не рече ништо друго,само единствен спас ми бил во стимулација со гонадотропини боцкање во текот на цела бременост со мирување рече нека направи мажот ти спермограм и дојди на втор ден од циклус.
Колку време не добиваш? И дали имаш хормонален статус направено? Во менопауза си ? Колку години имаш (ако не е тајна). А тоа со мали јајници и мала матка е малку релативно гледиште и за мене викаа дека имам мали јајници додека еден доктор буквало не ми рече "абе ти па едно жениште, па мали ти се јајниците", ако се јајниците продуктивни големината баш и не игра некоја голема улога.
Да не има недоразбирање, да си прашате убаво. Да не треба боцкање за да дојде до бременост, а одмор по бременост ? Тоа е процедурата за подпомогнато или ин вито оплодување.
Сосема сум на почеток во ова, патот ми се гледа многу долг а планината огромна,дај боже барем со сопругот се да е во ред.Ке направи спермограм па ке одам да се разбереме поубаво.Сега кога бев имаше практиканти,се брзаше и не ми посвети мн внимание ама матичнава ја пофали како голем специјалист за мојава проблематика па ке одам пак кај неа.
Имам 33 год,сите хормони ми се ок освен естрогенот, без циклопрогинова немам циклус,кога ги пијам нормално си имам циклус,јајниците се во функција но матката е хипопластична и ендометриумот тенок.
Па добро имаш реален проблем ама не е нерешлив. Само јас би барала решение со доктор за ивф да си фати убаво цела постапка. Штом докторката ти рекла дека со гонадотропи може да се реши, значи не е толку неразвиена матката. Со ок хормони не е толку страшно има решение. Поднеси си документи со време за ивф.
А би можела ли да одам дирекно на инвитро без предходно да правам инсеминации,извинете можеби глупости прашувам но не сум запознаена баш...а за матката ми рекоа незнаат колку би се раширила за време на бременост, можеби доволно а можеби не.
Не, не, не се глупости. Тука не постои глупаво прашање уживај. Трајанова нека ти пише извештај и со таа дијагноза не би требало да ти бараат, само дека хормоните ти се ок, не знам баш дали нема да ти бараат. Најсигурно, со мислењето од Трајанова појди директно во фондот и прашај што се треба да испиташ и доставиш за ваучер.