Ти благодарам за вниманието,јас сум сосема на почеток,ке прашувам овде уште многу хех,ке го чекам спермограмот од мажми па ке одам и кај Трајанова.
Слободно прашувај се, тука иако не сме доктори имаме години и години искуство. Секоја од нас се труди да помогне што повеќе може.
прашував едно време, ама не добив конкретен одговор. Чаре за тенок ендометриум? Како/со што го задебеливте?
Колку ти е тенок ? Можеш природно да јадеш цвекло,смокви,ананас,бадеми и лешници.Се тоа го здебелува ендометриумот.А ако си во постапка може докторот да ти даде естроген хормони.
Го мерат обично после циклусот кога следат фоликули.Најчесто не кажуваат дебелина и дали е тролиниски.Ама можеш да си прашаш
Ако СКОРО е правена некоја инервенција може да е од тоа. Скоро значи пред недела дена најмногу две. Мене ми се покачија д димерите од пункција на јајце клетки и хипер стимулацијата што ја имав потоа, па примав клексани. Ако се покачени "од чиста мира" без никаква интервенција одма консултација со лекар и да се направат неопходните анализи.
Се мери кога одиш на фоликуломертија, обавезно го мерат и ендометриумот. Се мери после циклусот, за време на плодните денови. Ако пред циклус ендометриумот е тенок значи дека циклусот ќе ти биде оскуден, слаб. Ако ендометриумот е тенок за време на плодните денови ја намалува можноста за инплантација.
Да да ова е тоа. @Лаура82 мене сестра ми ми го објаснуваше ова бидејќи нив пред трансфер за ивф им го бараат ова. Во времето на трансфер на ембрион, поволно е да се има ендометриум со дебелина од 7 до 14 mm со конфигурација со тројна линија, што значи дека ендометриумот содржи хиперехоична (обично прикажана како светлина) линија во средина опкружена со уште две хипоехоични (потемни) линии. Знам задолжително и беше правење скречин еден месец пред трансфер.
Можеш одма со ивф на приватно, а преку фонд ќе требаат инсеминации освен ако има некој друг проблем за кој дозволуваат и без нив.
Со господ напред ќе видиме што и како ке биде,инаку сега гледам во извештајот ми пишува утерус во авфл форма со апд 17 мм и ендометриум 7 мм па ако знае некој нека дообјасни
Какви дополнителни документи ти бараа? И мене ми побараа да регулирам тсх и тестостерон, ги средив и им ги пратив по пошта пред 2 недели.Се јавив и ми рекоа после 14ти ке ги разгледуват.Се надевам дека и двете ке добиеме
Дали се наплаќа консултација кај некој од докториве што се наведени во анкетата? И која цена е ехо во Систина и Ремедика?
Ова значи дека имаш правилна форма на матката ама има помал дијаметар. Ендометриумот и не е баш така тенок. На кој ден од циклус ти е извештајов ?
Мене ми бараа документ од специјалист каде пишуваше дека сопругот има параплегија и треба да се прави ивф. А документот беше кај нив... Пак отидов го пуштив е не таков документ сега доказ дека сопеугот има параплегија... Пак го пратив за по две недели да ми стигне да правиме биопсија на тестис. Ајде и биопсијата ја направовме им го пратив по пошта исто пред две недели и мене ми рекоа после 14 па ДАЈ БОЖЕ ДА НИ ОДОБРАТ 3 месеци чекам