Анита ми кажа дека во вторникот требало да оди на контрола и да му кажат кога да се врати на работа. Денеска треба да се слушнам пак со Анита па ќе ми каже кога ќе почне докторот на работа
Ти ке закажеш консултација но во систина ке ти напраат ехо и ке ти наплатат околу 2500 .Во ремедика зависи може да може не а во њу борн се бесплатни .
Консултација во Њу борн не се наплаќа, доколку правиш ехо тогаш 1400 е, најфтини се они...во Систина само за консултација не сум поминувала туку и ехо ми викале да направат и ми наплаќаа 2500, Ремедика искрено не се сеќавам.
И јас чекам ваучер и треба да започнам прво инвитро кај лазаревски.Те молам кажи ми се почнува прво со контрацептивни или одма со терапија.Јас треба да добијам циклус околу 20 ти, а ваучер чекам скоро 2 месеци, се надевам дека ке стаса ваучерот наредна недела па да го фатам овој циклус.
Па незнам ете со секој пациент различно.Мене ми рекоа бесплатно е но јас не ни отидов немаше потреба. Инаку сите инсистираат као да видам јас каква е состојбата на ехо со матката и јајниците и оп 50 евриќа на пулт Барем да беа некои консултации ,него само ке ги ѕирнат испитувањата што ги имаш обично ехо и толку.Ништо посебно внимание не посветуваат или пак јас очрекувам како што јас топло ги пречекувам луѓето со кои работам и настојувам на секој можен начин да им помогнам па очекувам ист третман
Докторот одредува со каков протокол ќе одите, најчесто со долг, почнуваш со контрацептиви од 2,3 или 4-ти ден од циклус, се пијат 21 ден, добиваш циклус и од втор ден почнуваш со стимулации, а меѓувреме (пред стимулациите) почнуваш да се боцкаш со Супрефакт. Стимулациите траат околу 12 дена, потоа пункција и трансфер најчесто на 3-5 ден од оплодувањето. Тоа е во основа. Ако те интересира уше нешо, прашај слободно.
Каде и да отидеш, никој не праи само консултации (99%), туку обавезно ехо и обавезно плаќаш. Што е до некаде и многу нормално. Во Систина плаќаш само прв пат за ехо преглед, после понатака во постапка, за следење/фоликулометрија не. Ова важи и за ивф на приватно. Јас сум плаќала за ехо и по 1280 ден., така нешто беше, а ако е за 4Д и ти извадат снимки, посебно кога е за аплицирање за ваучер, тогаш мислам дека беше 2300 ден. За Систина лично имам впечаток дека се многу фер во тој дел. Ова е лично. За во Њу Борн, бев еднаш поодамна на консултации, ми направија и ехо-преглед и платив, не се сеќавам точно колку, а за сега(инфо од скоро време) ми кажаа дека е 1500 ден. ехо преглед. За во Ремедика, искрено имам заборавено.
Да ти кажам право мене повеќе матката ме загрижува толку мала,некако имам чуство дека и да останам тешко да го доносам така ми кажа и матичната,онака баш дрско рече абе матката ти е ко на десет год.дете каде ке се рсзвива тоа бебе,шо да се мачиш узалуд.
Мила да си направиш ти дијагностичка лапароскопија и ќе имаш комплетна слика за состојбата на јајниците и матката-ќе имаш црно на бело и сигурна слика и дали ќе има потреба од некаква интервенција или не.Матичнава твоја не ме бендисува баш,но твоја одлука.Можеш да направиш и државно со упат и приватно.Гак,чаир,систина,ремедика-кај и да појдеш нема да згрешиш.Ти посакувам успех
1. Матичните се прават дека се’ знаат, а иако се специјалисти по гинекологија и акушерство, не се доволно обучени за оваа проблематика. Не посетуваат семинари, конгреси итн., а и немаат доволно пракса за лечење на стерилитет, туку најчесто водат трудници кои си останале бремени по природен пат, без проблеми. 2. Обавезно земи неколку мислења од специјалисти од оддел за асистирана репродукција. 3. Лаички анализирано, матката е мускул кој се шири како и секој друг мускул, па така и во бременоста е нормално да се шири, од кај знае она колку ќе се прошири, па те депримира од старт. 4. Со позитивна мисла и самодоверба, само напред! Ти посакувам успех.
Ова ми го рече и ендокринологна гак,вика матичната твоја мн знае,нека дава упати за кај треба и нека не свири многу.Ме води од девојче па ја толерирам,можеби нетреба.
Јас го добив ваучерот околу 20 ноември и мислев дека ќе почнеме со наредниот циклус но кога се јавив во систиба сетра Анита ми рече да почнам со микрогинон така било подобро за да се избегне појава на цисти и да се одморат јајниците, па кога требаше да почнам со микрогинон и се јавив пак и ми рече ај не почнувај овој циклус почни од другиот поради ова со докторот и еве сега овој циклус почнав со микрогинон и се надевам наредниот циклус ќе почнеме со постапката
Јас имам комшика која која има две матки .Значи не дворога него две засебни матки .Редок случај но ете постои.Тоа го дозна откако се породи царски со со прво дете.Сега роди и второ без никаков проблем .Значи и нејзе и била мала матката .Ти отиди си кај некој друг доктор да те види за се има решение ,нека не те вади од памет матичната.
Овие се резултатите од трансфузиологија, кажете ми дали треба уште некое испитување или овие се тие што се испитуваат? Јас од форумот ги видов овие и на мое барање гинекологот ми даде упат. Кога ја прашав докторката на трансфузиологија дали треба уште нешто ми рече што пишал гинекологот тоа ќе испитаме а убаво и кажав дека јас ги барав да се направат овие испитувања
Др.Снежана не беше на работа и кај истата таа докторка влегов демек као ја менува мене ми рече "ах па ти според ова што го гледам тука не се мачи од купи си јк", "докторке јас за инсеминација сум", "ах па од каде да знам јас прв пат доаѓаш кај мене не можам сите да ве памтам". Ме разбираш што сакам да ти кажам, нели ?