Фала ти, со микрогинон почнав од 3 ден на циклус од вторникот и денес треба да се слушнам со сестрата од Систина да и кажам дека сум почнала со микрогинон .
Одма да си одиш кај некој од специјалистите за АР, во Систина, Ремедика, Њу Борн, било која од приватните клиники, кај ќе си одлучиш ти.
Јас да се пријавам, почнав со 3 ампули Пурегон...5 дена па на контрола. Се мислам....да не е многу па пак хиперстимулација да ми се направи пошо имам полицистични. Има некоја искуство со стимулација после хиперстимулација? Читам на интернет дека за ПЦОС се почнува со пониски дози...
Не, затоа прашав дали мора дијагноза, бидејќи гледам дека им препишувале некои доктори за подобра циркулација како што разбрав. Јас секогаш имам проблем со задебелување на ендометриумот, па ако помага за прокрвување на матката, да прашам дали може и јас да пијам.
Не би требало да е многу, докторот што те води сигурно имал предвид се’, а целта е да постигнете подобри резултати, повеќе ј.к., за оплодување, па и за замрзнување. Не се мисли, на следното ехо, ќе види како ќе изреагираш на терапијата, па според тоа ќе ја регулира и дозата. Ти посакувам успех!
Тебе треба да те одликуваме за најпозитивен лик на форумот. Браво за секој твој пост и елан кој го вложуваш. Да се враќа дупло за среќа
Ти благодарам мила, за убавите зборови. Дај Боже да успееме сите! Целта и смислата на ова виртуелно дружење е во тоа да си помогнеме една на друга, на темава што не’ мачи сите, па во таа смисла и делувам. Еланот и солидарноста дефинитивно многу помагаат на патов кој шо го одиме и ќе го изодиме до целта-бебувче.
Девојки, пентоксифилин e лек во група на антитромботични лекови. Се користи најчесто за периферна артериска болест, т.е болест на крвните садови на рацете, нозете и мозокот. Директно влијание на ендометриумот индикационо нема, освен со подобрување на циркулацијата да има подобра прокрвареност на матка што пофторно нема директна улога на дебелина на ендометриум. Хормоните делуваат на неговата дебелина. Успешни постапки
Не влијае директно на дебелината на ендометриумот, само на циркулацијата на крвта до периферните крвни садови, посебно до рацете, нозете и мозокот. За задебелување на ендометриумот, јас би одела на природна база, нема штета. Бразилски ореви, бадеми, цвекло, ананас до пункција, кикирики (може и кикирки-путер), јас практикував сок од цвекло, ананас и портокал. Да се воведе и протеинска исхрана (јајца, урда, сурутка, млеко, јогурт, грашак, леќа, бело пилешко и мисиркино месо). Ии, да се контролира вит. Д, доколку има дефицит, мора да се зема во вид на суплементи, затоа што има влијание и врз ендометриумот. Имајте на ум дека и самиот организам, па и ендометриумот не е ист секој циклус.
Девојчиња едно прашање некоја што правела миомектомија или било каква операција на матката. После колку време од операцијата добивте? Дали редовно ви продолжи циклусот или ви каснеше? Мене ми касни, дај кажете, зошто по навика ќе отрчам да купам тест за бременост.
Ќе се дружиме значи И јас сум на Пурегони, а од вчера + и Цетротид субкутано. Утре сум на втора контрола, реагирам одлично засега. Инаку, и јас по 3 дневно ставам. Не сакаше да ме префорсира, вообичаено по 4 ги ставале. Али, секој индивидуално. Ти посакувам среќа!
Девојчиња, вие што сте имале проблем со тироидна жлезда, ве молам да споделите искуство како треба да се третира спуштено ниво на тироксин (т4)? Дали постои терапија? Колку е сериозно?
Супер!! Друшка! Јас понеделник сум на прва контрола...па ќе видиме. Не сум се боцкала до сега со пурегон....со гонал ф добро реагирав...20 јк..не е лошо. Се надевам и сега... Ти посакувам мнооогу среќа!!!
Фала ти многу...да да ќе видиме на контролата...знам дека не треба многу да му ја мислам, ама пусти мозок на се мисли... Ајде ќе биде кај сите...