Ќе биде наредниот пат, нема откажување! Упорноста еден ден ќе ни се исплати Одмори и со нови сили напред! @bela.m убава бројка, сите да се оплодат
Добра бројка, да се оплодат што повеќе и да ни се фалиш со висока бета. Ескимчиња да си имаш за второ бебе.
Ќе биде следниот пат мила, немој да се обесхрабруваш! Борбата продолжува. Бројкава е за машала, сите до една да се оплодат. Со успех! Упорноста ќе се исплати мила, Господ ќе не’ усреќи сите.
Е не е фер....толку се надевав дека ќе имаш висока бета...навистина ми е жал...ама нема откажување ..исплачи се и јас со тебе плачам цел ден ама од утре со нови сили ...те гушкам најсилно мила
Најискрено очекував позитивен тест кај тебе, мила, баш ми е жал. сочувствувам со тебе.... Можам само да замислам колку ти е тешко Не се обесхрабрувај само и не губи надеж, ќе се израдуваш и ти, и сите што сме тука еден ден
@alekce83 многу ми е жал,и јас бев некако сигурна за позитивен тест кај тебе.Ке биде следен пат,сигурна сум.Ескимчиња имаш ли? @bela.m на здравје пункција,сите да се оплодат
Женички споделете искуство со трансфер. Јас конечно си го дочекав мојот ред утре со Господ напред ќе ми ги вратат ескимчињата и многу сум возбудена
Јас лично немам искуство со крио-трансфер, ама овдека има многу успешни приказни со ескимчиња, така што верувај во успех. Ќе пише некоја членка сигурно. Со лесно. Ти посакувам висока бета.
Со успех душо. 5 минути работа и ништо страшно, освен делот кога ти се моча и се стегаш, мислејќи дека баш на боксот кога ќе се качеш ќе го помочаш докторот. Кога се качив на бокс и ми ги покажаа на голем екран еден по еден ембрионите кои ми ги внесуваа, неможам да ви опишам колку убаво ми беше на душата. Беа само точки а бев заљубена како изгледаат Да вроди со успех и позитивно мисли, нонстоп. Нема страв Како да не го сакаш ова?
Ајде утре полно меше и таму да си седат 9 месеци Трансферот е најубавиот дел од целата постапка Ќе следиш се' на екранот, баш убав момент е. После ќе полежиш таму, па си одиш дома.
Ти пуштаме среќа за висока бета...трансферот ќе се одвива мн брзо, ќе полежиш и бегаш дома...само еден совет од мене вода не пиј уште дома кога ќе си, јас секогаш сум почнувала со пиење чим влезам во болницата и на трансферите немав мака со бешиката, доволно ќе ти се две до три чаши ништо повеќе