Едно прашање да прашам, можеби и чудно е, ама може и не е.поискусни сте во овие работи. Нели мене прво инвитро ми беше во Декември, и после трансферот на 5 ти и 12 ти ден ме разбуди во сон силна болка во јајниците. Завршив со биохемиска, добив циклус и се е тоа завршено. Е сега синоќа пак ме разбуди силна болка.ај тогаш велев од хормони ми е.ама сега освен бромергон и вит.Д ништо не пијам. Иста беше болката-остра во јајници и неколку минути траеше.како и тогаш. Јас на 22 ри треба да добијам овој месец па си реков од тоа е, ПМС, но потоа малку се замислив. Имав претходно искуство и со цисти лутеални. Закажав утре попладне преглед на гинеколог. Сонував и сон, безвезе, Бета ХЦГ повторно ми била позитивна, 86 па паднала на 5.знам глупост е ова, подсвесно испливува иако преку ден не го мислам.ама ве прашувам дали по неуспешно инвитро или биохемиска, следниот месец имавте некои чудни симптоми како моите? Претходно имав болки пред да добијам, но не вакви.онака издржливи. Ова беше буквално воздух да неможам да си земам. Се глупирам ли многу? М?
Мене циклусите после неуспешните инвитра секогаш ми биле многу болни, а вообичаено не ни осеќам кога треба да добијам. Дај боже да не израдуваш со некоја позитивна бета. Сеуште си под хормони, чуда се случуваат
Да ви пренесам искуство од позитивно ин-витро. Вода јас не пиев од дома ич. Ама секако сум мочла и додека отидеме за Скопје(за скоро 2часа) јас ќе прснев неможев да издржам многу ми се мокреше. Трчанка влегов во вц и им реков на сестрите јас морам да одам од нив имав одговор "остави малку не се празни до крај". Е сега јас не знам како тоа да оставам до крај едноставно кога ќе почнам неможам да престанам. Додека да ме спремат помина пола саат додека секачам на бокс, а јас без чуство дека ми се мокри. Докторот знаете што ми рече - дека тебе ти е обратна матката подобро што не ти е полна бешиката по нема да се гледа. Е тоа беше олеснување најголемо По 45 мин од трансфер пак ми се приоди и станав и си се измокрив. Инаку на боксот ме плескаа по ногата да се опуштам, знаете како вие мислите опуштени, а уствари не сте треба секое мускулче во телото да го опуштите не знам како да ви објаснам дури и јас мислев дека сум опуштена, ама уствари не бев они ме сетија по стапалото кога бев тотално рекоа а сега е ок.
Главче горе, одиме понатаму, заедно и храбро до бебе❣Знаеме, тешко е, ама на крајот сонце ќе не огрее
Општо трансферот е најубавиот и најлесниот дел од постапката, ко шо ти пишале, не пиј вода од дома, туку пред да влезеш во болницата, опушти се целосно и биди позитивна. Во Систина ставаат Дијазепам, за друга клиника не знам, така да ако те боцнат, дополнително ќе се опуштиш. Со лесно и успех! После неуспешен трансфер, ми се има случено некаде 8 ден од ет, ме разбудија силни болки во матка/јајници и после тоа немав такво нешто, освен повремени краткотрајни боцкања/пецкања во јајниците пред тестот. Но, после тоа наредниот циклус немав такви симптоми/болки. Не се замарај мила, не би требало да има тука нешто симптоматично, освен што може да се работи за пораст на ниво на хормоните од стимулациите додека да си се нормализираат сами по себе, а од друга страна ти посакувам да не’ изненадиш со позитивен резултат по природен пат. Симптомите се релативна работа. Пробај да искулираш!
Знам, не барав симптоми и знам дека се релативна работа.повеќе бев исплашена од болката, затоа барав некој случајно со такви болки.но, се е релативно. Утре ќе видам на гинеколог, бев исплашена утрово и цел ден го мислам
Со успех да финишира постапката! Може и настинка да е, посебно ако си сензитивна на ладно, а и температуриве се ептен минус...
Искрено, јајниците и бешиката се осетливи на ладно. Ако се изложиш подолго време на ладно, (а ние, жените си имаме синдром на ладни нозе) настинката лесно доаѓа.
Откако почнав со циклопрогинова пред супрефактот пијам и фемибион но по препорака од докторката.... ☺
Јас пијам фолна и ц витамин поради анемијата. Веројатно пред да почнам ќе ми кажат што треба. Сега да се надевам дека ќе го довијам ваучерот ❤
Препорачливо е да се пие, но зависи од препораката на докторот и испитувањата. На пример, доколку имаш испитувано мутации на тромбофилија и ако имаш некоја мутација, се пие метил фолат и др. Имаш испитувано нешто?
Да да. И што е најинтересно не ни сеќаваш дека си згрчен, ме плескаа по стапалото сигурно 2-3 пати додека се " научив " како да се опуштам. А штом е згрчено телото згрчена е и матката и таа е мускул и потешко го прима ембриончето. Јас сум згрчена и кога ми се мокри од што се стегам едноставно неможеш да го опуштиш секој мускул ако ти се мокри бидејќи мускул е и почниот меур ќе испадне се од него Така да воопшто не се каам што не отидов со полна бешика. Бешиката е само на докторот да му го олесните патот, а не дека има олеснителна околност ембрионот за да се вгнезди. Поголемо зло е да се стегаш за мокрење, подобро докторот нека со помачи DHEA, Вит. Е,Ц,Цинк,Селен,Магнезиум,Калциум, Фемибион 1. И јас и маж ми (он само Фемибион и Дхеа не)
Не такви работи не сум испитувала. Имам само испитувано крв во Ману и ми е кажано дека имам бета таласемиа (многу слаб хемоглобин имам едвај 100) дали упут треба да си барам од матичен гинеколог
Да, упат од матичен гинеколог за трансфузиологија, ама претходно докторот кој ќе те води за ивф постапката, да ти напише што треба да испиташ и матичниот да ти даде упат, во кој се наведуваат испитувањата кои ќе се вршат.