@emkaemka Немој ни случајно да ти текне да не напуштиш ,не разбрав многу од ова што си го напишала но итно ни требаш тука,инаку идам за Ск и те наогам да ме носиш и мене на еден добар шопинг
Здраво на сите сенадевам ќе ми пружите рака за помош и подршка јас тука сакам прво да го пробијам ледот Меѓу другото еве и нас не очекува на есен ИНФ поради лош спермограм, ова ќе ми биде трето по ред. Едвај чекам да дојде денот, а некако и брзо ми проаѓа времето и паника ме фаќа на моменти. Јас уште пред 2 месеци активно си се спремам за него, чистам организам, здрава исхрана, малку спортување, многу пешачење, ете и на одмор си бевме, па малку сонце, море, плажа, ете сакам овој пат да променам нешто па да успееме. Па еве како прво прашање до вас Сега после одмор треба ли пак да правам брисеви иако пред месец дена беа чисти?????? Чешање, пецкање, бело прање, некоја промена воопшто немам. Но јас сепак на своја рака си ставам Вагисан вагиналети (7дена ќе бидат) и се мијам со Вагисан лусион, ете чисто ко превентива.
Здраво и добредојде @BELUGA1986 ,ги поднесовте ли документите во фондот .Браво за исхраната и пешачењето .Ако си правела пред еден месец брисеви нема потреба зошто пак да ги повторуваш тоа е мое мислење.Јас сум многу против тие работи(лосиони,сапуни...) освен ако не станува збор за некоја дијагноза,но ти немаш проблем како што кажа нема потреба од ништо.Ајде нека кажат и другите мислење.Само ведар дух,убави мисли и сите ке успееме .Имате ли одлучено доктор за инф.
@mimidjon добро те најдов Лусионот го користам од поодамна и ОК ми е, бидејќи порано имав слаб имунитет и се нешто фаќав, од кандида немав раат, и ми го препорача гинекологот и од тогаш сум раат, составен е од камилица, млечна киселина. Документи неподнесуваме бидејќи ќе го правиме на приватно, а инаку сум кај Лазаревски во Систина.
Добредојде @BELUGA1986 и да даде Господ одма да се исчистиш од темава и да се префрлиш на труднички муабети. Јас лично ги имам користено вагисанот вагиналетките и тие се за враќање на нормална ph вредносѕ во матката но и јас некако за лосионот не сум баш за ама ти си го знаеш подобро организмот..ти. Посакувам мн среќа и што побрзо да не израдуваш
I JAS SAKAM DA ZEMAM NESTO ZA IMUNITET AMA NEZNAM STO MENE MATICNATA MI KADZA SAMO FOLNA KISELINA I IMAM ZAKAZENO KAJ PETANOVSKI ZA 27 PA POCETOK SEPTEMVRI KE POCNAM SO PROCEDURATA ZA INVITRO POZ )
Еве ќе изнапишам се што сум пиела за имунитет и што имало некаков ефект Магма, спирулина, свежо цеден сок од цвекло морков јаболко, мед со јаткасти плодови, семе од коприва, аронија, полен, прополис, матична млеч, природни сокови од дренки брусница боровница. Моментално пијам добар ден од горенаведеното, а плус фолна и магнезиум.
@alisijad првиот пат кога го правев имав 26год и немавме мачење што е проблемот, поради X причини веќе знаевме, цела постапка ми беше ко на шала, и никогаш до сега не сум помислила дека му правам мака на организмот, матичниот и Лазаревски ме спремија ТОП, имав школска и уредна бременост, е сега на крајот малку закрчи и породена сум во 32недела и тоа природно во Систина, епидурална ми ставија али не ми фати. Така да јас лошо искуство и мака немам видено од ИНФ. А второво што не бидна мислам дека беше моја вина, бев многу настината и само што се подопоравив правев ИФВ, тврдоглава морало тогаш, а имавме и 3 матурски па јас нели морало да сум присутна пошто забавата нема да почне, и се на се беше осудено на пропаст вака гледајќи од страна.
Не знам, сепак хормоните што ги примаме не се шала реално да збориме. Упатството не го ни читам веќе се препотувам кога ќе ги видам сите тие нус појави Тие постапки, операции не може да не се стресни за организмот. Мене и психички ми влијаеа но добро сите сме различни. Мене Ивановски иако правев инсеминација само сепак примав инекции ми рече жалам што волку млада мора да примаш ама немаме друг избор. Во секој случај е поубаво природно да си бидне. Ама ете кога не бива мораме вака.
Јас копнеам за природно, но ете ако сакав да бидам со овој човек до мене, таа ми беше опцијата. Инаку упатствата мене овој пат ми беа на Грчки и онака само поглед им дадов и во канта. Нус појави има колку сакаш, но нели ние нетреба да мислиме на тоа, јас сум сконцентрирана само на успех, и ич нечитам што се може од лекарствата да ми се случи. А секако дека не се шала, еве после второво ИФВ јајниците едвај ми спласнаа, па некаков чуден исцедок имав, косата почна да ми паѓа, и менструацијата наместо на 28 ден ми доаѓа на 30ти.
Кога спомна за инекцииве, од грција ли ги зимаше? Мене ми кажаа дека во солун биле многу поевтини него тука, па си мислев за нареден пат од таму да земам..даваат ли слободно по аптеките?
Е не од аптеката во Систина ги зедов, и беа од грчки производител, и нели превод на нашки од таму нема, додуше немаше ни на англиски. А незнам дали можеш од Грција да си ги земеш и дали ги даваат.
Ќе покушам. Кринон гелот на пример бил 1200 тука е 2500. А инекциите биле на упола цена, мислам дека имам читано некаде по форумиве дека една женичка купила се од таму и за 600 евра поевтино и испаднало.
istiot e i mojov ama jas mu vikam mora da odis go lazam da vidime dali imas ova ona i odi od starv a inace se sama trcam upati mu vadam i go molam tri dena da otide sto mazi ke bea
Јас си направив семки од тиква несолени и од сончоглед во домашен мед си јадам секој ден,а и смокви суви во маслиново,веќе 20 дена ми стојат.Како беше ви текнува ли колку време треба да стојат??