Девојки ке правам ин витро бидејќи сум со одстранети каналли поради хидросалпинг.Докторот рече дека ни се големи шансите бидејќи другото се беше во ред.Меѓутоа сега кога собирав документи,маж ми направи спермограм и подвижноста беше 30%, а кај нормален спермограм треба да е над 50%.Мислите ли дека ке успееме?
Па вие нели правевте и тесе? колку сламени единици имате смрзнато? Што ви кажаа биолозите? Секако дека ќе успеете
Најверојатно е aстенозооспермија. Не мора да значи дека не може да дојде до оплодување, потребно е да се работи со икси метода заради намалената подвижност. Видете за ова со докторот обавезно. Добро е кога морфологијата е ок, одговара за икси и нема никаков проблем тука. Иначе, секако дека имате шанси за успех. Само позитивно. Кога почнувате?
Се извинувам сум се смешала. Секако ќе биде како што кажа и @Queen8 ќе правите со икси со лесно и со среќа
Да морфилогијата е добра. Па веќе започнав со контрацептивни таблети и најверојатно од нареден циклус со стимулација.Наредна недела сум на контрола.
Девојки кога се поднесуваат документите треба да одат двајцата партнери или можам и сама? Документите оригинал се оставаат, а копии правевте за вас или?? Треба копија од л.к, извод од матилно...?
Заедно одите со сопругот, затоа што има документи кои се потпишуваат од двајцата лично во фондот. Треба копија од здравствените книшки и од картичките од двајцата,од лк од двајцата,и копија од венчаница. Со лесно нека ви е целата постапка.
Ние сме се уште во обид со иуи.Но ако и нареднава е без успех ќе почнеме со собирање документи за ифв, па сакам да прашам каде се поднесуваат документите за ифв,во фондот од каде што сме или треба во фондот во Ск да се поднесат.(бидејќи не сум од Скопје).Извинете на прашањево во почеток сме во оваа па не ни се јасни некој работи.Позз убав ден
Во родниот град во фонд за здравство Носиш оригинални документи , носиш и фотокопија од истите и на нив таму ти удираат печат - веродостојно на оригиналот . Тие копии си остануваат за тебе . Јас секогаш сама сум поднесувала. Сопругот може од дома да се потпише на местата каде што се бара негов потпис .
Не мора двајцата, испринтајте си ги обрасците сами, пополнете и потпишете ги двајцата кај пто треба. Може да ги поднесе и еден од вас, кај нас мм ги носи и нема никаков проблем, зема еден обазец и од кај нив, јас го потпишувам и им го носи.
Девојки, ајде нека започнат позитивни резултати од ивф постапки, некако ми е затишје на темава ептен. Сигурно ова затишје, ќе ни донесе бура од позитивни тестови, висока бета и бебенца во 2019 год.