Здраво пред се среќно со постапката.. Инаку треба двајцата лично да сте во фонд, копија од лична карта од двајцата, копија од крвна група само од женското, копија од здраствена легитимација и извод од венчаница и сите документи во копија им става печат на секој документ за тебе лично останува копијата аза нив оригиналот... Поздрав
Јас бев сама ... бидејки образците од фонд си ги спуштив од страна и потпишавме и пополнивме и немаше проблем никаков... а оргиналите остануваат а копија ти вракаат тебе од документите
Да да имам одобрено ваучер и тебе ќе ти одобрат со затворени туби не се секирј Можиш и сама само потпис од сопругот. Да требаат и копија од лична карта венчаница и за тебе од здраствена книшка првата втората и последната страна копирани а за сопругот само прва и последна
Ако е за прв ваучер, треба се’ тоа што ти пишува на страницата на ФЗОМ, во оригинал, копии за тебе, на кои ти ставаат штембил. Не мора двајцата да одат, ама треба да се потпишани двајцата, мислам на два формулари. Освен медицинската документација во оригинал, потребно е и фотокопија од здравствена легитимација(прва, втора и последна стр.), од л. карта и венчаница.
Многу тивко во темава нешто Дали дека празници Слабо нешто членки кои се во исчекување на позитивен тест ,а ?! Јас и месецов не почнав Таква мрза ме има фатено . Само си одложувам. Ми фуфка Ај ваљда февруари конечно ќе почнам
Опуштено Бубче, не му ја мисли многу. Викај си дека овој пат ќе успее. Кај реши да правиш, кај кој доктор?
Мислам дека од овој месец и на клиника почнаа да го испитуваат . Инаку на приватно најефтино е во Синлаб -4000 ден е тата . Во Систина е 7000+
Затишје пред позитивни тестови ... Нека не ти фуфка баш време е за убави нешта спреми се и шридружи ни се... јас сум во фаза на стимулации...
Јас сум ти ептен чуден и захтевен пациент . Кај Митко сум у Систина. Ама ако правам пункција без анестезија ќе ми ја праве Поповиќ. Се разбравме така . Само да дојдам до пункција на повеќе од три јк Ми се чини на ГАК ,ама јави се и прашај
Во Ремедика, 4000 ден, резултат за неколку часа, само пази дали ќе ти пишат во која вредност е резултатот, мене не ми пишаа, па после им звонев да проверат убаво во која вредност проверуваат, мислам дали беше pl или mg