Мене пријателка ми кажа дека не е лошо и тоа да го имам испитано па бев сабајле да испитам. Па сега чекам резултат
Дали додека сте се бореле/борите со стерилитет своеволно и самоиницијативно сте провериле крв на имунологија ( наследни/генетски болести ) и трансфузиологија ? Дали има потреба од такво нешто, иако до сега ниеден доктор не ме упатил.... и какво мислење имате од свои искуства Владимир Трајковски или Глигор Димитров ?? Фала
Jas ispituvav maticniot gin mi zakaza I za tamu I za tamu inace od Dr trajkovski jas sum prezadovolna normalno oti imav uspesno ivf I imam kerkicka koja uste nekolku denq ke polni dva meseci
Да, најпаметно е пред било што да се почнува, за мирна глава да се испита. Земи си упат од мат. гинеколог за Трансфузиологија и Имунилогија, може и таму да ти објаснат што треба да се испита, но може и докторот кај кој ќе правите ивф, да ти напише што треба да испиташ и за тоа да земеш упат.
Од искуство провери си, и не само имунолошки и генетски,туку и кариотип. Јас со овие испитувања конечно го најдов мојот проблем за неуспешните инвитра и имплантација. Околу докторите секој со своето искуство. Јас 6 години бев кај Димитров ај викам да не мењам доктори, ама воопшто не се погрижи да го најде проблемот.Цело време ме тапшаше по рамо, дека треба да сум среќна што имам многу јајце клетки и ембриони, и дека еден ден ќе успеам.
девојки едно прашање. не знам дали е глупаво или не. ама што мислите, дали има повеќе жени што имаат потешкотии со зачнување или повеќе се тие што немаат никаков проблем и брзо зачнуваат?
Фала, А дали упат да барам за овие испитувања од матичен лекар или матичен гинеколог? И за што се испитува кариотип? И дали само јас треба да се испитам?
Зависи,се е статистика. Повеќе се оние што брзо и без проблем зачнуваат,бар така изгледа. Инаку,од сите континенти,Европа е со најниска стапка на фертилитет,Африка е прва. Ова го дискутирав со специјалистот кој ме води во клиниката,има работено во Кејп Таун... Просечен пар во Европа има секс 2 пати неделно,додека кај афрички пар истиот е практикуван 2 пати дневно
Од матичен гинеколог за трансфузија само за тебе, а за кариотип за двајцата, за маж ти од општ матичен, за тебе или исто од општ матичен(ако сака да ти даде, а со сигурност може) или од мат. гинеколог, ама да земете упати истовремено и да им кажете да ви закажат за ист ден, еден по друг термин. Кариотип се испитува на гинекологија, можело и на педијатрија, но најчесто даваат упати за гинекологија. Со Кариотип се испитуваат хромозомите кај двајцата партнери.
и тоа што викаш... јас немам во моја околина што имал проблем некаков, барем не знам за тоа. сите откако се земале за помалце од година забременувале. откако почнав да читам на форумов уствари сфатив колку мн двојки има што имаат потешкотии. Сега имам благ уплав
Јас познавам многу парови, кои се борат/лечат стерилитет и не ме изненадува веќе. Порано си мислев дека ние спаѓаме во ретката група на луѓе со ваков проблем, но сега веќе не мислам така. Живееме во време на хемија, глобално загадување на планетава, храна набилдана со пестициди и хормони, невидена динамика, стрес на работното место, пороци (цигари. алкохол...), намалена физичка активност, намалено просечно траење и квалитетот на сонот, преголемо зрачење од електронските уреди, телефони и компјутери, намалена забава и релаксација, градење кариера и подоцна (од вообичаеното) стапување во брак, пролонгирано јавување на лекарски преглед и избегнување на соочување со проблемот и шо уште не...., малтене живот ко роботи. Што да очекуваме како резултат на горе наведеното?!?!? Тоа е, софистицираниот начин на живеење си го прави своето. Но, сепак со упорност, воведување и практицирање на здрави навики, суплементи, контрола на стрес и следење на насоки од доктор, ќе успееме сите.
И мене денес ми е 8 ден од трансфер се осеќам како секој момент дека ке ми дојди уште оваа недела и ке видам шо ќе биди ......