Поздрав Бубче, баш е тивко да и јас нешто сум слабо активна додека го чекам ваучерот ангажирана сум со активности само да сменам мисли, да го добијам само и со сета сила идеме напред
Бубце фала многу, уште нешто да те прашам можеби имаш инфо, денеска докторот и рече да прима и клексан да почне сега пред пукција бидејки д-димери му се 695, амаа не знам како иде процедура за рефундирање
Извештај од трансфузиолог (не приватен, само од државна болница) за Клексаните, фискална и сметкопотврда од аптеката каде што ќе ги купите, копија од трансакциска сметка, барање за рефундирање (го има на сајтот на фзо) и потврда од матичниот гинеколог дека ги примила. Се поднесува откако ќе ги прими. Инаку, не верувам дека повеќе од две ќе потроши шишенца Супрефакт, јас едно и пол од прилика потрошив.
треба да чекам да заврши со клексаните значи да ги прима сите и после да поднесеме барање за рефундирање, бидејки ке почне да прима за една недела ама изгледа прво ке земаме 10 комада за почеток па после и другите
Да, прво да ги прими, додадов погоре во коментарот отпосле. Ама прво земете извештај од трансфузиолог, па со извештајот купете си инекции. Матичен гинеколог нека и даде упат кај трансфузиолог, па тој да даде извештај.
Прво со лесно нека ви е целата постапка,и со плод да вроди,за супрефактот не се секирај,ќе ви стигне,и јас мислев дека нема,ама стига. За клексанот,јас поднесувам за рефундација,и јас почнав да се боцкам уште пред трансфер,и ти требаат следниве док.,за во фонд: - извештај од трансфузиологија, во кој е наведено дека треба да се прима клексанот, - првите клексан инекции што ќе ги купите, мора да бидат со датум по извештајот од трансфузија,или од истиот ден, - сметка и сметкопотврда за купените клексане, - Потврда од матичниот гинеколог за бројот на примените клексане инекции, - Копија од трансакциска сметка. Е сега, јас поднесувам на месец ипол за рефундација,и вчера бев да поднесам по втор пат, и ми бараа не доле на шалтер,туку горе каде што ги работат предметите се качив, и ми побараа плус копија од извештајот денот на трансферот,и им го доставив. Инаку да знаеш дека рефундираат 70% од вредноста,и се чека за исплата по 2-3 месеца. Поздрав и секое добро
@korzoo a so suprefaktot po kolku ke se bocka...jas uste se bockam ako mi ostane slobodno ke vi dadam
Прашај да не треба по 2 клексани, вредноста е висока треба да е под 500, посебно ако е покрупна жена ти. Како за пример мене ми беа 320, а примав на 12 часа пред инвитро и после месец ипол минимум. Успешен трансфер имам. После скоро 2 месеци испитав д димери и покажа 230 и ми ги намалија на еден. Инаку за извештај признаваат и од гинеколог специјалист да знаете јас два пати така ги рефундирав ама мора да имате документ од докторот што ви го правел ин витрото дека треба да примате бидејќи специјалистите не сакаат да сносат одговорност дека они не ги препишале. Фискалната, сметкопотврдата , рецептата и извештајот мора да бидат со ист датум, начин на дозирање и назад на рецептата печати со потписи и датуми како ги имате примано. Плус копија од трансакциска треба. Во фондот пополнуваш еден образец и тоа е тоа.
Мене првиот пат,отидов со извештај од специјалист гинеколог кај што го правев трансферот,и затоа што беше во приватна клиника,не ми го признаа,и не ми ги примија документите. Затоа вториот пат,со време си отидов уште пред трансфер на трансфузија(на државно), и немав проблем,со тој извештај.
Да се доизјаснам. Инекциите ги купувам без рецепта, само со извештајот од трансфузиологот. Си носев копии од извештајот, во некои аптеки ми бараа да им оставам за да оправдаат, а оригиналот си го чував. Само потврда од матичниот гинеколог сум поднесувала, на која пишува од кој до кој датум и колку вкупно инекции сум примила. Без рецепта, печати, потписи и датуми за секоја инекција. Не мора инекциите да се купат баш на датумот од извештајот. Два-три дена по земениот извештај купував. Не мора сите наеднаш, може на пр. прво пет, па десет, па пак пет итн., но не смее да се поднесе за повеќе инекции од бројот на инекции запишани во извештајот.
И јас не ги купував сите наеднаш, само ги купував после земање на извештајот. Точно, не мора на рецептите печат и потпис, а може и потврда од општ матичен дека се примени, со хронолошки приказ со датуми и потписи за сите.
јас вчера проверував д-димери и ми се 140 да не ми се многу ниски? Видов дека пишува да се помали од 500 ама не пишува колку помали?
I posle toa ke se bocka... eve jas uste se bockam samo pomalku... no sigg ke i stigne 2 sisenca sleduvaat preku fondot... no ako fali sto ke mi ostane ke vi dadam Каде проверуваше и со упат од матичен или како ?
Имав и јас кафеавкаста еден период, по некое инф беше ова, оскудна, кратка, со дневни улошки минував, само по себе се среди. Ендометриумот секогаш ми бил ОК. @Bubce38 низ годиниве со инвитрава по секое ми се менуваше времето на добивање, јас мислам дека е од стимулациите и хормоните..